Среда, 27 Јули 2022   
Александар Бичиклиски : Господине Јакимовски, ако сте киднапирани трепнете ...
1bicikliski Александар Бичиклиски
 
Да бидам искрен , очекував поинаков одговор и наратив од господинот Стевчо Јакимовски .Очекував искрено дека ќе подаде рака , дека суетата ќе ја остави зад себе , дека ќе ја критикува власта , дека ќе даде иницијативи и предлози како тоа да се направи и слично.... Но за жал можам слободно да констатирам дека овој сегашниот Јакимовски е бледа сенка на оној Јакимовски што кој што го паметев како извонредно храбар и решителен човек , човек од акција , изграден карактер со свои ставови ....
 
Трансформацијата делува страшно и очајно. Денес сме сведоци на оркестрирани договорени тв настапи и интервјуа , на кои лидерот на ГРОМ очајно пласира невистини со кои пробува да го деградира ВМРО и Христијан Мицкоски. Се настапува на медиуми блиски до власта во ударни термини со предходно договорени прашања и одговори.Кога сме кај овие медиуми доволно е да влезете во нивните архиви и ќе приметите дека до пред неколку месеци беа најголемите антагонисти на ликот и делото на Стевчо Јакимовски.
 
Повеќе од јасно е дека дилемата , дали Стевчо одработува за власта притиснат од кривичен прогон или пак пробува да одкине дел од гласачкото тело на ВМРО со кое би си ја зголемил политичката моќ на македонскиот политички простор , за која пишував во предходната колумна е разјаснета. Очигледно некој е под силен притисок и личните интереси ,тоест својата кожичка е побитна , одколку спротиставувањето на националното предавство кое го направи СДСМ и ДУИ.
Тука нема повеќе простор за размислувања од типот дека се работи за суета, лични релации со Христијан или дека се работи за чесни предлози кои се во полза на македонската кауза.
Ќе се задржам на две работи кажана на последното гостување на господинот Јакимовски на ТВ 24 .
“Прво за мене власта не прави фарса . Власта е јасна како денот.Таа е спремна да предаде .И власта си кажува , ние сме за прифаќање на договорот со Бугарија , ние сме за уставни промени,ние сме за внесување на бугарите во уставот. Значи СДСМ ни е јасна како ден .Фарсата е кај опозицијата и
 
Христијан Мицковски. Проблемот е што овој му асистира на СДСМ во правењето на предавство а ваму пред народот изиграва дека е тој што ја брани Македонија . Еве пример.”
Господине Јакимовски , дури 94 % од македонците и 72 % од целото население во Македонија е против овој договор , кој сам по себе е фарса и ако по нешто е препознатлив е токму по тоа што не е јасен , со многу скриени протоколи и замки . Очигледно само на вас , Таче и Бујар ви е јасно ко ден а ние останатите слепци појма немаме што ни се случува бидејќи така ни кажува Мицкоски.
 
Кога сме кај став , сеуште македонската јавност чека од вас како опозиционер , јавно јасно и гласно да ги осудите СДСМ и ДУИ за ова национално предавство а не да ни раскажувате колку СДСМ и власта е јасна како ден .
 
“Ќе одговори ли на прашањето Мицковски зошто месец и пол направи протест кој беше 10 дена пред објавувањето на бугарскиот предлог .За кулминацијата да се достигне 10 дена пред и после тие протести беа само фарса . Мојот предлог беше да се направи еден голем протест што ќе има најмалку 60 000 до 70 000 луѓе , најмалку 700 – 800 автобуси да донесе ме , и замислете ја глетката од фонтана во парк до стоковна куќа Мост.”
 
Еееее друже Стевче , ВМРО направи партиски митинг со над 70 000 луѓе на кои беа скоро сите опозиционерски партии со чест на исклучоците како ГРОМ , Интегра и итн .Можеби немавте престава за бројноста бидејќи митингот се одржуваше во периодот кога бевте сликани со службено возило и капетанска капа како одмарате на плажа.Знам желбата на секој лидер на помала политичка партија е еден ден да збори пред 70 000 луѓе.
 
Кога сме кај фарсата , зар не е фарса да се појавите еднаш или два пати на протест итоа не повеќе од 15 мин , а од друга страна уште незавршен истиот преку одредени медиуми кои директно или индиректно ги плаќате да ја напаѓате ВМРО , притоа кажувајки приказни за тоа колку сте видовит и знаете се што се случува во власта?
Зар не е фарса ниту еднаш организирано да дојдете на протестите како политичка партија ,како што направија Левица , Родина ,Социјалиситичка партија, Демократската партија на Србите и итн?
 
Зар не е фарса еден пакет со вода , барем симболично вие или ГРОМ да испратевте на оние луѓе кои секојдневно дехидрираа на плус 40 пред Влада?
 
Зарем не е фарса да од позиција на 1 према 10 000 во број на членство ГРОМ-ВМРО да нудите непристојни предлози предложени преку нарачани текстови на купени и заробени медимуми?
Господине Јакимовски , сеуште не е доцна да се преиспитате и со полн капацитет да се придружите на здружената опозиција во борбата за иднината на овој народ и држава.Ставете го националниот пред личниот интерес .Нашите предци на кои не сме им ни до колена , за многу помали нешта гниеле по затвори и умирале за подобро утре на идните генерации.
 
ПС организатор на митингот беше ВМРО ДПМНЕ а на протестите на кои даде подршка ВМРО и се вклучи со својот капацитет ги органзираше граѓанската иницијатива " УЛТИМАТУМ НЕ БЛАГОДАРАМ "
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.