Среда, 20 Јули 2022   
Александар Бичиклиски : Многу прозирно и аматерски господа таканаречени опозиционери
2bic1
 
Деновиве бев помалку активен на социјалните мрежи , бидејќи активно учествував на протестите против таканаречениот француски предлог , преку кој се оживуваат апетитите на големобугарската санстефанска елита етаблирана како водилка во нивната надворешна политика .
Десетина дена на улиците на Скопје протестираа луѓе кои беа обединети против овој договор , достоинствени , горди и со крената глава.
Не имаше секакви , млади и стари , леви и десни , професори и земјоделци ,македонци , турци , роми , срби , албанци . 
 
Владеачката банда исплашена и испаничена ги употреби сите средства да го девалвира и деградира народниот револт преку уфрлање на професионални провокатори , масовни апсења , закани , создавање на меѓуетнички конфликт, лажни вести и дефокус од настанот. Но знаете кога си во паника тогаш се прават катастрофални грешки и оваа аматерско провидна кампања на СДСМ беше лесно прочитана и беше соодветно одговорено.
 
Но како што напоменав погоре не ги следев интензивно социјалните мрежи и медиумите и еве денес ги анализирав и сватив дека еден дел од опозицијата (барем така се декларира) активно учествувала во рушењето на протестите преку своите изјави, прес конфереции и платени нарачани текстови во одредени медиуми.
 
Нивниот безобразлук одеше толку ниско што на протестите се појавуваа на самиот почеток ќе се изнасликаа сите тројца па трк дома или во штаб општина сеедно каде и да е, ќе ги објавеа фотографиите и додека уште траеше настанот ќе почнеа оркестрирано преку платените медиуми и социјални мрежи да го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски притоа не спомнувајќи го СДСМ , ДУИ, владата и итн.
 
Анализирајќи го ова ми се наметна сама по себе една дилема.
 
1. Тоа го прават бидејќи се уценети со разни кривични пријави и компромитирачки материјали и си ја спасуваат кожичката од прогон и затвор .
Или 
 
2 Со оглег на тоа дека во не така дамнешни времиња истиве беа перјаници во СДСМ и ЛДП , па два пати ги превеслаа своите гласачи, (еднаш кога ја напуштаа СДСМ и втор пат кога гласаа за нивните нови партии) и немаат веќе кредит кај истите да побараат глас. Им остана единствениот простор , да пробаат да одземат некој глас на некој од било која причина незадоволен вмровец и така да си го продожат својот политички век.
 
Многу прозирно и аматерски господа таканаречени опозиционери ...
 
Десет дена не го спомнавте СДСМ и ДУИ, десет дена плукате по ВМРО ДПМНЕ со изјави кои  ако ги читате хронолошки ќе сватите дека една со друга сами по себе се побиваат со својата содржина и форма. Од типот дека ВМРО е меко па се протестира ради реда и веднаш по тоа истите тие да осудуваат во друга изјава дека ВМРО подгрева меѓуетничка тензија и ги радикализира протестите, до приказни од типот не за референдум (како највисок акт на демократски избор на граѓаните) да за меѓупартиски документ кој нема никаква ниту правна ниту политичка основа за негова имплементација.
 
Можам до утре да ви пишувам овде за уште еден куп вакви небулози и тези кои беа презентирани од овие таканаречени опозиционери, но во интерес на вашето внимание денес ќе се задржам на изјавите дадени од господинот Стевчо Јакимовски во периодот од 13.07.2022 до 18.07.2022 година
 
13.07.2022 Портал Скопје 1 –Стевчо Јакимовски – Ќе им кажете на македоците  дека се договоривте со Села  дека место вас  Алијанса ќе го гласа францускиот предлог  а вие демек ќе протестирате пред собранието и владата !!!
 
14.07 .2022 портал -Локално  Земате по 70 иљади денари плата и денес дојде денот да ја одбраните татковината од ова зло што се  надвиснало над нас. Од вас зависи! За Македонија се гине! Ве повикувам со жив штит да ја ОДБРАНИМЕ татковината. Покажете дека меѓу вас има мажи.
Па се прашувам , ако сме се договориле со Села  да протестираме пред влада и собрание, кои пратеници ги  повикуваш со жив штит да ја бранат татковината. Патем каде беше ти со личен пример тој ден да ја одбраниш татковината???
Одиме понатаму 
 
17.07.2022 портал Опсервер- Ајде комито не се плаши ГРОМ е зад тебе...Христијан не го измачувај членството и народот ,прифати го нашиот проглас и ајде да потпишеме договор со кој ќе му гарантираме на народот ако ни даде подршка на изборите ќе го поништиме овој договор. Не ти треба потписи ,ниту референдум само ПОТПИС на заеднички договор во кој сите им гаранираме на македонците дека предавството ќе го стопираме????!!!!!
 
Чекај сега Јакимовски, Повикуваш на храброст а велиш големите мажи ќе стојат ЗАД ВМРО??? Многу машки и храбро е да стоиш ПРЕД некого а не да се криеш ЗАД некого нели ?
Самиот велиш го измачува членството и народот со што признаваш дека народот е зад ВМРО и нормално е кога би се направил таков проглас тогаш истиот би требало да го напише и предложи ВМРО или се лажам?
 
Патем не ти требаат потписи, а од друга страна велиш дојди да го потпишеш нашиот проглас!!!
Кога сме кај потписи и договори што мислиш кој има поголем кредибилитет , оној што сменил неколку политички партии и опции и кој во буквално пет до дванаесет смени страна и партија за градоначалничка функција или оној кој нема никаква политичка дамка и се држи до својата партија и идеологија?
 
Господине Јакимовски без оглед на тоа што сме пријатели и взаемно се почитуваме дозволете ми како помал во години но активно вклучен во сите политички процеси последниве 32 години како активен член на ВМРО ДПМНЕ да ви предложам неколку работи.
 
Прво напишете јасен став против францускиот предлог и директно посочете ги СДСМ и ДУИ како креатори на ова предавство, доста се бавите со Христијан и ВМРО
 
Второ, суетата оставете ја на страна и ако имате искрени намери побарајте средба со Христијан Мицковски и предложете му што мислите па излезете заедно со предлогот.
 
И трето и најважно важевте за Човек од акција и човек што ги решава проблемите. Затоа како лидер на политичка партија покажете политичка активност на терен меѓу луѓето, зошто тие се тие кои утре ќе ве заокружуваат.
Водењето политика преку медимуми кои често менуваат газди е опасна патека по која се движите, зошто тие истите ќе бидат првите кои ќе ве нападнат кога ќе си го сменат стопанот.
 
Со Почит , Александар Бичиклиски член на ВМРО ДПМНЕ во континуитет 32 години.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.