|
|
Со поделбата на Македонија му се нанесе тежок и судбоносен удар на македонскиот народ |
Тихомир Каранфилов : Павел Делирадев: „Со поделбата на Македонија му се нанесе тежок и судбоносен удар на македонскиот народ.“ „Ако војната по форма и внатрешна суштина навистина беше „ослободителна“, можеше да помине и без неа, бидејќи Турција за да ја избегне, ќе прифатеше Македонија да стане независна административна и политичка единица со или без формален турски суверенитет.Но, ниту еден од балканските цареви а кралеви не мислеа на слободата на македонскиот роб за која народите можеа и навистина се бореа. Затоа „ослободителната“ војна веднаш и автоматски стана увертира за нови крвави војни меѓу балканските народи: 1913, 1915-17, 1940-44 г.“ – пишува Павел Делирадев во текстот „Поделбата на Македонија како историски факт и фактор“, објавен во „Македонска мисла“ во 1945 година. Во 1945 година, Делирадев како помошник уредник во месечното списание „Македонска мисла“, орган на Македонскиот научен институт во Софија, објавил труд под наслов „Поделбата на Македонија како историски факт и фактор“ (Македонска мисъл, кн. 3-4, год. 1, 1945). На почетокот тој говори за основата на проблемите на Македонецот кои ги лоцира кон крајот на XIX век, кога е создадено т.н. македонско прашање. Говорејќи за перипетиите низ кои поминува македонската револуционерна организација и македонскиот народ во периодот од Првата балканска до Вирата светска војна Делирадев ќе напише: „. ВМОРО за време на својата политичка ренесанса се изјасни против националните аспирации на балканските династии и влади и жестоко се бореше против „врховизмот“ на Софија, Атина, Белград, ...никогаш не заборавајќи ја својата главна задача: борбата за автономна слобода на целиот македонски народ без разлика на племенското потекло. Најголемата манифестација на самостојната борба за чисто македонски цели е Илинденското востание во 1903 година, прогласено за државен празник на федеративна Македонија. Но, во животот не секогаш преовладува вистинската идеја, не секогаш вистинскиот поглед победува. А Македонија знае за многу перипетии во својата судбина. Во 1912 година, во името на „слободата“ беше жртвувана целовитоста на Македонија, а парчиња од нејзиното живо тело беа припоени кон соседните балкански држави. Водена под знакот на „национално обединување“ и од послободољубиви и помодерни држави против полуфеудална Турција, балканската војна од многумина (од некои кругови сосема искрено) е опишана за прогресивна војна. Но кон тие изјави можат да не доведат само формалнате и надворешни, а не вистинските у скриените поводи за таа војна. И ако во нашите оценки ги ставиме на прво место интересите на македонскиот народ и Македонија како географска целина, ќе дојдеме до сосема спротивен заклучок: со поделбата на Македонија му се нанесе тежок и судбоносен удар на македонскиот народ како географски и историски заокружена целина. Ако војната по форма и внатрешна суштина навистина беше „ослободителна“, можеше да помине и без неа, бидејќи Турција за да ја избегне, ќе прифатеше Македонија да стане независна административна и политичка единица со или без формален турски суверенитет. Но, ниту еден од балканските цареви а кралеви не мислеа на слободата на македонскиот роб за која народите можеа и навистина се бореа. Затоа „ослободителната“ војна веднаш и автоматски стана увертира за нови крвави војни меѓу балканските народи: 1913, 1915-17, 1940-44 г. Во 1912 година ние не ја видовме големината, која што провејуваше во говорот на кнезот Горчаков или во приказните на Гурко, Скобелев и Столетов дека во војната ја бараа само слободата на братскиот бугарски народ. И многу природно. Пакосниот врховизам на одделни земја (Бугарија, Србија или Грција) не можеше, од фокусот на неговата согласност (Балканскиот договор за поделба на Македонија) да стане нејзина спротивност – во прогресивна и слободољубива сила со поблаги за балканските народи (во таа смисла вклучително и македонските) последици. Врховизмот, во каква форма и да се појави - како изолирана акција и како глутница, од кралеви или кралски орудија, отсекогаш бил пакостен и таков ќе остане. Но и по поделбата на македонскиот народ и расфрлањето на неговите парчиња живот под различни политички услови, знамето на борбата за слобода и национална независност не беше скршено и отфрлено како застарена работа. Македонските револуционери, во кој сектор и да се најдоа, ја продолжија борбата под новите политичко-социјални услови и нема да се откажат од неа додека возвишените идеали на Гоце Делчев, Јане Сандански и Димо х. Димов не се остварат. Другото би било плачот на Еремија. Плач против историската судбина. Останатите борци во Пиринска Македонија, предводени од Јане Сандански и Д. Х. Димов, повторно ја подигна борбената парола: „Враќање во автономија!“ и ги приклучија нивните напори на борбата на прогресивна и борбена Бугарија; старите и новите борци во Вардарска Македонија влегоа во жестока борба против кралскиот и големосрпскиот шовинизам за национална независност и широка политичка слобода и решително ги поддржаа херојските борби на ослободителното движење на чело со храбриот народен маршал Тито, а борците во Егејска Македонија ја засилија борбата на грчките кадри против фашистичката тиранија, која продолжува да беснее и по кршењето на 'рбетот на светскиот фашизам. Само жалните треперења на врховизмот застанаа на страната на опскурантизмот (мракобесие – н.з) и станаа инструменти за убивање на чесните и напредни синови на боречка Македонија. Иако формално распарчено, македонското движење и сега, како и во минатото, е на чело на борбата против балканскиот опскурантизам и жива врска меѓу балканските народи. Федералната идеја, на која отсекогаш и служела, денес е уште една витална идеја која продолжува да работи за разбирање и обединување на вредните и борбени балкански народи. Како целина, Македонија не можеше да се задржи на историската сцена и да послужи како врска и спојка меѓу соседните народи. Но, и поделена, нејзиното федерално и обединувачко влијание не е помало и послабо. Згора на тоа, нејзиниот внатрешен афинитет, нејзината потрага по единство, сега врви на поширок пат; Македонија ќе го добие своето единство заедно со федерацијата на балканските народи. Преку федерацијата ќе се реализира другата историска задача на народноослободителните движења: националното единство како културен и прогресивен фактор. Само една витална и историски оправдана општествена струја, како што е македонското ослободително движење, може да ги следи овие кривулести и бурни патишта. Во оваа смисла, насловот на оваа статија треба да се разбере: - Распарчувањето на Македонија како историски факт и фактор. Ова значи да ја грабнете бомбата фрлена во вашите редови и да ја фрлите врз главите на вашите противници. Тоа значи и: да ги координирате методите на вашата борба со дијалектиката, со постојано променливите историски услови.“ (крај) |