Среда, 27 Јули 2022   
Унија на Ветерани: Оваа ненародна власт има за цел да ги уништи Македонците и македонските институции

                         2UV

Секој кој гласно говори за постоење на македонски народ, за македонска историја, јазик и култура, и е против бугаризацијата и асимилацијата на Македонците е посочен како антиевропеец, проруски настроен и како таков да биде изолиран и подложен на санкции заради говор на омраза.

Власта предводена од СДСМ и ДУИ започна „Лов на вештерки“ кои се против францускиот антимакедонски предлог за почеток на преговори за членство во ЕУ, кој длабоко задира во идентитетот на македонскиот народ.

Ловот на вештерки кој го применува власта е чист пример како таа обидувајќи се да ја уништи опозицијата, има за цел да го уништи сопствениот народ само за да ги задржи своите позиции.  

Па ако Македонија нема друга стратегија, наместо да ги бркаме македонците интелектуалци за искажаниот став, време е се погласно да се говори за историските факти и вистини. Време е да се бараат правата на Македонците кај соседите и да се бара да се врати се што е одземено и украдено.

Покрај нападот на најголемата опозициона партија, власта се обидува да го дисциплинира и народот, секој поединец со ограничување на неговото право на мислење. Односно во однос на говорот на омраза кој доаѓа од соседот, кој ни го оспорува правото на сопствен идентитетм историја и јазик, правото на постоење, наместо Бугарите, Македонците се изложени на прогон за искажан став.

Од „ловот на вештерки“ не се исклучени ВМРО ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицковски, како ни бројните слободно мислечки интелектуалци, академици, професори, новинари кои се против распродажба на националните интереси. 

Затоа дојде време да се протера оваа ненародна власт и време е Христијан Мицковски како лидер на ВМРО и ДПМНЕ и водач на опозицијата да го поведе народот за да му стави крај на оваа антимакедонска политика.

Анкетите говорат дека мнозинскиот македонски народ дава целосна поддршка на политиките на ВМРО ДПМНЕ. Исто така анкетите говорат дека народот има најголема доверба во Христијан Мицковски.

Христијан Мицковски има целосната поддржка и од ветераните на ВМРО ДПМНЕ, членството на партијата и мнозинскиот македонски народ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја има нашата апсолутна поддршка затоа што до крај остана доследен на волјата на огромното мнозинство на граѓаните за отфрлање на капитулантскиот договор со Бугарија.

Претседателот Христијан Мицкоски ја има нашата поддршка затоа што не прифати да биде соучесник во разнебитување на државата.

Токму затоа деновиве сме сведоци на жесток фронтален напад од сдс потпомогнат од одродени "браќа и сестри" а се со цел уништување на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата како единствена партија која се спротиставува на погубните политики на СДСМ и ДУИ.

Димната завеса која ја создаваат СДС и ДУИ заедно со поткупените за грст долари одродници се само уште еден силен мотив за ВМРО-ДПМНЕ, уште поодлучно да се консолидира и да ги збие своите редови.

Претседателе Христијан Мицкоски, од Ветераните-верните членови на ВМРО-ДПМНЕ имаш целосна поддршка.

Македонија вечна!

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.