|
|
СЕЌАВАЊЕ ЗА ПАТРИОТИЗМОТ НА БОГДАНОВСКИ, ТРАНТАЛОВСКИ И ТРПОСКИ |
На сликата се: Владо Транталовски, Драган Богдановски и Сласе Трпоски во Минхен 1990 год. По распадот на југо-федерацијата, група патриоти ја напуштаат партијата МААК и ја формираат партијата ВМРО-ДПМНЕ ,пред која ќе застанат: Борис Змејковси. Драган Богдановски, Лубчо Георгиевски и браќата Гојко и Мане Јаковлевски од Германија, а со задача да се борат за самостојна и обединета Македонија. А Спасе беше ополномоштен да дели пристапници за ВМРО-ДПМНЕ. Тој таа партија, со група македонски патриоти од Сиднеј, на 27 јули 1990 година ја формираат и во Сиднеј, Австралија, на која подоцна ќе и се приклучуваат активисти и бизнисмени и од другите градови на Нов Јужен Велс, кои ќе допринесат финансиски да ја зајакнат партијата, која на првите демократски избори, оджани на 11.11.1990 година, таа ќе освои 38 пратнички места. Личност за контакт со Македонија им послужи Дијана Транталовска преку која се испраќаа пораки преку факсови, а и добиваа записи од новини за успехот на партијата во Парламентот на Р.Македонија. На 11 јануари 1991 година Спасе повторно се враќа во Македонија. За кон крајот на јануари 1991 година, тој, со активисти од ВМРО-ДПМНЕ, во Охрид, ќе му го растураат основачкиот собир на Владо Голубовски за прогласување на новоформираната партија ВМРО-ДП. Но од подоцнежните разговори со Владо Транталовски и со ќерка му Дијана, Спасе ќе биде вчудовиден од нивните изјави дека во партијата се јавиле негативни струења. УДБ-а успеала партијата начисто да ја расклинка. На Богдановски не му издавале влезна воза за во Македонија. А главните функции повторно ги завзеле поранешните угнетувачи на македонскиот народ. Мнозинството од членството се разочарало од пасивниот однос на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната вазлна политика. На Јуни 1990 година Спасе Трпоски со Владо Транталовски отпатувале на средбата со Драган Богдановски во Минхен. Разговорите биле загрижувачки во врска односот на Георгиевски и Змејковски кон симпатизерите и пратениците од партијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие му се пожалиле на Богдановски, како на иницијатор, да превземе соодветни мерки против нив за да не и се случи најлошото на партијата. На враќање од Минхен преку Виена, Спасе ќе отпатува во Австралија, а Владо со возилото на Спасета ќе се врати во Македонија. Само што се вратил Спасе во Сиднеј, бил повикан на изборен состанок на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кој бил закажан за на 1 март 1991 година. Каков шок. Во Одборот, кој предвреме бил испланиран, се изнапикале разни шпиуни, кодоши и лизурковци, кои се претставувале дека се овластени од Змејковски. Партиските документи останале кај Спасета, кој ги чувал кај себе се до следиот изборен состанок што се одржал во октомври 1991 година. Па така, Спасе им ја препуштил партијата ВМРО-ДПМНЕ за Сиднеј и Нов Јужен Велс на луѓе кои подоцна ќе се натпреваруваат за тоа кој ќе ги преземе владеачките места, по кои кавги и расправии ќе основаат и два истоимени партиски ограноци со двојни лидери, за на крај, жалосно но вистинито, таа партија да биде начисто уништена. Овде ќе цитираме еден исечок од писмото на Спасета испратено до Драган Богдановски на 6.6.1991 година, во кое се зборува токму за оваа ВМРО-вско партиска ујдурма во Сиднеј: - Драгане, ние во Сиднеј основавме секција на ВМРО-ДПМНЕ. Ти знаеш дека јас бев овластен од Скопје и лично од Дијана Транталовска за да ги зачленувам луѓето во партијата. Но, што се случи после тоа. Кога го видоа кариеристите нашиот успех, се обидоа да не растурат. И успеја во тоа. Не може да се истрпи нивното однесување. Драгане, за кратко времеи овде (во Сиднеј) ќе дојде до поделба на секцијава, каква што и се случи на секцијата во Мелбурн... (Ова е дел од биографските спомени на Спасета, кои се извлечени од книгата „Спасе Трпоски - живот и дело“ на Иван Трпоски, а во издание на Македонското литературно друштво „григор Прличев“ од Сиднеј, објавена во „Ирис“ Струга 2008 година) А неодамна од печат излезе и најновата книга за Драган Богдановски „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ во Македонија, а во уредништво на Ангело Вретоски и Мендо Волкановски. Иван Троски |