Среда, 10 Август 2022   
Сето наликува како Македонија да е под окупација и некој друг да управува со неа!

1 Свекрва

Начинот на кој актуелната власт го чествуваше Денот на Републиката на 2 август, како и одредени изјави дадени меѓувреме, наместо да го сплоти народот на овој голем национален празник, ја разбранува јавноста и го разгоре револтот на народот. По свирежите против власта во Крушево, народниот револт продолжи на социјалните мрежи.

По повод Денот на Републиката, на 2 август беа оддржани повеќе свечености за да се одбележат 119 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската република и 78 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и поставувањето на темелите на македонската државност.

Чествувањата започнаа на 1 август вечерта во Крушево, потоа утредента на 2 август во Скопје, Крушево (10 дена Крушевска Република), Пелинце и по подолга пауза во манастирот Св. Прохор Пчински.

На 2 август во Скопје, беше положено свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски, како и на споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“.

Исто така, меѓудругото беше предвидено да се положи свежо цвеќе, на споменикот на АСНОМ во „Жена парк“, на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен обележјето на Градскиот плоштад Македонија на Методија Андонов – Ченто, еден од основоположниците на современата македонска држава и првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ.

Но, за жал „за прв пат од кога е поставен споменикот на Ченто во центарот на Скопје“, како што вели неговиот внук Јане Ченто, “ниту една од трите институции, претседател на Влада, претседател на Собранието или претседател на Републиката, НЕ НАПРАВИ манифестација пред неговиот споменик.“ Истовремено тој ќе рече дека и „За прв пат во историјата на независна Македонија ниту еден член на фамилијата на Методија Андонов Ченто не доби покана од Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата и Претседателот на Република Македонија за да учествува во една од централните манифестации организирани од било кој од трите институции.“

2ce32

Јасна е тенденцијата на актуелната власт да се ретушира историјата, да се заборават македонските дејци кои биле и се бореле за обединета Македонија, да се заборават борбите за ослободување на Македонија и антифашистичката борба.  Сите постапки на власта водат кон тоа да се острани се што  е македонско и да се промовира некаква нова нација, без своја историја и јазик до 1945 година.

Како поинаку да се протолкува односот на власта кон чествувањето на Методија Андонов Ченто, како и остранување на стиховите во кои се вели дека „над главите на партизаните знамето на Гоце се вее, а во полињата фашистичка крв се лее“ од песната „Во борба, македонски народе“  изведена на манифестацијата во Крушево!?

Како да се протолкува изјавата која деновиве ја даде министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска во интервјуто за „Гласот на Америка“ во која бара уметниците наместо за „мрачното минато“ да творат за теми „кои ќе го расположат народот“. Ова изјава која е дадена во контекст да не им се наштети на односите со Бугарија, претставува „воведување на цензура во творештвото“ и води кон неофицијална забрана на било какво творештво што не би им се допаѓало на Бугарите, односно до асимилација и бугаризација.

По се изгледа дека според оваа ненародна власт во иднина не ќе може да се сними филм, да се напише книга во која Самуил и Гоце Делчев ќе бидат прикажани како Македонци. Нема да може да се направи ниту еден нов филм или книга во кои бугарските фашисти ќе бидат прикажани како виновници за холокаустот на Евреите во Македонија.

Можеби и самиот „Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија“ на барање на Бугарија еден ден ќе биде преименуван од оваа власт во „Цар Борис“ наводно како заштитник на Евреите. Можеби поставките ќе бидат ретуширани или пак ќе биде затворен ако еврејската заедница не сака да ги исполни ваквите налудничави барања.

Дека вакви сценариа се можни покажува и случајот во Битола со бугарскиот клуб.

Имено срамно е во земјата да отвориш бугарски културен клуб со името „Ванчо Михајлов“, докажан соработник на Хитлер, Мусолини и Анте Павелиќ. Но уште пострашно е клубот да го отвориш во куќа која припаѓала не еврејско семејство кое било депортирано за време на фашистичката Окупација на Македонија.

Не може ова да не го знае државата.

Зарем треба ова да го дознаеме од германската новинарка Брита Хилперт во нејзината репортажа за македонскиот пат кон ЕУ која била објавена, како што пренесуваат нашите медиуми, на германскиот национален телевизиски сервис ЗДФ.

Сето наликува како Македонија да е под окупација и некој друг да управува со неа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.