Среда, 08 Јуни 2022   
Македонското име никогаш нема да исчезне!

1

Македонското име никогаш нема да исчезне!

Деновиве на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи во Скопје престојуваше во дводневна посета шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска. Двата шефови на дипломатии зад затворени врати имаа работни состаноци за отворените билатерални прашања – остранување на ветото на Бугарија за членство на Македонија во ЕУ.

Софија вели дека кревањето на ветото во јуни зависи од Македонија. Тоа значи дека земјата  ако сака во ЕУ мора да прифати барањата на Бугарија со кои македонскиот народ треба да се обезличи. Со бугаризација  треба еднаш за секогаш да се затвори македонското прашање, кое неочекувано повторно се појави на европската политичка сцена по распадот на Југославија,

Се започна во 1992 година, кога на иницијатива на Грција, Советот на Европската заедница под Португалско претседателство ја донесе Лисабонската декларација, со кое се побара од Република Македонија да прифати име кое не содржи терминот Македонија. Три децении потоа, откако со Преспанскиот договор од 2018 година земјата го смени името во Северна Македонија, сега со уцени за вето за влез во ЕУ, Софија бара Бугарите од Македонија да влезат во Уставот како државотворен народ, потоа да прифатат дека македонскиот народ има бугарски корени, дека неговата историја почнува од 1944 година и дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект.

Ваквото однесување на Софија не би било можно без таа земја да има поддршка на земји членки на ЕУ и Грција, која заедно со Бугарија, Србија и Албанија анектираа делови од географската и етничката територија на Македонија во 1913 година. Но целосно разнебитување на македонската држава не би било можно без помош на домашните соработници од редовите на владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ.

Во мај 2017 година, по дадените гаранции, лидерот на СДСМ Зоран Заев го доби мандатот да состави влада. За пет години практикување на власт СДСМ и ДУИ направија пустош во земјата.  Сега екс премиерот и тогашен лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој се колнеше дека нема да го даде името, ни го донесе Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Законот за употреба за јазиците, за кои лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека заедно со Охридскиот договор биле нивните црвени линии.

Но токму со нив Македонија е обезличена и деводено е во прашање опстаникот на македонскиот народ. Рамковниот договор во 2001 година, Законот за територијалната поделба од 2004 година, Законот за употреба на јазиците (албанскиот) од 2018 година, како и уставните промени со кои е сменето името и се поништени придобивките од АСНОМ, меѓудругото ги постави условите за масовно иселување на македонската младина и асимилација на македонскиот народ кој опстанал во земјата, Лошите антинационални политики од страна на коалицијата на власт СДСМ и ДУИ ја доведе македонската држава на пат целосно да исчезне.

Поради промената на името без согласност на јавноста, македонскиот народ денес нема доверба во власта и разговорите кои ги водат министрите на Македонија и Бугарија. Тие се свесни дека може да се случи уште едно предаство на националните интереси, на што наведуваат некои изјави. Имено и покрај барањата кои задираат во македонскиот идентитет, Генчовска „очекува Македонија да започне да го исполнува Договорот (за добрососедство) и да ги вклучи Бугарите во Уставот на земјата, а за тоа наводно добила ветување од министерот Османи дека наскоро ќе има предлози од македонска страна за исполнување на тие гаранции. Сепак, како што вели, тоа не е доволно да се крене ветото. За било какво решение треба да одлучи Националното собрание“.

При едни такви условувања, од Османи се може да се очекува, дури и гаранции дека ќе бидат исполнети сите барања на Софија. По искуството со промена со името и со таков спикер на Собранието, сосема е јасно дека СДСМ о ДУИ можат на сила да спроведат секаква одлука во македонското собрание, за да ги задоволат своите лични интереси.. А што се однесува до македонскиот народ  постои сомнеж дека него лесно ќе го замолкнат со неконтролираната инфлација и превисоките цени. Едноставно со празен стомак не се мисли!

Иако може да биде меч со две оштрици, прекинувањето на старите и непреземањето на нови антикризни мерки на владата на СДСМ и ДУИ за да се спречи драстичниот скок на цените на прехранбените  производи и енергенците, никако не може, а да не се протолкува како обид да го свртат вниманието на Македонците од шокот кој може да следи по договорот со Бугарија.

.

Настаните од Украина треба да ни бидат вистинска поука, Денес кога гледаме како земјите членки на ЕУ и НАТО се разединети по Украинското прашање, како ја доведуваат во прашање иднината на евроатланската алијанса и целовитоста на Украина, Македонија треба внимателно да чекори. Не смее да дозволи да биде монета за поткусурување. Дури ако треба да ја вратиме назад топката која ни е фрлена во нашето двориште. Има што да бараме од соседот.

Македонија мора да опстане. Македонија и македонското име се вечни и никој нема право на неа освен Македонците. 

Свекрва                                               

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.