|
|
ЖЕШКА МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА ПРОЛЕТ СРЕДЕ ПЕКОЛНО ЛЕТО |
(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 177) 1 На Македонија сосема извесно и претстои многу жешко политичко лето! Не само заради високите температури кои, според најавите, ќе се качуваат дури и над 40от Целзиусови степени, туку заради прометејските маки и исусовските икушенија со коишто се соочуваме како држава и нација. Од саботата (18ти јуни) пред владата секојдневно се собира многуилјаден народ од целата земја за да го искаже својот гнев и револт за најновото садистичко подметнување што настојува да ни го направи Европската Унија со таканаречениот Француски предлог, а со цел да се презентираат бугарските налудничави барања и севозможни отстапки што се бараат од Реблика Македонија како услов - демек за да сме можеле да почнеме да преговараме за членство во ЕУ. А тие преговори (ако воопшто и почнат еден ден), уште сега се знае, ќе бидат прикаска без крај (neverending story). Главниот проблем сепак не го гледам во Брисел, туку - за жал, овде, дома, бидејки на сите нивоа на власта владее таков хаос што човек тешко може да следи кој на која позиција е и кој што подржува или не подржува од таканаречениот француски предлог. Лицето Пендаровски (демек шефот на државата) се пофали дека зборел со францускиот претседател Макрон (на самитот на НАТО неодамна во Мадрид) кој, наводно му рекол, дека неговата дипломатија понудила "модифициран" предлог којшто - според него - бил прифатлив за Македонија. Лицето Бујар Османи, на функција министер за надворешни работи, во негов стил, ултимативно, демек контроверзниот предлог можела да го прифати владата, без да консултира ниту Собранието на РМ, ниту научната или широката јавност!? Па дури во "шарпланински" (УЧК) манир се закани дека ако не се прифати предлогот може да дојде до дестабилизација на Македонија!? А пак лицето Димитар Ковачевски, кој како престолонаслегник го замени лицето ЗЗ на позицијата премиер, е погалантен во понудата, вети дека ќе овозможел "широка распра за да се чуело мислењето на сите заинтересирани страни". Работите во Македонија се случуваат и се менуваат со филмска брзина и многу неизвесно е што ќе биде епилогот од ова зло што ни се случува, но што НЕ Е СЛУЧАЈНО! Тврдам дека сите овие дешавки се само сегменти или епизоди од големото сценарио чија цел е разнебитување на Македонската нација и нејзиното елиминирање од списокот на нации на планетата земја!!! Сценариото е обмислувано до најситен детал од длабоката држава и од оваа, но и од онаа страна на Атлантикот, на порачка од нашите соседи и со помош дури и на некои наши "стратегиски" партнери!? Сите зла, неправди, омаловажувања, негирања, и "Шарената револуција" и таканаречената Тиранска платформа, и промената на името на земјата и уставот, лажираниот попис минатата година, како и овие негации на јазикот, идентитетот, историјата, што ни се случуваа изминативе десетина и повеќе години, а кулуминација е контроверзниот и над се штетниот француски предлог, тоа се детали од сценариото на длабоката држава чија крајна цел е елиминирање на македонците како нација. Некои наши соседи едноставно не можат да се помират со фактот дека на планетата земја постои нација што се нарекува М А К Е Д О Н Ц И!!! А процесот на ништење на таа нација го остваруваат во фази, со помош на измеќари како Франција, ЕУ и длабоката држава од обете страни на Атлантикот. Но народот го свати ова подло сценарио кое ни се случува и благодарејки на домашните слуги на ѓаволот и платеници и веќе четири вечери масовно излегува на протести пред зградата на владата. Ѕвезда на протестот во понеделникот (4 јули) секако беше Ламбе Алабаковски (тој го запали таканаречениот бугарски културен центар Иван Михајлов во Битола) кој откога ја испеа македонската химна јавно го запали пред илјадниот народ таканаречениот француски предлог. Револтираниот народ ги проби бариккадите, фрлаа јајца и тоалетна хатија, но - на среќа, до инцидент со полицијата не дојде. Во вторникот во Скопје допатува шефот на Советот на ЕУ Шарл Мишел да ги убедува скептиците (!) од помалите партии во владината коалиција, но тој најсериозна шанса гледа во Собранието на РМ каде владеачкото мнозинство ги има потребните 61 гласови и се надева дека на тој начин ќе може да го протне за нас неприфатливиот франсуцки предлог. А спикерот Талат Џафери (наче дезертер од поранешната ЈНА со чин мајор и еден од командантите на злосторничката УЧК) веќе најави седница на парламентот до крајот на оваа недела играјки на картата на мнозинството пратенички гласови за подршка на иницијативата. Но, како и да е, ни Собранието не е помоќно од гласот на народот којшто деновиве покажа одлучност да се спротивстави на обидот за бугаизација на Македонија и ништење на македонската нација, јазик, историја и култура. М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР И АМБАСАДОР |