Среда, 18 Мај 2022   
Свекрва : Редно е СДС и ДУИ да заминат во опозиција на подолг одмор

1

Навредите и заканите на спикерот Талат Џафери кон вработените во македонското Собрание, отварањето на спомен кулата во чест на борците на ОНА во Слупчане и изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши при посетата на Албанија „јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец, откако беше наречен „македонски министер“, покажува голема фрустрација кај челниците на ДУИ поради можноста од нови предвремени парламентарни избори, одење во опозиција и излегување пред лицето на правдата поради непочитување на законите. Ваквиот однос на претставниците на ДУИ пред можноста од нови парламентарни избори преставува класичен обид да им се додворат на албанското гласачко тело.

Во јавноста деновиве протече снимка од која, според медиумите и сведоците на настанот, се слуша како собранискиот спикер Талат Џафери, поранешниот официр на АРМ и командант Форина на ОНА, како и поранешен министер за одбрана, ги пцуе вработените во македонското Собрание. Тоа е нешто што е недозволено во една европска земја, посебно не во земја претендент за членство во ЕУ. Тоа е нешто поради кое собранискиот спикер треба веднаш да си даде оставка. Но, бес срам и перде, ниту Џафери си дава оставка, ниту тоа го бара премиерот и лидер на СДС Димитар Ковачевски, кој вели дека од снимката не може да се утврди кон кого спикерот се обраќал. Како сите да заборавија дека од нелегални снимки во 2015г. започна хајка и процеси против поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Стравот дека по речиси две децении на власт ДУИ може да замине во опозиција и да останат без „чекмеџето со пари“, без можноста од спроведување „демократија“ на народните пари, ги тера нејзините „безгрешни“ преставници во власта кои никогаш за нишето не одговарале во две децении владеење, да се однесуваат надмено и насилнички, да не ги почитуваат законите на државата, да се борат во име на албанскиот народ само за личните интересите, но и да го исмејуваат и понижуваат македонскиот народ.

Споменикот во Слупчане е типичен пример кога не се почитуваат законите (законот за градба на меморијални споменици). Тој не е симбол кој ги сплотува Македонците и Албанците, туку е ставање сол на незалечената рана од конфликтот од 2001 год. Тој е споменик кој го потсетува македонскиот народ на изгубените животи и на понижувањата кон бранителите (негрижата на државата кон нив), но и на понижувањата кои македонскиот народ мораше да ги проголта под притисок на меѓународната заедница. Тоа е споменик кој ги разделува двете заедници, а не како што вели лидерот на ДУИ Али Ахмети дека ги обединува.

На церемонијата на отварањето на 20 метарскиот споменик во Слупчане покрај лидерот Али Ахмети беше и целото раководство на ДУИ во власта: министерот за економија Крешник Бектеши,  министерот за надворешни работи, Бујар Османи, првиот вицепремиер Артан Груби, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тоа се лица кои веќе се познати по изјави кога требаат пред избори да се додворуваат на Албанците. Првиот пред локалните избори ги предупреди Албанците, за ризикот од тоа да се дозволи Македонци да одлучуваат за „албанскиот град Гостивар“. Другиот пак не сака да го ословуваат како македонски министер, туку како министер на Cеверна Македонија, бидејќи не бил Македонец,  туку Албанец. Третиот кој додека преговара за остранување на ветото за членство на Македонија во ЕУ со Бугарија, повеќе се грижи да агитира за Косово. Четвртиот пак за време на локалните избори го прогласи Кичево за „воен плен од 2001-та година“ и дека таму не доаѓало предвид Македонец да биде градоначалник. И на крај човекот кој ги изгуби нервите во Собранието, по блокадите на опозицијата.

Преставнците на ДУИ прават се за да ги сочуваат свите позиции, а премиерот и лидер на СДС Димитар Ковачевски едноставно нема никаква можност да реагира ни за настанот во Собранието, ниту за сите случувања поврзани со ДУИ. Тој е во сендвич меѓу Али Ахмети и Талат Џафери, што се виде на стадионот во Чаир. Секој потег би бил закана за коалицијата СДС и ДУИ и предвремени избори кои според рејтингот ги носи во опозиција што и двете страни сакаат да го избегнат.

Молчи премиерот, молчи претседателот, молчат македонските институции. Молкот на институциите раководени од коалицијата на власт значи преќутно одобрување на антимакедонската агенда на ДУИ, како и на погубната политика на актуелната власт.

Несправувањето со пандемиската, енергетската, економската и безбедносната криза, ќе ја натера опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да преземе низа мерки против актуелната власт.

Поради „украдената демократија“ и против донесувањето на лоши решенија веќе започнаа блокадите во законодавниот дом, а веќе на 18 јуни се спрема голем народен митинг на кој народот ќе го изрази своето незадоволство од актуелната власт и ќе бара предвремени избори.

Редно е СДС и ДУИ да заминат во опозиција на подолг одмор, зошто од нив државата има само штета. Редно е да дојдат на власт оние кои имаат доверба кај народот и кои знаат и умеат да ја извлечат земјата од криза, предизвикана од прекумерна „демократија’.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.