|
|
Александар Џеповски : Уставот на Македонија е пазар или клозет па кој стигне да се празни? |
Тоа го наметнува СДС и го спроведува толку доследно и со голем кеиф така да на крај останува само да се види колку другата страна што се насладува и празни така мераклиски ... колку ќе плати ? Колку да не е без ич а воедно евроатланските жигола и мецени да не тапнат по рамо. Колку народи треба да влезат во уставот кога само нели со едно име може сите сите да се опфатат, како граѓани или други. Што ако Ескимите, Патагонците и сите Африканци, Азијати, Латиноамериканци пројават желба ? Мора тогаш и на нив да им се ислонат желбите. Дали може тогаш ние да бараме Макчу Пикчу да се вика Северен Макчу Пикчу, Мадагаскар во Северен Мадагаскар или Мекдоналд кој исто така има име со почеток на М а воедно црвено жолти бои на логото да се вика СЕВЕРЕН МЕКДОНАЛД !?!? Целата работа се сведува на тоа кој како сака и кој како ќе стигне прави со нас што сака и може да влегуваат кој каде сака, како Бејли интимно кога влегуваше во Собрание и диктираше а Македончето се крстеше да не му текне да не јоктиса и ничкоса како шлепер жаба. Кога даруваа Преспански, Охридски и добрососедски договори т.е. отрови сите големи мажи кои парадираат гордо со фустани доаѓаа како стројници и сватови да му омажат на Црпко " неговата " Македонија за Европа и воедно закажуваа погреб од големи размери. Сите да ми простите на изразот што на Уставот на Македонија ставив име клозет и споредба пазар, ама да ставиш Бугари како народ во устав не остава подобра споредба да се опише со гневот мој а се разбира и Ваш. Тие што го убија Гоце Делчев од грб - Бугарите а не Турците кои патем испукаа неколку куршуми и не убија ни една кокошка во Баница, тие истите што ги убија Ѓорче, Александров и илјадници други Македонци а го оставија вампирот Михајлов да живее поради касапските злодела ... тие ги направија Нив и Нас Бугари. Ова е да пукнеш од мака и да земеш сто нуклеарни бомби и да ставиш крај на светот за да не се слушаат вакви глупости и да живееш со нив. НЕКА ПРОДОЛЖАТ ПРОТЕСТИТЕ И НЕКА БИДЕ ОНА ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ. ОСВЕТЛИ ГО И ПОКАЖИ НИ ГО ПАТОТ МИЛИ БОЖЕ, ОВОЈ ПАТ КОЈ ПРОЛЕА КРВ НЕ САМО ЗА МАКЕДОНИЈА ТУКУ ЌЕ БИДЕ И ЗА ТЕБЕ МИЛИ БОЖЕ. АМИН !!! |