|
|
Македонскиот народ треба да изоди долг пат до целосно признавање и членство во ЕУ |
Свекрва Македонскиот народ треба да изоди долг пат до целосно признавање и членство во ЕУ На 9 мај 1945 година нацистичка Германија потпиша капитулација со што официјално заврши Втората светска војна. Денес тој ден се слави како Ден на победата над фашизмот, но и како Ден на Европа, бидејќи на 9 мај 1950 година Роберт Шуман ја објавил декларацијата со кој повикал на воспоставување на нов поредок во кој нема да има место на судири помеѓу европските земји. Меѓутоа, ниту нацизмот и фашизмот исчезнал, ниту судирите меѓу европските земји исчезнаа. По Втората светска војна повеќе европски земји останаа контаминирани од нацисти, а денес нивните синови и внуци кои се наоѓаат на високи позиции се обидуваат да го рехабилитираат фашизмот и личностите виновни за илијадници жртви. Македонија која за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција денес во време на сложена меѓународна ситуација поради војната во Украина, се наоѓа под неподнослив политички притисок од страна на Бугарија, која пак за време на Втората светска војна беше членка на Тројниот пакт и која во 1995 година ги рехабилитира првите луѓе на тогашната фашистичка бугарска влада. Денес, владата на Бугарија се заканува со вето за членство на Македонија во ЕУ ако не се признаат бугарските корени на Македонците, дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект и ако не се направи ревизија на историјата со која се признава дека македонската историја и македонските историски личности се бугарски и дека Бугарија не била окупаторска фашистичка сила во Македонија за време на Втората светска војна туку биле администратори. Ултимативната нецивилизациска и великобугарска политика на Софија кон Скопје ги прави невозможни обидите да се изнајдат решенија меѓу двете земји, што го загрозува мирот во регионот. Имено, Софија ја користи руската воена агресија на Украина и стратегиската положба која ја има на Црното Море, дополнително да ја уценува Македонија со цел да изврши бугаризација на македонскиот народ и евентуално идно припојување на земјата кон Бугарија. Но, кога зборуваме за бугарската шовинистичка политика, никогаш не треба да заборавиме дека за формирањето и спроведувањето на оваа политика како во минатото така и денес голем дел од одговорноста лежи на еден дел на македонската емиграција во Бугарија, како и во одредени елити во земјата. „Како и кај сите други народи, особено македонскиот не е од една легура, туку е составен од разни слоеви, кои се разликуваат не само по материјалните интереси, туку и по нивните политички погледи... Додека широките народни маси продолжија да го следат патот на Гоце и Јане, богатите емигранти на Бугарија и Србија, меѓу другото, и со „трговија “ и со „дело“ ја поддржуваа шовинистичката политика на земјата во која се најдоа. Во својата ненаситна жед за брзо богатење, тие лесно ги менуваа завршетоците на татковските имиња и прекарите. За пари тие можеа да бидат и Бугари и Срби и Грци и Албанци. Само не Македонци, оти немаше кој да им плати за тоа. А борбата сакаше и бараше жртви“. Најжестоки анекционисти кај нас беа збогатените, богатите или Македонците кои трчаат по пари. Навистина, во споредба со широките емигрантски маси, тие беа незначително малцинство, но нивното политичко значење беше многу поголемо... Како трговци, индустријалци, државни добавувачи, министри, пратеници, професори, офицери, новинари, „војводи“, тие добија големо значење за шовинистичката, угнетувачка и великобугарска политика..... Тие ги водеа врховистичките напади против Внатрешната организација, тие го разнесуваа шовинистичкиот бес против малцинствата во Бугарија,... По поделбата се создадоа трите Македонии: Пиринска, Вардарска и Беломорска или Егејска. Но, апетитот на ниту една од балканските династии не бил задоволен и тој водел уште две братоубиствени војни. И конечно се утврди и за последниот политички слепец дека методот на поделба не е во состојба целосно да го реши македонското прашање, дека оваа одлука може да ја донесе само демократијата и федерализмот.“ Истите апетити од минатиот век, кон единствениот слободен дел на македонска територија се чуствуваат и денес. Оние држави кои учествуваа во поделбата и анектираа делови од Македонија во далечната 1913 година денес во време на развиена „демократијата“ го негираат правото на накедонскиот народ на името, историјата, јазикот и културата, и го попречуваат да станат членка на ЕУ. со што ја загрозува иднината на Македонија. Тоа се потомците на истите луѓе кои во минатото повеќе ги љубеле парите од татковината. Светол знак дека има излез од оваа состојба се случи токму на прославата на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа 9 мај 2022 година. Во прав или можеби лош момент, на заседание на Светиот синод на Вселенската патријаршија, на чело со патријархот вселенски г.г. Вартоломеј, донесена е одлуката со која се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Иако прашањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е оставено да зависи од разговорите со Српската православна црква, ова е огромен чекор за идентитетот на македонскиот народ. По повод овој настан и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во коментар на социјалните мрежи ќе истакне дека: „Со ова, тезата на Бугарија за нација од 45 та година од минатиот век паѓа во вода како и тезата за второто бугарско царство на која се темели оспорувањето на македонскиот идентитет и негово асимилирање како бугарски. Прифаќањето на многувековната историја и традиција на Охридската архиепископија е само потврда на македонскиот православен идентитет различен од бугарскиот, српскиот, грчкиот и останатите со кои сега сме во канонско единство...“
Сепак, македонскиот народ треба да изоди долг пат за да се смени јавното мнение кај соседите и до целосно признавање и членство во ЕУ. За тоа и е потребно единство на народот, способна влада за да се справи со проблемите како на внатрепен, така и на надворешен план, а не како оваа владаечка коалиција на СДСМ и ДУИ, која зад себе има низа црни петна. |