|
|
Свекрва: Време е да се изврши преиспитување на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија |
Свекрва Во изминатите повеќе децении, Македонија имаше една тешка и црна судбина така што нејзиното име стана синоним во политичкиот речник на Европа за сурово страдање, жестоки судири и крвави борби. Македонското прашање беше едно од главните и постојани причинители за многу меѓународни спорови на Балканот и во Европа, извор на опасни конфликти и сериозни грижи. Тоа се должеше, како што е познато, дека на самата Македонија, нејзиниот народ, ѝ се ускратуваше правото да биде господар на сопствената судбина, додека соседите на Макелонпија постојано и бескомпромисно меѓусебно се расправаа, пред сè повторно.поради нивните претензии кон Македонија или кон делови од неа. Ова е несреќното минато, кое не многу изменето ни денес. Но каква се идните перспективи за Македонија, со оглед на големите промени што воената агресија на Русија во Украина ги носи во Европа, Балканот и светот, тешко може да се предвиди! Не може повеќе да биде исто. За овие прашања, ќе се обидеме да фрлиме малку светлина овде и да ги опишеме, колку што е можно во моментов. За таа цел, потребно е за секоја балканска земја посебно да се следат промените што се случија во неа, како резултат на последните настани, како во нејзиниот внатрешен политички систем, така и во однос на надворешната политика и ориентација. . Бугарија, освен еден период по Втората светска војна, никогаш не раскина со минатото. Иако е членка на ЕУ и НАТО, таа продолжи да го сонува Санстефанскиот сон, во кој дел од Македонија е во склоп на Бугарија, како и верувањето дека Македонците има бугарски корени, а македонскиот јазик е западно бугарски дијалект. Враќањето на Софија кон великобугарскиот шовинизам од почетокот на минатиот век, уцените на Бугарија со вето за влез на Македонија во ЕУ доколку Македонците не ги прифати бугарските корени, заедничката историја и не се откаже од својот иденттет, јазик и култура, преставува свртување кон реакционерните, антинародни, но и кон рускиот режим, кои имаат за цел да ја попречат интеграцијата не само на Македонија, туку и на државите од Западен Балкан во ЕУ. Во однос на ветото за членство на Македонија во ЕУ, доколку Скопје не ги прифати бугарските барања, Бугарија се потпира на зацртаните великобугарски политики на Бугарската академија на науките (БАН) и бугарското Собрание. Меѓутоа ваквата политика е спротивна на интересите на САД, ЕУ и НАТО, кои за да ја спречиат пенетрацијата на Русија, сакаат брза интеграција на Западен Балкан. Бугарија пак го држи факелот кој може да го запали балканското буре барут и да го пренасочи вниманието, силите и капацитетите на НАТО од Руско-Украинскиот конфликт на Балканот. Реакционерните бугарски кругови ја користат секоја прилика и мислат дека со индиректна помош на Москва можат да го остварат Санстефанскиот сон. Тие притоа забораваат на историските пики од минатото, на двете балкански и светски војни, дека лесно можат повеќе да изгубат отколку да добијат. Тие никогаш не успеале целосно, ниту ќе можат да ги бугаризираат Македонците, ниту да го спречат зближувањето и разбирањето на балканските народи, ниту пак нивната соработка во остварувањето на нивниот идеал – влез во ЕУ. Евроинтеграцискиот идеал го споделув и членка на НАТО Албанија, која кон ЕУ чекори заедно во пакет со Македонија. Меѓутоа, поради бугарската блокада на Македонија и Албанија е блокирана. Засега Тирана се солидаризира со Скопје, но ќе дојде време кога поради западниот сосед веќе не ќе може да чека и ќе побара издвојување од пакетот, со што блокадата ќе стане безбедносно прашање. Како да забораваме на латентентниот великоалбански шовинизам, кој засега е контролиран од заедничкиот стратешки партенер - САД, Од друга страна во Србија, која не е членка на НАТО, но се стреми да стане членка на ЕУ, како да исчезна великосрпскиот шовинизам, кој видно беше присутен по распадот на СФР Југославија. Увидувајќи дека со заеднички сили можат да ги надминат проблемите, денес Белград, за разлика од Софија покажува вистински братски однос кон македонскиот народ. За време на пандемијата, тие беа првите кои на македонскиот народ им пружија поддржка – отварајќи ги ширум вратите на своите здраствени установи за вакцинација на македонските граѓани, како и донирање на вакцини за да можат народот да се вакцинира во земјата. Исто така, Белград беше оној добар брат кој ни даде масло за јадење во моментите кога рафтовите во самопослугите беа празни. А деновите пак бевме сведоци како по одлуката на Светиот Синод на Вселенската патријаршија со која Македонската православна црква – Охридска Аехиепископија беше призната за канонска и Соборот на Српската православна црква го прифати општопризнатиот канонски статус на МПЦ-ОА, по што беа одржани заеднички литургии во Белград и Скопје. Се очекува набрзо и добивање на томосот за абтокефалност на МПЦ - ОА. Тој може да биде доделен од Цариград, но најдобро е тоа да го направи СПЦ. Меѓутоа. стално постои некакво прашање за кое обичниот граѓанин нема одговор. Што ќе се случи ако тоа биде позврзано со барање до Скопје за повлекувањето на признавањето на Косово!? Тоа сигурно дополнително би ги усложнило односите на Балканот. Грција која е членка на ЕУ и НАТО е четвртата држава која учествуваше во поделбата на Македонија во 1913 година во Букерешт. По Преспанскиот договор од јуни 2018 година, Грција наводно не го спречува евроинтегративниот процес на Македонија. Меѓутоа иако таа речиси нема ништо реализирано од договорот, постојано бара Македонија да го спроведе договореното. Јасно е дека великогрчкиот и великобугарскиот шовинизам никогаш не престанал. Поради тоа што Атина и Софија држат големи делови од македонската етничка и географска територија ( Егејска и Пиринска Македонија), тие и ден денес соработуваат заедно со што го попречуваат евроинтехрацискиот пат на земјата. Но тоа тие не би можеле сами да го прават ако зад нив не биле оние земји кои ги формирале, ги поддржувале, а ја поддржале поделбата на Македонија. Во тој контекст ќе го спомнеме фактот за ангажман на британските војници во грчките настани пред крајот на Втората светска војна. „Овој ангажман беше толку голем што ... на 10 април 1945 година, во една статија во Тајмс, неговиот дописник од Атина, меѓу другото, напиша: „Британските трупи се збунети од фактот што се назначени да дејствуваат како локална власт и дистрибутивни агенти за производи. меѓу грчките села, кога во исто време можат да се на пат кон Берлин“. Очигледно е дека за некои големи сили, особено состојбата во Егејска Македонија била поважна од она што се случувало во Хитлеровата Германија. Како во минатото, така и денес на западните сили Грција им била поважна од Македонија. Исто така и денес Грција зазема важно место во НАТО, поради војната во Украина и однесувањето на Турција. Грчкиот остров Крит е вистински носач на авиони од каде САД и НАТО го контролираат Средоземното море. Оттука нејзе се и се може, па и да не ги исполнува обврските од договорот. Денес кога многу од земјите членки на НАТО и ЕУ ги преиспитуваат заедничките одлуки во врска со воената агресија на Русија во Украина, во време кога не се исполнуваат ветувањата за членство на земјата во ЕУ, време е Македонија да се праша до каде ќе оди со остапки и што понатаму. Ако е видливо дека Бугарија и Грција не ги почитуваат договорите, а некој постојано поставува нови барања, време е да се изврши преиспитување на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија! |