Среда, 15 Јуни 2022   
Свекрва : Да им ја вратиме бомбата фрлена во македонскиот двор!

1

Распарчувањето на етничката и географска територија на Македонија во 1913 година помеѓу Србија, Грција, Бугарија и Албанија е историски факт, но и фактор за дестабилизација на регионот до ден денешен.

Нерешеното македонско прашање доведе до војни на почетокот на 19 век. Сто години потоа, поради негирање на македонскиот народ, неговиот јазик и историја, кој во меѓувреме во Вардарскиот (српски) дел на Македонија го оствари вековниот сон за своја независна држава, може да биде причина за нова дестабилизација на Балканот.

Софија се заканува со вето за почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ, доколку не се прифатат нејзините барања: Бугарите во Македонија да влезат во Уставот како државотворен народ, Македонците да прифатат дека имаат бугарски корени, македонскиот јазик дека е западнобугарски дијалект и дека историјата до 1944 година е заедничка, односно бугарска: Тие преставуваат вистионска бомба која Софија ја фрли во македонскиот двор.

Прифаќањето на овие барања се смрт за македонскиот народ и македонската држава. Речиси да нема сосед кој не сонува на сметка на Македонија формирање на голема држава. Некои како Бугарија тоа го прават отворено, а некој во подзатскриена форма. Само одвреме на време ќе се појави блесок на нивните соништа. Така на пример, албанскиот премиер Еди Рама неодамна во Солун се „пошегува“ со македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој го нарече „иден премиер на Западна Бугарија“. Со тоа несвесно не потсети на неговата креација Тиранската платформа, која Зоран Заев ја прифати, а со која се поткопа унитарноста на Македонија  

Наместо избраните чувари да ја заштитат Македонија, тие се смеат и забавуваат на ваквите несолени шеги. И додека хиените се обидуваат да откинат парчиња од болната македонска држава, овие чувари немаат ниту малку сили и ниту знаење да ја извршат задача која народот и ја доверил. Едноставно тие треба да си заминат што побргу и на нивно место треба да дојдат споссобни кадри за да се спаси државата, оставена како аманет од нашите претци.      

Спасот не можеме да го бараме во ЕУ и НАТО, бидејќи воената агресија на Москва во Украина ги покажа нивните слабости, ЕУ покажа големо лицемерие и неединство, а различните интереси на земјите членки, гломазноста и неможноста за навремено реагирање ја доведе во прашање проширувањето и нејзината иднина, а со тоа и иднината на Македонија и Западен Балкан. Токму војната во Украина треба да ни ги отвори очите на сите за да сфатиме дека треба да се свртиме кон самите себе, оти ако не знаеме како се чува суверенитетот и идентитетот едноставно ќе исчезнеме. Повторно ќе бидеме робови во нечии туѓи бели дворови.

Во услови кога во Брисел се размислува за преструктирање на ЕУ и НАТО, кое можеби ќе трае со години, во време кога силата не ги почитува законите, кога е загрозена сувереноста на земјата, Македонија мора да размислува за алтернатива, па ако треба дури и фрлената бомба во македонскиот двор да му ја врати на главите на оние од каде што дошла.

Едноставно Македонија треба да престане да моли, треба сама да се грижи за себе и да се развива. Треба да си го врати името и знамето, и да чека еден ден други да ја молат да биде членка на ЕУ. Замислете тогаш за влез во ЕУ Македонија да поставува услови, особено кон Грција и Бугарија, кон оние кои денес и го оспоруваат правото на името, идентитетот, историјата и јазикот.

Можеби денес ова изгледа како научнофантастичен филм. Но зошто да не почнеме да размислуваме поинаку, на пример како Израелците, да се почитуваме прво самите себе, да ја направиме Македонија рај на земјата и еден ден кога ќе побараат да го направме следното:

Всушност, иако Македонија нема проблем со влегувањето на Бугарите од Македонија во македонскиот Устав, заради заштита на националните интереси треба за влез во ЕУ да побара реципроцитет од Софија, односно исполнување на следните услови:

  1.       Македонците  да влезат во Уставот на Бугарија како државотворен народ,
  2.       Бугарите да прифатат дека имаат македонски корени,
  3.       Бугарите да прифатат дека бугарскиот јазик е источен дијалект на македонскиот јазик, 
  4.       Пиринска или Источна Македонија да добие културна автономија,
  5.       Македонците во Бугарија да можат да учат македонски јазик и македонска историја,
  6.       Софија  да се извини за сите несреќи кои ги задесија Македонците за време на воената агресија на Бугарија во Македонија во текот на двете балкански и двете светска војна.
  7.       Бугарија да плати репарации за штетите напшравени во Македонија за време на последната војна
  8.       Бугарија да му се извини на Еврејската заедница во Македонија за 7148 Евреи кои беа испратени од Македонија во логорот на смртта во Треблинка, а за кои наплатувала по 300 марки по глава од нацистичка Германија.
  9.       Бугарија ако го нема направено досега да и врати на Еврејската заедница повеќе од 16,5 милиони долари за имотот одземен од Евреите депортирани од Македонија, Тие средства се од Евреите кои биле приморувани да го продават имотот и парите да ги уплатуваат на сметка на Комитетот за еврејски прашања при тогашната Народна банка на Бугарија на конто број 544.
  10.    Бугарија да го врати културното наследство кое му припаѓа на Македонија, а кое го однела на “„чување“ во Софија за време на војните меѓу кои се: скапоцената круна на св, Климент, златна маска од Требеништа, бројни икони и ракописи земени од македонските цркви и манастири и.т.н.

По одлуката за признавање на Вселенската патријаршија на Охридската архиепископија за богослужбено и канонско единство, како и по одржувањето на зедничка богослужба во Вселенската патријаршија на Патријархот Вартоломеј и архиепископот Г.Г. Стефан, кој литургијата ја водеше на македонски јазик, а на која присуствуше и македонска владина делегација предводена од премиерот на Македонија или како Рама вели иден премиер на „Западна Бугарија“ г. Ковачевски, редно е тој да ја побара круната и жезлото на Св. Климент која бугарската армија го одзеде од македонскиот народ во Охрид во 1916 година и ги чува во тајните депоа во Софија.

Ако Софија се сложи да го врати она што и припаѓа на Охридската архиепископија и кое е културното наследство на Македонија, тоа може да биде акт на добра воља и еден чекор повеќе за полесно да се надминат сите меѓусебни недоразбирања, со што се создаваат добри услови за заедничко кохабитирање и полесно надминување на проблемите кои му престојат на Балканот.

Замислете каква реакција би била од Софија на вакви барања. Чиста научна фантастика. Сите се свесни  дека ваква уцена од Македонија никогаш нема да се случи. Но ако еден ден, надворешен фактор побара такво нешто, не би сакале да бидеме во кожата на бугарскиот народ и да видиме како се понижува, бидејќо низ истото сме поминале и сме близок братски народ на Бугарите, во чија земја во минатото нашле засолниште, дом и работа многу Македонци. Ние не скакме да присвојуваме ништо што му припаѓа на бугарското културно наследство, но исто бараме да не се посега по македонското. Едноставно може да продолжиме заедно само ако го оставите на мир нашиот идентитет, јазик и историјата, со меѓусобно признавање и почитување.  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.