Македонија на уште една историска пресвртница
Прифаќањето на предлогот ќе значи дека македонскиот народ е слабак, дека е неспособен за натпревар на меѓународната сцена, дека нема капацитет да си ги одбрани достоинството, државата и националноста и дека навистина не заслужува да постои на мапата на народите. Имено, во поројот од дипломатски нејасни реченици се кријат неброени опасности од предлози, кои ако се прифатат, ќе значат почеток на крајот на македонската самостојна историја, на идентитетот, јазикот и писмото. Ќе се отвори процесот на бугаризација и асимилација на новите македонски поколенија, со крајна цел Македонија и како територија, еден убав ден, да биде составен дел на Бугарија. Низ текстот на Македонците им се нудат прашањата колку се подготвени да жртвуваат од својот национален идентитет, од својата историја, јазик и писмо, колку се подготвени да ги предадат во рацете на Бугарија својата независност, суверенитет, слобода, демократија и национална гордост
На прва помисла не изгледа логично, но по темелна анализа на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија може да се заклучи дека можеби е добар за државата, но е катастрофален за Македонците во неа. Имено, предлогот го подотвора патот за членство на Македонија во Европската Унија во некоја далечна неизвесна иднина. Тоа е единственото добро. Недобро е што ја затвора вратата за Македонците како народ, тамошните предлози нив ги водат кон бездната од која нема излегување. Во поројот од дипломатски нејасни реченици се кријат неброени опасности од предлози, кои ако се прифатат, ќе значат почеток на крајот на македонската самостојна историја, на идентитетот, јазикот и писмото. Ќе се отвори процесот на бугаризација и асимилација на новите македонски поколенија, со крајна цел Македонија и како територија, еден убав ден, да биде составен дел на Бугарија. Низ текстот на Македонците им се нудат прашањата колку се подготвени да жртвуваат од својот национален идентитет, од својата историја, јазик и писмо, колку се подготвени да ги предадат во рацете на Бугарија својата независност, суверенитет, слобода, демократија и национална гордост. За жал, лидерите на Европската Унија како да го поддржуваат тој пеколен план, а тоа го потврдуваат со прифаќањето на францускиот предлог. Европската понудена обланда однадвор гледано можеби е слатка, но самиот колач има горчлив вкус. Семето на злото посеано со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија сега ги дава отровните плодови завиени во европски целофан. Агресија врз македонскиот идентитет
Превземено до Нова Македонија
|