|
|
Македонци а не Северномакедонци- НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА ! |
Македонска нација Името Македонија било длабоко врежано во свеста на македонското население Македонците каде и да оделе, секогаш со себе го носеле своето име. Така името Македонија можело да се сретне низ целиот Балкан и пошироко (пример: тема Македонија во Тракија и територија во Бесарабија во 9 век, село во Романија во 14 век, Украина 18 век и .т.н.). Самото име Македонија одсекогаш будело гордост и желба за слобода и самостојност кај македонскиот народ. Поради тоа името Македонија не било посакувано од нејзините поробувачи. Оттука, како што пишува американски весник "The sun" (16.06.1903), Турските цензори протестирале против зборот Македонија од Новиот Завет на Библијата. Едноставно не го сакале зборот кој потсетувал дека Македонија не била нивна земја, туку земја на македонскиот народ, кој некогаш бил така славен и “господар на светот“. Повторното појавување на името Македонија на географски карти кон крајот на 20 век, име кое одамна беше избришано од светската политичка сцена, предизвика загриженост кај сите оние држави кои во Балканските војни 1912 и 1913 година анектираа делови од територијата на Македонија. Стравот од обединување на поделената Македонија, ги натера овие држави и нивните поддржувачи да продолжат со притисоци и закани, со присвојување на македонското културно наследство и негирање на името и идентитетот, јазикот и црквата на Македонците. Соседите на Македонците чии држави биле формирани во текот на 19 и 20 век со помош на големите европски сили (Русија, Австри-Унгарија, Обединетото кралство, Италија) и кои со нивна помош ја поделија територијата на Македонија во Букурешт 1913 година, за разлика од Македонците, ниту една од нив немале држава пред Христа. Свесни за својот хендикеп, тие денес му го негираат името, идентитетот, јазикот на македонскиот народ. Сите тие како да го заборавиле проклеството што ги следи оние кои се обиделе да чепнат во Македонија и во заоставштината на македонското културно наследство, кое впрочем му припаѓа на македонскиот народ. Нашите соседи како да заборавија на цената која ја платија во Балканските војни, во Првата и Втората светска војна, како и во граѓанската војна во Грција. Мекедонецот никогаш нема да го заборави геноцидот кој бил извршен врз него како што нема ни да се откаже од името Македонија (НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА). Едноставно Македонците со векови го носеле тешкото бреме да се зачува гордото и величанствено историско име Македонија. Тие успеале да го сочуваат со векови додека биле под туѓо ропство. Меѓутоа, додека нашите претци и покрај сите тешкотии кои во минатото ги минувале под разни ропства не се откажале од македонското име, денес во слободна македонска држава предавничката влада на чело со СДСМ си дозволува во име на целиот македонски народ бесрамно и противуставно да се откажува од името, јазикот и идентитето. Тоа се луѓе со слаб карактер, со мал умствен капацитет, кои заради личниот комодитет, не можат да го издржат големиот товар на македонското име. Тоа се непромислени луѓе кои не можат да сфатат какво драгоцено богаство распродаваат, а кое впрочем не е нивна лична своина, туку им припаѓа на генерациии пред нас и на генерации по нас. Тоа што тие денес го даваат нема цена и не може да биде замането со ништо. Еден ден ќе одговараат и тоа дебело, ќе лежат во зандани за Велепредавството кое и го нанесуваат на Македонскиот народ. Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна. Степенот на одговорност го квалификува делото на предавство или велепредавство. Таквите функционери се судат по редовна постапка, а понекогаш им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка. Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава. Тој што Ве предал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото. Гоце Арнаудов има испеано многу убава песна за предавниците кои го продале сопствениот народ. Оваа песна ќе им се пее утре на сите оние кои денес ставаат потпис за редифинирање на македонската држава. Линк од песната: https://www.youtube.com/watch?v=ppkZCN87hk8 |