|
|
Албанците му забија нож на Македонски народ |
Свекрва По одобрувањето на францускиот предлог во Собранието, а потоа од Владата, во текот на викендот министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска во Софија го потпишаа билатералниот протокол. Албанец и Бугарка потпишаа документ, со кој наводно треба да започнат преговорите за влез на Македонија во ЕУ. Меѓутоа, за многумина со прифаќањето на францускиот предлог и потпишувањето на билатералниот договор, „Албанците му забија нож на мнозинскиот македонски народ“, а според експертите „направен е опасен преседан кој ќе продуцира долгорочно криза“. Македонскиот народ и неговиот идентитет, јазик, историја и култура се факт. Меѓутоа, сеуште има сили во меѓународната заедница кои упорно го негираат тој факт. Истовремено постојат Македонци кои се воспитани, платени или уценети од нив и кои станаа поголеми Грци и Бугари. Овие луѓе, вметнати во власта со надворешна поддршка, кои работат за туѓи интереси, не го послушаа сопствениот македонски народ, го прифатија францускиот предлог и потпишаа билатерална спогодба која значи посмртно слово за македонскиот народ. При очи слепи, при уши глуви, овие изроди на македонската нација не сакаа да го послушат мнозинскиот македонски народ и дозволија други да ни ја пишуваат историјата, други да го искорнат јазикот на Македонецот. Ако немаш јазик и неможеш сам да ја раскажеш сопствената историја, ако неможеш да му ја соопштиш вистината на светот, тогаш си никој и ништо, скитница без земја, без тапија на сопствениот дом, кои соседите, слуги на моќни сили, едвај чекаат да ја присвојат. Имено во глобалниот судир на големите сили, важно е кој ќе ја контролира комуникација која оди долж Моравско- вардарската долина. Македонскиот народ, некогаш моќен и правичен народ, кој секогаш бил на вистинската страна, е страшниот дух кој во во деведесетите повторно излезе од чаробната ламба. Овој дух ги потсети соседите на злосторсвата кои ги извршиле врз него во минатото, на убиените невини цивили (жени, деца и старци) во текот на Балканските, Првата и Втората светска војна, на украдената земја, на украдените подвижни и неподвижни материјална блага, на украдената историја, Стравот дека ќе дојде денот да ја платат сметката ги натера да се обидат да го вратат македонскиот дух во чаробната ламба. Признавањето на постоење на македонска држава, народ, јазик, историја, за соседите едноставно стана најголем ерес. Истото се обидоа да и го наметнат на ОН, САД, ЕУ и НАТО. Оттука, уште во 1992 година Економскиот совет на ЕЗ, донесе т.н. Лисабонската декларација со која ни кажа дека можат да не признаат само под име што не го содржи поимот Македонија. Сето друго што и се случуваше на Македонија потоа, од тогаш до денес, е само фарса која треба да го затвори македонското прашање во ламбата скроена во Букурешт во 1913 г. Како поинаку да се толкува, барањето на Грција за промена на името, која потоа се спроведе, и сега со францускиот предлог во кои се прифатени барањата на Бугарија да влезат во рамката за преговори. ЕУ прави опасен преседан кој ќе предизвика долгорочна криза. Имено, иако над 70 проценти или мнозинството македонскиот народ беа против францускиот предлог, албанските партии предводени од ДУИ ги предадоа македонските национални интереси и направија пакт со Бугарите за да помине предлогот кој треба да овозможи бугаризација и асимилација на македонскиот народ. Македонскиот народ долго памети и оваа постапка нема да ја заборави, што набргу може да донесе тензии во земјата. Од друга страна, обидот Софија Бугарите да влезат во Уставот на Македонија, да ни ја пишува историјата, заедно со неколку политички, продадени души за грст долари или евра, избрани и инструирани историчари, кои ќе занемарат огромен број трудови на историчари од Македонија, а кои немаа да се сложат со понудените дефиниции, како и контролата на говорот на омраза - се што е напишано спротивно на интересите на Бугарија да биде процесуирано - не води во конфронтација со соседите, како од времето на Втората светска војна. Македонците не се резултат на некакво чудо, ниту на некакви „шпекулативни политички калкулации“. Тоа ЕУ, САД и НАТО добро го знаат. Но, една од бројните причини зошто ова го дозволуваат, води кон претпоставката дека покрај затварањето на македонското прашање, ним им е потребен меѓуетнички судир за потоа да направи од Македонија протекторат, во кој ќе стационира НАТО војска како во Косово и БиХ, за да ја контролира Вардарската долина. Видливо е дека ЕУ и балканските соседи се зачудени и исплашени од македонскиот народ, дека може да им ги поремети сметките. Тие се прашуваат од каде излезе толку многу народ на протестите, иако со помош на домашните предавници во минатото направија толку многу за да ги осудат на долгогодишните робии македонските патриоти. Всушност, тие се плашат од правичниот македонски дух кој излезе од ламбата и кој може да им ги смени плановите на Балканот, а кој видливо неможат да го вратат. Но најмногу се плашат од духот на Александар Македонски или Искендер. Тие добро знаат дека еден ден заради ваквото однесување може многу лесно духот на Искендер да се врати на балканот, да долета до Софија, Тирана, Атина и секое друго место кој чепнал во Македонија, во папокот на светот, во папчаната врска на Славјаните. Оставете го намира македонски народ и неговата држава, за да не создадете пекол на земјата! |