|
|
МОНСТРУОЗНО СЦЕНАРИО ЗА БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА |
(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 175) 1. Монструозното сценарио за бришење на македонската нација од лицето на планетата земја, на кое може да му позавиди и самиот Адолф Хитлер, како да го доживува својот климакс!? Франција, осведочен спонзор на грчките и бугарските фашизоидни настојувања да ги асимилираат македонците што по Балканските војни (1912-1913) останаa во нивните границии, сега повторно - по кој знае кој пат - се истакна како главна перјаница на антимакедонизмот со таканаречениот француски предлог за надминување на ветото што го наметна Бугарија за почетокот на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. Франција, неможејки да се ослободи од комплексот на некогашна величина (!?) на колонијална сила лансира некаков си предлог во којшто бесрамно и бескруполозно ги вгради бугарските фашизоидни ставови, негирања и похлепа кон се што е македонско (што ни го крадат континуирано, особено последниве век и половина) и го понуди на разгледување на останатите 26 членки на ЕЅ на разгледување, иако француските дипломати во Брисел ниту потврдувааат, а ниту негираат дека сепак се работи за официјален француски предлог! Врв на француската ароганција секако преставува и сознанието дека во францускиот предлог за преговарачката рамка со Македонија се инкорпорирани дури записниците на проблематичната меѓувладина "историска комисија" (кои не се ни усвоени ниту од самите комисии од двете страни!!!) што е ми се чини без преседан во светската дипломатија!? Со други зборови, званичен Париз со комплекс на голема колонијална сила од 19от век (небаре се работи за Судан или други земји што ги окупираа и каде извршија невидени злосторства над локалното население) злоупотребувајки ја својата влијателна позиција во ЕУ, многу дирекно им се намета на останатите членки во Унијата со диктат за којшто и владата на Илинденска б.б. треба да се изјасни во стилот "земи или остави" (take it, or leave it). И сега на што сме? Факт е дека со потенцијалите со коишто располагаме, но - за жал и со поданичката влада во Скoпjе - спремна да прифати се што ни наметнуваат странците само за да опстане на власт и да може да краде на тендери, да граба пари од Буџетот на сите можни начини, се соочуваме со два крупни проблема - грчкото анимално спорење на самото постоење на македонската нација и на бугарските кражби и присвојувања на нашено минато, сегашност, па дури и иднина! Од времето уште на римјаните позната е стратегијата дека е невозможно истовремено успешно да се бориш на два фронта: "Ниту Херкул не може истовремено против двајца" (Nic Hercules contra duo). А ако цениме дека Бугарија е сепак послаб противник во споредба со Грција, тогај предлагам прво да се сконцентрираме на проблемот што го создаде источниот сосед. Конкретно, предлагам веднаш да го одбиеме таканаречениот француски предлог и тоа со сериозни - научно поткрепени аргументи за неприфаливоста на тезите пласирани во него! А можеби не е лошо да примениме и малку "шок терапија" (за да ги размрдаме духовите во Брисел и во европските метрополи), со тоа што ке ги прогласиме фашизоидните екстремисти - европратениците Ковачев, Џамбаски и оној Каракачанов, за непожелни личности (persona non grata) за влез во Македонија!? Meрката секако нема да биде популарна, тоа го знам, но барем ќе предизвика реакција во Брисел и дополнителен мотив многу посериозно и поодговорно да му се пријде на проблемот што го создаде и создава и нам, но и ним (на ЕУ) - Бугарија, но и тие што стојат зад неа! Иако некои провладини медиуми во Македонија упорно наметнуваат теза дека бугарската блокада е резултат на некакво, наводно, руското влијание и интереси, што не исклучувам како можност (но сепак немам некои опипливи докази), сепак упорно тврдам (а тоа и го имам напишано повеке пати до сега во моите колумни) дека зад овие случувања се грчките интереси и нивната опсесија да присвојуваат се што има бренд "Македонија", "македонска", или "македонско"!!! Но грците се вешти византијци (што би рекол нашиот Глигор Прличев "Лицем светци, срцем влци"): пред нас и пред меѓународната јавност глумат доброчинители, а зад грб ни копаат г..б. Тоа многу јасно го покажа и нивниот министер за надворешни работи Никос Коѕиас при неодамнешната посета на Скопје кога изјави дека Македонија треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Но истиот тој Коѕиас при превземањето на функцијата министер за надворешни работи многу јасно се легитимира на кои позиции е со изјавата: "Ќе ги примораме скопјаните да се откажат од македонизмот низ процесот на преговорите за членство во ЕУ". Појасно од ова - здравје! До моментот кога го пишувам овој прилог реакциите на членките на ЕУ на францускиот предлог не се јавно искажани. Но енигма е и реакцијата на македонската влада, иако протекуваат и поединечни ставови за можно отфрлање на француската иницијатива. На владата на Илинденска б.б. не може да и се верува и доколку сепак се одлучи да го подржи француското сценарио - катастрофално за македонските интереси, тоа треба да биде сигнал за сите нас кои и мислиме добро на оваа земја и народ, да излеземе на улиците на протести, се до нејзиното конечно паѓање и организирање на предвремени избори на кои народот ќе го каже своето, а не некоја корумпирана врхушка на власт. М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |