Среда, 10 Август 2022   
ЛАГИТЕ НА БРИСЕЛ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

1odor Пишува Тодор ПЕТРОВ

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето... Македонија доби нестандардна процедура за преговори за членство во Европската Унија. Сите почнуваат со Меѓувладина конференција на која се утврдува Преговарачка рамка, Македонија до одржување на Меѓувладината конференција доби три задачи поради бугарското вето, рамно на објава на војна, полно со омраза против Македонскиот народ. Прво да се склучи Протокол за спроведување на Договор, второ да се одржи Политички состанок ЕУ-Македонија и трето Собранието на Македонија да ги впиши бугарите во Уставот на државата. Е, дури откако сето ова ќе се стори, ќе се свика и одржи Меѓувладината конференција ЕУ-Македонија за утврдување на Преговарачката рамка за членство на Македонија во Европската Унија, со услови кои никогаш не можат да се исполнат. Преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, треба да се претворат во агонија за асимилација и денационализација на Македонскиот народ, а Македонија од држава треба да стане територија без Македонски народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија.

Прв чекор, Владата потпиша Протокол за спроведување на Договорот Заев-Борисов од 17 јуни 2017 година. Протоколот во кој се содржани сите идентитетски, образовни и историски прашања е врз основа на членот 12 од Договорот, во кој се зборува за годишен извештај. Но, Протоколот не претставува обичен годишен извештај, бидејќи од 2017 година одржани се само две меѓувладини комисии, Протоколот претставува Анекс на Договорот. Затоа, ЕУ му придава посебно значење и го инкорпорира во француската Преговарачка рамка. Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа Протоколот на 17 јули 2022 година.

Втор чекор, На 19 јули 2022 година се одржа Политички состанок ЕУ-Македонија на кој се донесоа заклучоци со кои се поздравува Протоколот од 17 јули 2022 година и се препорачува впишување на бугарите во Уставот на Македонија како предуслов за одржување на Меѓувладината конференција на која ќе се утврди Преговарачката рамка.

Запамтете, Македонија се уште нема Преговарачка рамка, предложена од Францускиот претседател Макрон на 23 јуни 2022 година, наводно корегирана со дополнителните 4 услови од Бугарското Собрание, на 30 јуни 2022 година.

Во отсуство на Меѓувладина конференција ЕУ-Македонија, не’ залажаа дека Македонија започнува скрининг процес од Европската Унија кој треба да трае од септември 2022 година, ќе трае 16 месеци, заклучно со ноември 2023 година, како анализа на состојбата во земјата во однос на усогласеноста на домашното со законодавството на Унијата. Практично најдоцна во овој период, треба да се извршат уставните изменувања и дополнувања.

Македонците можеби се сиромашни и гладни, ама ниту нафта пијат ниту на гранка растат.

За да ја залажат јавноста откога Македонија не доби датум за почеток на преговорите во 2018 година, најавија скрининг процес. И, Македонија од 27 септември 2018 година заклучно со 31 мај 2019 година веќе спроведе еден скрининг со Европската Унија. Овој новиот скрининг од септември 2022 до ноември 2023 е реприза, бидејќи нема Меѓувладина конференција.

Трет чекор, Од септември треба да почне постапка за донесување на уставни амандмани за впишуање на софиските врховисти и колаборационисти како бугари во преамбулата и членот 78 од Уставот, без реципроцитет и Македонците да се впишат во Уставот на Бугарија.

Впрочем, бугарската унилатерална изјава за Македонскиот јазик, дека Софија не го признава и за неа претставува дијалект на бугарскиот јазик, не претставува ништо друго туку непризнавање на Македонскиот народ и непризнавање на Македоцните во Бугарија за кои не спроведува 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права!

Кон унилатералната изјава на Софија за македонскиот јазик во прилог на Преговарачката рамка, Бујар Османи придодаде и македонска унилатерална изјава во која се откажа од дијалектите на Македонскиот јазик во соседните земји, поради непризнавањето на Македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Македонците очекуваат да не бидат изгласани изменувања и дополнувања на Уставот на државата Македонија!

Етнички бугари во Македонија, Албанија и Косово НЕМА! Македонија не смее да впиши во Уставот софиски врховисти и колаборационисти за бугари, тоа претставува почеток за системска демонтажа на Македонската држава.

Македонија влезе во лавиринтот на Брисел без почеток и без крај... Агонија која може да заврши само со итно и безуслвно раскинување на Договорот Заев-Борисов и Спогодбата Димитров-Коѕиас... Господ напомош нам Македонците и Македонија.

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.