|
|
Александар Џепосвки : Честит Илинден и турете пепел на Преображенското востание |
Александар Џепосвки Илинден бил, е и ќе биде само Македонски и сите востанија и битки на Илинден се апсолутно само Македонски и тука нема никакво место за било кој па макар и да биде свети Бугарија. Првиот и голем Илинден беше во 338 година п.н.е. во Херонеја со големата победа над етиопските племиња денес наречени Грци, а тогаш Еладци од Македонскиот Цар и господар Филип со син му Александар Трети Македонски. Илинден или Свети Илија и тогаш беше голем празник Македонски на истиот ден 2 Август. За некои неупатени и да нема недоразбирање, Свети Илија е од античко време и прифатен во христијанската религија и за тоа поподробно во друга прилика. Вториот Илинден во 1903 е повторно чист Македонски и нема никаква врска или било каква допирна точка со Преображенско востание, кое се јавува по урнек и формула на Илинденското востание после неколку месеци. Имало Македонци доброволци од тие краеви но немале никаква допрна точка со Македонската кауза и Илинден. ДО 1982 БУГАРИЈА ИЗБЕГНУВАЛА СЕКАКВА СПОРЕДБА И КОРЕЛАЦИЈА НА ОВИЕ ДВЕ ВОСТАНИЈА ИЛИ ЕДНАКВОСТ. Но ете од 1982 на некој во Бугарија му текнало да ги поврзува заедно и да добие медал од Тодор Живков и за тоа има многу докази историски. Најтрагично е што Бугарија немала никаква врска со Илинден поради страв од Турска одмазда и репресалии, ветуваше а не даде оружје за Илинденците и пукаа и убиваа Македонци позади грб и од заседи, помагајќи им на Турците како на свои браќа. Третиот Илинден е во 1944 и ослободување од кого ама од никој друг туку од фашистичките Бугари. Тогаш моравме да ја модифицираме малку азбуката, литературниот јазик и презимињата да ги додаме со СКИ поради подмуклата и покварена игра на Бугарите дека сме исти народ ама Бугарски на рачун преку јазикот и презимињата, иако е обратно и тие се Македонци со тапија. НЕКА Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ И ПОКРАЈ СИТЕ МАКИ КРЕНЕТЕ ГЛАВА И БИДЕТЕ ГОРДИ ШТО СМЕ И ШТО ИМАМЕ ИСТА КРВ СО АЛЕКСАНДАР, КИРИЛ И МЕТОДИ, САМОИЛ, ГОЦЕ, ДАМЕ, ПИТУ ... ЌЕ ДОЈДАТ НАШИТЕ ПЕТ МИНУТИ ПОВТОРНО И НЕКА СЕ ИСПОЛНАТ ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЖЕЛБИ - СЛОБОДА НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ И СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА СО ПИРИН И ЕГЕЈ И СОЛУН КАКО ГЛАВЕН ГРАД. АМИН !!! |