Среда, 25 Мај 2022   
ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ОД ВРЕМЕТО НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ И ДЕНЕС

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

 „Оставив род и татковина... за светите отци“ е интимно духовно сведоштво за родољубието на словенските македонски браќа од Солун, Кирил и Методиј. Овој став запишан во Службата на Св. Методиј е искрена одбрана на црковното просветителство со кое тој и неговиот брат Кирил ќе спроведуваат и обезбедат величествен историски легитимитет на сесловенската црковна писменост и словено-македонското јазично единство преку Библијата. Нивното христијанско мисионерство се одвива во непријателска средина на тогашна Римо-католичка Европа, каде била дозволена црковна проповед само преку латинскиот, еврејскиот и грчкиот јазик. По неполни 7 века, 1492, и Кристофер Колумбо е испратен од Шпанија да води кампања на христијанизација во двете Америки, но методите на тие мисии вклучувале крвави пресметки со домородното население и негов, непризнаен, геноцид.  

За разлика од инквизицијата во Шпанија, и претходните грчки, бугарски и српски средновековни територијални промени и црковни доминации и дискриминации, Христијанското мисионерство на браќата Кирил и Методиј и нивните ученици, останува да биде единствен пример на врвни Христијански доблести и човекољубие во Европа. Македонските просветители Кирил и Методиј ја промовираат Православното учење меѓу словенските народи и Источното Римско царство, Византија (основано 11 мај 330 година и укинато 1453 година, со падот на Константинопол под Османлиска власт).

Мисијата на православните просветители Кирил и Методиј за словенските народи и Европа од 9-ти век, може да се одреди и како интелектуално движење еднакво значајна со црковно идеолошкото и културолошко движење на Ренесансата наречено хуманизам. Со разлика што Источното Православно Христијанство останува похумано и побогоцентрично од Западното Римо-католичко, тогаш и особено денес. 

„Хуманистичките“ теологии на ренесансната култура, во Италија и Западна Европа, во 14-ти век ќе постанат хибриди на римски и грчки пагански идеали мутирани во христијански доктрини на западната црковна филозофија. Во 9-ти век, кога северната територија на Европа војува и со продорот на паганските Викинзи од денешна Шведска, Норвешка и Данска, а Балканот привидно се смирува по агресијата на бугарските и другите племиња од Азиските степи, границите и демографијата на средна и источна Европа трпат сеуште диви промени.

Во таквата сеуште нецивилизирана Европа, просветителската мисија на браќата Кирил и Методиј успева да се докаже како прво обединувачко движење во духовната култура на словенските народи и генијот на Руската интелектуална величина. За да ги претстават вредностите на Христијанското учење пред Папската црква, Германите и Франките, за да добијат право да ги проповедаат светите книги меѓу словенските народи од Европа, светите браќа Кирил и Методиј постапиле по примерот на Исус и апостолите. Го оставаат својот род, својот македонски народ, својот роден град Солун, и се впуштаат по неодени и непријателски патишта низ сеуште варварска Европа. Осум века по првата христијанска црква во Македонија основана од библискиот просветител Св. Павле, словенските браќа ја носат свеста за својот патриотски идентитет на словенски македонци кои ја шират светата и светла дејност: спознавање на вистината за светот и животот преку божествено инспирираната историја преку библиски настани, ликови и вредности.  

Браќата Кирил и Методиј постанале Новозаветна корекција на стереотипот на Старозаветните Каин и Авел. Еден со друг – заедно, посветени на словенските народи и нивните права на изучување, толкување, преведување, ширење и праведно спроведување на духовните, моралните и световните закони за човекољубие, соработка, развој и слобода на мислење и изразување. Величествените Македонски браќа, денес прифатени за заштитници на Европа, постанаа херои-мисионери кои воделе духовна борба за признавање на словенската вероисповест на постоечкиот старомакедонски јазик, дотогаш неприфатен од црквата, а денес неприфаќан од Европската заедница на народи.  

Иако никогаш не стапнале на територијата на тогашна Бугарија, словенските македонски браќа ги христијанизирале и хуманизирале и Бугарите. Но, Кирил и Методиј не сонувале тогаш дека денес Бугарската државна и црковна политика ќе биде еден од неколкуте најбескрупулозни негатори и фалсификатори на вистината за световната и црковната историја на Македонскиот народ. Сепак, денес постојат милијарди податоци во прилог на одбраната на Македонија. Ниту античкото македонско наследство е исклучително право на Грција, ниту бугарските хегемонистички и денационализаторски конструкти имаат одржливо право да ја негираат и отфрлаат Македонија, како што пред 11 века Римската Католичка Европа го оспорувала старо словенскиот јазик и Православната вера. Кирил и Методиј нив им ги носеле на дар од Македонија како културни, црковни, јазични, книжевни, материјални и духовни содржини од европска Македонија во минатото, како што тоа и’ го даваат на европска Македонија денес.

И во 9-ти како и во 21-ви век, Кирил и Методиј се слават за промотори на легитимниот јазик на Македонците, и за симболи на солидарност и единство со Словенските и Западно европските цркви. Кирил и Методиј и денес се современо значајни и потребни во одбрана на Европските вредности. Од Православното Христијанство (1-ви век, 54-та година, со мисиите на Св. Павле во Македонија), до Римо-Католичкото христијанство од 4-ти век, и потоа, Западна Европа знаела да диктира и да ги подвојува и геополитички ригидно да ги конфронтира народите, кралствата и државите, за жал како и денес. Останува верата. Верувањето дека постојаните промени во световните и верските борби за превласт, преку вето, анатема, блокада, современа инквизиција - нема да оживеат како анахронични атавизми или бустер дози на недобрососедски игри со мирот и менаџирањето на геополитички агенди за и против одредени народи, јазици, култури и културни наследства, како Македонските. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.