Среда, 03 Август 2022   
Тодор ПЕТРОВ : НА МАКЕДОНИЈА И’ ТРЕБААТ ЖИВИ ХЕРОИ!

1odor Тодор ПЕТРОВ

Муџахедини и камикази меѓу Македонците нема, наши од времето се гемиџиите. Џабе ни е историјата, ако нема акција во сегашноста заради иднината. Историјата ни е потребна, за грешките од минатото да не ги повторуваме. Но, да не летаме, гемиџии денес нема! Тие што повикуваат на државен удар и крвопролевање, на терен меѓу народот ги нема! Тоа се безимени луѓе кои ни ликот во огледало не можат да си го видат. Од дистанца и на социјалните мрежи повикување на саможртва е џабе. Тој што прави, не се фали, ќе стори, другите за него ќе зборат! Такви, за жал, денес ретко има, и ко да ги нема!

Ќе не отепа конформизмот и летаргијата. Друг место нас, демек, ние “советниците“ од пред екраните за тие пред Владата и Собранието... Така беше и 2001 година, војна во Македонија, “нашите“ на сонце во Анталија и Халкидики... И повторно, тој што сака нешто да стори, прави! Не моли друг, не чека команди од самоповикани полтрони. Тоа е алиби за сопствената слабост.

И да престанеме кому што му фали. На сите по нешто ни фали. Нема човек без фалинка, сите сме од крв и месо. Барајте го доброто, позитивното кај останатите, сите сме Божји чеда. Тоа што за сите и за нас. Си ги знаеме историските хипотеки, душманите и злосторствата врз нас, ќе ги отвараме темните петна за нацијата во историјата, но како и за сите, така и за нас треба да важи: Македонците немаат вечни пријатели, Македонците немаат вечни непријатели, Македонците имаат вечни интереси! Ама, тие порано ни го сториле ова, другите она! И ние можеби некого сме повредиле. Барајте ги интересите за Македонците и за Македонија! Кога велиме Македонците, мислиме на сите по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината!

Се разбира, почит и поклон до земја за сите кои го дале животот за Македонија, за сите кои на било кој начин се вградиле во темелите на државноста! Но, нам, мртви херои не ни требат, туку живи и здрави.

Тие што маани на другите им бараат, прво себе в огледало нека си ги побараат. Постои ли некој кој се жртвувал за сите и за Македонија, кому не сме му набиле рогови? Да не важи народната: Ѓаволот само до лонецот со Македонците во пеколот немал чувари. И кога го прашале зошто до лонците со другите народи има чувари, а кај Македонците ниту еден, ѓаволот одговорил: Кај другите народи во лонците, мора чувари, за некој да не избега. Кај Македонците нема чувари, затоа што самите го повлекуват во лонецот во кое сите се варат, оној кој може да избега!

Крајно, поука за сите: Анархизмот кај Македонците во дваесеттиот век е производ на врховизмот во поглаварствата, кои место единство за борба против заедничкиот непријател, со децении воделе братоубиствена војна. Лекциите од историјата кои не се научени секогаш се повторуваат.

Затоа, никогаш не прашувајте: Што стори Македонија за мене? Запрашајте се: Што јас денес за татковината сторив, што јас за Македонија денес и утре ќе чинам! И не мора сите во стампедо. Кој со кого сака и кога сака и каде сака и пред кого сака и колку може, се’ за Македонија е добредојде. Кинескиот ѕид Кинезите не го изградиле од денес до утре, го граделе со децении, повеќе генерации. Од секој по една тула, и ние Македонците ќе ја крениме македонската крепост за навек!

Незаборавно: Јазикот е народот! Без јазик народ нема. А, што ни прави злото на Санстефанска Бугарија во Софија: Не го признаваат Македонскиот јазик, затоа што не го признаваат Македонскиот народ! И ние бараме говор на омраза кај Македонците поради самоодбрана од тие кои своите корени ги бараат во Татарстан, Кина и Монголија? А, како да се браниме и одбраниме кога ни велат и нам и пред светот: Не постоите! Пред ова блудницата вавилонска молчи!

Шарлатанството на Зоран Заев и неговата камарила уништи една цела нација, преседан во светската историја на народите и државите, да се потсетиме што рече: “Па, ако имаме проблеми со сите, проблемот не е кај нив, туку кај нас!“ Е, затоа НЕ, милион пати НЕ, за софиски врховисти и колаборационисти како бугари во Уставот на државата Македонија! Етнички бугари во Македонија, Албанија, Косово НЕМА! Само реципроцитет во односите меѓу Македонија и Бугарија: Што за бугари во Македонија, тоа за Македонците во Бугарија! За жал има идиоти во власта кои се’ продадоа, на кои мора да им вратиме доживотно и во Идризово!

Правилото: И покрај се’ и после се’, и покрај сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не (с)нема!

Сите Македонци еден за друг! И, никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.