Среда, 22 Јуни 2022   
Свекрва : Во име на народот, одете си во мир!!!

287071250 10209788228378770 4361805475998465090 n

Свекрва : Во име на народот, одете си во мир!!! 

Народот бара предвремени парламентарни избори, а СДСМ го игнорира!

На 18 јуни 2022 година, повеќе од 70.000 луѓе од сите делови на државата, без разлика на партиска, етничка или верска определба, протестираа пред владата на Македонија. Предводени од ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, народот порача дека е доста од владеењето на СДСМ и ДУИ и побара одржување на предвремени парламентарни избори со цел да се смени и казни оваа ненародна и предавничка власт.

Никогаш до сега се нема собрано толку многу народ на едно место за да го изрази своето чувство, освен кога беа објавени резултатите  од референдум за осамостојување одржан на 8 септамври 1991 година. Ако тогаш со радост беше прославено осамостојувањето на Македонија, сега на 18-ти јуни 2022 година, осрамотениот и осиромашен народ ги изрази својот гнев кон власта која неможе и незнае да се справи со кризите и да ги сочува националните интереси.

Народот побара предвремени избори, но власта за жал тоа го игнорира, доведувајќи ја состојбата до вжештување. Наместо да го послуша својот народ, без срам и перде го минимизираше присуството на граѓаните на протестот од над 70.000 на само 15.000 луѓе и рече дека нема намера да си замине се до редовните парламентарни избори во 2024 година.

Таквата дрскост, која несомнено е поддржана од надвор, а со цел оваа власт до крај да ги изврши барањата на Бугарија, кои наместо членство во ЕУ ќе доведат покрај албанизација на земјата и до бугаризација на македонскиот народ, а потоа без разлика дали сме членка на НАТО или ќе доведе до поделба на земјата меѓу Албанија и Бугарија.

На овој начин, како и нацистите во II светска војна, ќе биде избришан цел еден народ и ќе се затвори македонското прашање. Од друга страна територијата на Македонија ќе се употреби како монета за поткусурување за остапките на Албанците на Косово, за смирување на Србија, и за зачувување на стратешките земји Бугарија и Грција кои излегуваат на Црно и Егејско море.

Меѓутоа, големите сили како да се заборавиле на историското искуство дека токму тие со нивниот кризен менаџмент и мешање во внатрешните работи на балканските земји наместо да ги решаваат ги потикнуваа етничките судири, а со нивниот етнички инжинеринг, поврзан со замена на територии, го направија Балканот уште понестабилен. Тој е буре барут, кое ако се потпали тешко дека ќе го изгаснат, а јабана ќе оди не само Балканот, туку цела Европа, ако не и цел свет.

Тие одамна го поставија фитилот во БиХ, Србија, Косово и Македонија, држави на линија на огнот. Така Србите и Хрватите од БиХ сакаат со своите територии да се припојат кон матичните држави. Србите пак на Косово сакаат да се припојат кон Србија, а Албанците од Јужна Србија (Прешево, Медвеџе и Бујановац) да се припојат кон Косово.

Слично е со Албанците во Македонија, кои гледаат кон Тирана. И не случајно за време на конфликтот во Македонија во 2001 година, беше пласирана идејата на членови на МАНУ за размена на територии и население. Тогаш беше понудено Тетово, Гостивар и Дебар да им се даде на Албанците во замена на територија во Преспа.

Ваквите проекти се опасни и не можат да бидат контролирани. По војната на Косово во 1999 година, тоа најдобро го покажа сегашната војна во Украина. Тоа  докажаа дека големите сили веќе не го почитуваат правото и дека со сила ќе се менуваат границите, дека ќе има нова поделба на зони на влијанија, при што ќе исчезнат малите народи и нивните држави.

Оттука се стравувањата дека обидот на Франција да го реши Македонско-Бугарскиот спор со застанување на страната на својата членка, ќе биде на штета на македонскиот народ и ќе ги усложни работите, зголемувајќи ја тензиите меѓу двата народа. Но стравот е уште поголем дека поради сервилноста на македонските власти чија кичма е свиткана до земја, како и нејзината неспосбност да се носи со проблемите, овие односи можат да излезат надвор од контрола.

Македонците, се мирољубив народ и тешко се придвижуваат. Но кога ќе станат, барем оние што останаа во земјата, тие застануваат на вистинската страна, Борбата може да биде разновидна од протести, опструкции на институциите, па и до преземање на радикални методи.

Народот кога тогаш ќе дојде по свое. Затоа е подобро сегашната квинслишка власт да си замине со време, додека народот не се радикализира,

Народот ви вели: Одете си! Доста е!

Одете си и не дозволувајте заради лични и туѓи интереси, народот да се закрви. Не го игнорирајте народот и не дозволувајте да се повторат сликите од шарената револуција, сликите од запалената канцеларија на тогашниот претседател или сликите од нешто пострашно!!  

Во име на народот, одете си во мир!!!

Свекрва

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.