Среда, 27 Јули 2022   
Тодор Петров : МАКЕДОНЦИТЕ СИ ЈА ВОЗОБНОВИЈА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА, НА ПОДАРОК ОД НИКОГО НЕ ЈА ДОБИЈА!

1odor Пишува Тодор ПЕТРОВ

Колку да не биде матно: Југославија не ја создаде државата Македонија!

Комунистичката Партија на Југославија (КПЈ), Јосип Броз Тито и Комунистичката Интернационала (КОМИНТЕРНАТА) не го измислија Македонскиот народ!

Македонија била држава и пред Југославија и пред Комунистичката Интернационала и пред САД и пред Царска Русија и пред Велика Британија и пред Франција и пред Германија и пред Австро-Унгарија и пред Отоманската Империја!

Македонците не се креација на Белград, на Цвијиќ и Новаковиќ!

Македонците постоеле и пред комунистите и пред фашистите!

Македонците не се Албанци, Бугари, Грци или Срби!

Македонците постоеле и пред Албанците и пред Бугарите и пред Грците и пред Србите, како политички нации, заедно!

Македонците и во Втората Светска Војна, како и повеќепати порано, воделе национално-ослободителна војна за државност и за ослободување на сите делови на етно-историските граници на Македонија окупирани од Албанија, Бугарија, Грција и Србија, во Балканските војни 1912-1913 година, Македонците во Втората Светска Војна се бореа за ослободување и обединување на Македонија! И го озаконија своето право на самоопределување и самоидентификација како универзално, неотстапно и неприкосновено право на Македонскиот народ на сопствена Македонска држава - Државата Македонија!

Во Првата и Втората Балканска Војна 1912-1913 година, Бугарија, Грција и Србија извршија окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ кој се' уште трае! Се разбира, ментори им беа големите сили.

Во Втората Светска Војна, Македонците се бореа во сите делови на Македонија заедно со српските, бугарските, грчките и албанските партизани за ослободување на Србија, Бугарија, Грција и Албанија од фашистичките окупатори! Во Втората Светска Војна, Македонците се бореа за ослободување и обединување на Македонија во нејзините етно-историски граници! Во Втората Светска Војна, Македонците ја ослободија и ја возобновија својата држава Македонија само во Вардарскиот дел од етно-историските граници на Македонија, во актуелните гео-политички граници на Републиката Македонија.

Македонија, заедно со Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, во Анти-фашистичката коалиција во Втората Светска Војна се ослободија од фашизмот и ја создадоа Југославија како федерација на шест рамноправни држави и шест рамноправни народи, пренесувајќи дел од својот суверенитет на Југословенската федерација по прашањата за одбраната, економијата и надворешните работи.

Југославија не беше унитарна држава, туку федерација на шест рамноправни држави како републики! Затоа, кога се растури во 1992 година, републиките не извршија сецесија од Србија, туку сукцесија на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), како нејзини рамноправни правни наследници.

Со пренесувањето на дел од својот суверенитет на Југословенската федерација, во 1947 година (тогаш е донесен и првиот Устав на Државата Македонија) републиките не ја елиминираа својата државност! Напротив, покрај југословенското државјанство, сите републики имаа и републичко државјанство, освен Србија, затоа што за српските хегемонисти, цела Југославија беше Голема Србија. Покрај надворешните влијанија, српскиот хегемонизам беше една од главните причини зошто Југославија и се растури. Во рекомпонирањето на федерацијата, Слободан Милошевиќ бараше за сојузното Собрание да се гласа во цела Југославија како една изборна единица, по принципот еден човек еден глас, а не по републики. На ова барање, жестотко се спротиставија Хрватска и Словенија.

Јосип Броз Тито не го исполни ветувањето на Македонската делегацијата на чело со првиот претседател на Президиумот на Анти-фашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) како законодавен парламент, Методија Андонов Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев од средбата на Островот Вис на 24 јуни 1944 година, за обединување на Македонија! На барањето на Македонската делегација за обединување на Македонија, Тито начелно се согласил, но сметал дека тоа треба да биде подоцна, во некои “подобри“ времиња и односи со големите сили.

Набргу, после Вис, про-српското крило на Комунистичката Партија на Македонија (КПМ), белградските врховисти во Македонија, го ликвидираа Матодија Андонов Ченто и се пресметаа со сите Македонци кои посакуваа суверена и самостојна држава Македонија. Тие чистки траеја се' до сукцесијата на поранешна СФР Југославија до крајот на 1990 година.

Македонските партизани од Втората Светска Војна не беа комунисти, туку националисти, патриоти и родољуби, се бореа за ослободувањето и обединувањето на Македонија! Колку за потсетување, и Манифестот на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година повикуваше на ослободување и обединување на Македонија, делегатите на АСНОМ беа Македонци од сите делови на етно-историските граници на Македонија, од Пиринскиот и од Егејскиот дел на Македонија! Оваа историја, од КПМ и од белградските врховисти во Македонија беше ретуширана, а фалсификатот генериран во МАНУ. Епилогот беше: Македонското прашање повторно се затвори, во согласност со договорот помеѓу Белград и Атина од Балканските Војни, дека на север од Гевгелија “сите се Срби“, а на југ од Гевгелија “сите се Грци“. Резултат на тоа, за Методија Андинов Ченто се проговори дури откако се растури СФР Југославија, во суверена и самостојна држава Македонија. Македонската Влада на проф.д-р Никола Кљусев го рехабилитира. Децата во Македонија повеќе учеа за српските востанија, отколку за интегралната историја и географија на Македонија.

Време е за повторно семакедонско обединување под слоганот “Македонија на Македонците“, во која сите граѓани, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус, општествената положба и партиската определба, ќе бидат еднакви во правата и слободите и пред Уставот и пред законите!

Потребно е семакедонско помирување и обединување за раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година година, за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, за продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија!

Македонија вечна од исконот до бескрајот! Сите Македонци еден за друг!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.