Среда, 29 Јуни 2022   
Манојил Мане Јаковлески - ЕУ повторно го покажа своето лицемерие

 

1mane 11

Дали вреди да се влезе во ЕУ ако таа е неправедна и ги прекршува своите принципи!?

Додека Украина и Молдавија добија статус на  кандидати без било какви услови,  Македонија повторно доби тешки услови. По Грција која бараше промена на името, сега за кревање на ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ, Бугарија бара во преговарачката рамка за Македонија да бидат вметнати идентитеските прашања јазикот, идентитетот и историјата.

Апсурдот да биде поголем е што Украина доби кандидатски статус иако е во војна со својот сосед и никој не знае што ќе биде со неа, а Македонија која е под политичка агресија од Бугарија, не може да започне преговори за членство во ЕУ?

Ваквиот пристап на ЕУ кон Македонија, како и кон другите држави од т.н. Западен Балкан, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои исто така ништо не добија, иако со години исполнуваат разни услови, говори за тоа дека заедницата кон која тежнееме ги изгуби своите принципи и ги изгуби своите вредности.

Едноставно европските вредности прво беа киднапирани од Грција, а сега од Бугарија, и ако вака продолжи можеби ќе се јави друга Грција или друга Бугарија што предизвикува негативна слика за ЕУ и го зголемува евроскептицизмот во земјата. Народот не само во Македонија туку и во т.н. Западен Балкан веќе се прашува што сака Брисел и дали вреди да се влезе во ЕУ ако таа е неправедна и постојано ги прекршува своите принципи.

Брисел не сака да ја види оваа реаланост со погрешните политики и мисли дека може до бескрај да ги уценува балканските држави кои тежнеат да станат членки на ЕУ.

Имено на Самитот во Брисел на 17 декември 2005 година Република Македонија се стекна со статус земја кандидат за членство во ЕУ. По речиси 16-17 години Македонија сеуште нема добиено датум за почеток на преговори. Тоа е голема неправда со оглед на тоа што Молдавија и Украина, која е во војна, добија статус на  кандидати без било какви услови!, а спорот со Бугарија која го оспорува идентитетот на Македонците е спротивно на европските критериуми.

Невкусно е однесувањето на ЕУ која на Македонија и задава такви услови кои никој жив не би ги прифатил. Таков е Францускиот предлог, што значи дека македонскиот народ треба да прифати барања од Софија што би значило самоубиство за Македонците. Односно ЕУ заради својата членка Бугарија, бара од македонскиот народ да се бугаризира

Едуард Џозеф, еден од подобрите познавачи на политиките на Балканоти предавач на Меѓународните студии Џонс Хопкинс, како што пренесуваат медиумите, смета дека „пристапот на Бугарија кон Македонија е сличен како тој на Русија кон Украина, само што нема воена агресија.“

Дали тоа значи дека Македонија треба да започне војна со соседите за да ги врати окупираните делови од етничката и географска територија  на Македонија, за да може македонскиот народ да добие датум за праговори!?  Дали тоа значи дека со предлогот на Франција на македонскиот народ му се дава пример и му посочува што треба да направи и како треба да се жртвува ако сака да биде членка на ЕУ!?

Во ред Македонците, а богами и другите балкански народи (Србите, Хрватите, Црногорците, Бошњаците Албанците,...), можат да поднесат уште една војна, во режија на меѓународната заедница, но дали ЕУ и светот може?

Војната во Украина мириса на Трета светска војна, но вистинскиот почеток на Третата светска војна ќе биде ако се запали искрата меѓу Македонија и Бугарија.

Зарем светот заборави на Првата светска војна, зарем заборави на Македонскиот (Солунски) фронт?.

НИЕ Македонците, се залагаме за пристапување на Република Македонија во ЕУ, но, само со почитување на европските вредности и сувереното право на државата да си го определи својот национален идентитет!

Дојде часот кога секој Македонец треба да застане во првите редови во одбрана на идентитетот, јазикот, во одбрана на демократијата, за да ја зачуваме слободата и да не станеме граѓани од втор ред во својата земја.

Македонските политичари без разлика дали се од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ сложно на ЕУ да им кажат: ДОСТА НЕ‘ ЛАЖЕТЕ !

И на крај пост на Тања Каракамишева на ФБ:

Уште еднаш ЈАСНО И ГЛАСНО!

Меѓународното и европското право СЕ МРТВИ во случајот со Македонија!

Пред наши очи се случува КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД НА МАКЕДОНЦИТЕ од страна на ЕУ!

Сведоци сме на геноцид и етноцид од најмизерен вид!

Прекин на преговорите со ЕУ под вакви фашизоидни услови!

Ова не е демократија!

Ова не е владеење на право!

Ова не се човекови слободи и права!

ОВА Е ХОРОР!!!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.