Среда, 20 Јули 2022   
КАДЕ БЕШЕ НАТО ДЕНОВИВЕ? НА ЛЕТЕН РАСПУСТ ИЛИ ПОБЕГНА ОД ОДГОВОРНОСТ???

1martin1

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 178)

Златното правило во НАТО - ЕДЕН ЗА СИТЕ - СИТЕ ЗА ЕДЕН, беше најбрутално погазено деновиве кога нејзината 30та членка - Република Македонија, беше најгруbo понижена и доведена до безизлез да мора да го прифати француско-бугарското подметнување обвиено во обланда како предлог на ЕУ како услов за симнување на бугарското вето за прием на Македонија во Алијансата.

   Популарниот "Артикл фајв", т.е. членот пет (5) од "Вашингтонската декларација"  (Основачкиот документ на НАТО од 1949), беше тотално игнориран, што неспорно го доведува во пршање кредибилитетот на самата Алијанса.

Ќе прашате зошто!?

Па бугарското вето за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, во суштина беше блокада од членка на НАТО (Бугарија) кон две членки на Алијансата (Македонија и Албанија). Па зарем НАТО не го согледа тоа, за воопшто да не реагира? Осем поединечни изјави на лидери и дипломати од неколку земји членки на НАТО, но исклучиво во функција на претставнци на сопствените земји или нивни министерства, званична реакција во името на Алијансата - не чувме!!!

    Дали господинот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг веќе ужива во летниот распуст некаде далеку на новрешките идилични фјордови на северот, или на Малдивите или било каде на планетава, не е важно, но тој има и заменик генерален секретар и дузини соработници околу него кои биле должни да му скренат внимание дека меѓу три сојузнички земји во алијансата има сериозен проблем за којшто НАТО е  о б в р з а н  да реагира за проблемите меѓу тие три сојузници да не ескалираат во лоша насока, особено не кога е во тек најкрвавата војна на европско тло по Втората светска војна - војната во Украина (со која НАТО е преокупирана) и растечките тензии на бројни жаришта на планетава.

    Има многу слични ситуации на кризи помеѓу членки и нечленки на НАТО кои во минатото се заканувале дури и со војна, а НАТО бил приморан да интервенира! Како најеклатантен пример ќе ја наведеме кризата помеѓу Турција и Грција во 1952 година заради територијални и други проблеми меѓу двете земји што се закануваше со војна,  но тогај НАТО стапи на сцена и го реши пороблемот на многу едноставен и практичен начин: без да има било какви предуслови ги покани и двете земји (Турција и Грција) во членство за да ја смири ситуацијата, но и за да може да ги контролира. Тоа беше во далечната 1952 година, но од тогаш многу работи се видоизменија! Пред седумдесетина години НАТО се соочуваше со заканата на сепоагресивниот сталинизам и ги држеше членките под строга контрола и мобилност, но денес ситуацијата е драстично променета!

Некои членки на Алијансата - најдобар пример е Турција, не прифаќаат НАТО структури да им подготвуваат државен удар за смена на тамошната легално избрана влада, или да ги приморуваат да купуваат оружје исклучиво од една земја производител, наводно заради "зачувувањето на НАТО стандардите"!?

    Бугарското вето кон НАТО-членката Македонија воедно значеше и вето за НАТО-членката Албанија на што некој во она грамадно здание на седиштето на Алијансата во Брисел, чија изградба чинеше една и половина милијарди евра требаше да се загрижи.

    Бугарското вето отвори и многу сериозен безбедносен проблем во регионот на западен Балкан на што НАТО  м о р а ш е  енергично да реагира бидејки реалноста од воен евентуален конфликт беше многу голема. Само за потсетување: бивш министер за одбрана на НАТО членка се закаи дека ке прател тенковски полк во Македонија - исто така членка на НАТО, за да решел некои нивни (бугарски) проблеми. Хипотетичко прашање: дали во таква ситуација НАТО ќе го активираше членот 5 за одбрана на својата членка од евентуалниот напад од друга членка на Алијансата? Звучи идиотски, признавам, ама до тој степен се доведени работите што укажув недвосмислено на конфузијата што постои и во НАТО, а не само во ЕУ поради конфликтот во Украина. А за причините што доведоа до тие состојби можеме на долго и на широко да дебатираме. Нема невини и во двата случаја.

   Не можам а да не го споменам негативниот до степен на непријателски став на Франција, земја сновач на НАТО, кон Република Македонија, исто така членка и  с о ј у з н и к  на Франција во НАТО. Од контроверзната Лисабонска декларација што ја наметна Митеран во 1992 година, до неколкуте брутални сопки што ни ги подметна Емануел Макрон, франција се покажа и се докажа како најголем кончничар на напредокот на Македонија во нејзиниот напредок кон членство во ЕУ, каде и физички и културно-цивилизациски припаѓа. Ангела Меркел пред две години лично отпатува во Париз да го убедува Макрон да не го кочи напредокот на Македонија и Албанија кон членство во ЕУ, но тој измисли некакви си кластери (?) и сепак опстои на оределбата на француската дипломатија да измеќарува (одработува) за интересоире на Грција и Бугарија.

   Најнов бисер на француската антимакедонска политичко-дипломатска кујна секако е таканмаречениот француски предлог за надминување на бугарското вето којшто Париз го наметна како предлог на ЕУ а пратениците на коалицијата СДС-ДУИ во Собранието го изгласаа во саботата (иако на тоа немаа право бидејки тој документ е исклучиво во надлежност на владата) и врз база на тоа во вторникот во Брисел се одржа фото=сесија (фотографирање) пред бројните камери, што во македонската јавност беше напироко промовирана како наводен почеток на преговорите за членство.

   Се прашувам каде е сега Уставниот суд на на Република Македонија да реагира и да ја оспори одлуката за прифаќање на францускиот предлог во македонскиот парламент. Свесен сум: Такво нешто нема да се случи!!!

   A што да се рече за политиката и однесувањето на Франција кон Македонија   во изминативе триесетина години? Таа сеуште очигледно не се отрезнила од сонот за некогашната империја.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен Министер и амбасадор во НАТО

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.