Среда, 03 Август 2022   
Свекрва : Македонија слави 119 години од Илинденското востание и 78 години од АСНОМ!

1 Свекрва

На 2 август Македонија прослави 119 години од Илинденското востание (1903 г.) и 78 години од АСНОМ (1944 г.). Тоа се два историски датума на кои се поставени темелите на современата македонска држава. Тие го отсликуваат учеството на македонскиот народ во сите ослободителни движења на Балканот во текот на 19 и 20 век, во кои со своите жестоки борби против турската војска, против разбојничките чети на бугарските врховисти, српските и грчките шовинисти, со своето учество во Илинденското востание од 1903 година, како и во Народноослободителната војна против фашистичкиот окупатор за време на Втората светска војна, докажаа дека Македонецот и покрај се можел да го зачува, и успеал да го зачува својот национален идентитет. Нашиот народ докажал дека е достоен да биде слободен и еднаков со другите народи на Балканот, во Европа и светот.

Во текот на 19 век Македонците како доброволци учествувале во сите ослободителни движења на Балканот. Но, дури на крајот на истиот век, кога условите во Македонија беа неподносливи, македонскиот народ ја започна својата организирана борба.

Во 1893 година беше основана познатата Македонска револуционерна организација. Први апостоли на македонското револуционерно движење биле Гоце Делчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров и Пере Тешев, доктор Христо Татарчев, Христо. Батанџиев и Иван Хаџи Николов. Тие беа инспирирани од идеите на големата француска револуција, од идеите на големите италијански патриоти, демократите Мацини и Гарибалди, париските комунари од 1871 година, српските социјалистички народници како Светозар Марковиќ и бугарските демократски и социјалистички револуционери Георги Раковски, Васил Левски и др.

Тие македонски дејци, за цел на својата борба ја поставија освојувањето на политичката слобода, политичката автономија на Македонија под покровителство на големите сили. Средства за постигнување на оваа цел биле масовното вооружено востание и индивидуалните револуционерни дејствија на македонскиот народ.

Овие македонски револуционери беа свесни дека ослободувањето на земјата нема да дојде од надвор. Тие знаеја дека нема да добијат помош ниту од Атина, ниту од Белград и ниту пак од Софија. Првоапостолот на Македонскота револуционерна организација Гоце Делчев велеше: „Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание.  Кој мисли поинаку, се лаже себеси и другите“.

Во тоа време македонскиот народ со ентузијазам го дочекал новото ослободително движење. Народот масовно влегувал во Организацијата и учествувал во остварување на нејзините задачи и цели, зошто тоа за нив значело крај на грабежите, експлоатацијата и самоволието на власта. За многу кратко време, цела Македонија беше зафатена од револуционерниот пламен.

Насекаде беа организирани револуционерни комитети и групи. Во секој округ имаше воиружени групи и одреди, со задача да помагаат во војувањето на населението, да го одржуваат борбениот дух меѓу нив, да ги казнуваат разбојниците, нечесните и предавниците, колку и да биле малку и да ги заштитат непосредните интересите на населението.

Благодарение на оваа активност на Организацијата и нејзините вооружени органи, целото македонско население беше организирано и се бореше против турскиот апсолутизам и неговите агенти. Ова население се бореше и против воружените пропаганди кои се мешаат во нејзините работи, кои сакаа да ги искористат нивните маки и борби за свои цели.

Тоа беа пропагандите што соседните балкански земји и другите меѓународни фактори ги организираа со целосна поддршка на турската влада во Македонија за да ги купат душите на кукавичките елементи на македонското население, користејќи закани, лаги и пари. Тоа го направија за да можат да бараат дел од живото тело на македонскиот народ.

Тие пропаганди беа на прво место великобугарската, великосрпската и великогрчката пропаганда. Покрај овие пропаганди, постоеше и великороманската пропаганда, но таа не играла посебна улога во животот на македонското население; Исто така постоеше муслиманската пропаганда која ја поддржуваше турската влада, користејќи разни разбојнички банди за да го принудат македонското население да ги напушти родните места и да ги насели тие места со муслимани. На крај имаше и католичка и протестантска пропаганда. 

Но, македонскиот дух остана непоколеблив. Сите овие пропаганди имаа незначителен успех. Тие не можеа да го сменат од етничкиот карактер на Македонија. Македонците останаа Македонци.

Македонскиот народ остана тврд како гранит во однос на својата национална свест. Никакво насилство, терор, никакви тешки казни, заплашувања поткупи, затвори не го скршија борбениот дух на нашиот народ.

Македонскиот народ со своето учество во сите ослободителни движења на Балканот, со своите жестоки борби против турската војска, против разбојничките чети на бугарските врховисти, српските и грчките шовинисти, со своето учество во големо народно востание кое започна на ден Илинден, на 02.08.1903 година и со неговите последни борби покажа и докажа дека можел да го зачува, и успеал да го зачува и покрај се својот национален идентитет. Нашиот народ докажал дека е достоен да биде слободен и еднаков со другите народи.

Може да се забележи и да се подвлече дека во македонското ослободително движење отсекогаш постоела само една силна струја - тоа е македонската струја, струја која го наоѓала својот израз во борбите на МРО.

За време на Втората светска војна, истата оваа македонска струја својот израз го најде во народноослободителната антифашистичка војна (НОБ) која ја поведе КПМ. Во виорот на војната, по речиси тригодишна војна со окупаторските: германски, италијански и бугарски фашистички сили (11.10.1941 = 02.08.1944), на Првото заседание на АСНОМ, одржано на ден Илинден, на 2 август 1944 година, во манастирот Св. Прохор Пчински со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на преставници на големите сили  се донесени одлуки со кои се удрени темелите на македонската современа држава, која дел од својот суверенитет го пренесе на повоена Југославија.

Македонската држава својот суверенитет го поврати на ден  8 септември 1991 година, по одржаниот успешен референдум  за осамостојувањето на Македонија.

Три децении подоцна Македонија повторно е изложена на пропагандите на соседите. Таа го пречека Илинден во услови кога повторно од Бугарија се оспорува идентитетот, историјата и јазикот на македонскиот народ. Но како и во минатото, и покрај сите уцени, поткупи, заплашивања и затвори од страна на подметнатите кукавички души во земјата, така ни денес Македонците нема да се откажат од својот национален идентитет.

Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но овојпат предадени сме од домашни, од наши.

По глупостите кои ги направи оваа власт, илјадници Илинденци од 1903 и 1944 година, кои ги положија своите животи во сите три дела на поделена Македонија, денес се превртуваат во своите гробови, гледајќи како нивните потомци така лесно се откажваа од продобивките кои се добиени со потоци крв.

Македонија Вечна!

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.