|
|
OДА ЗА ДВАТА МИНИСТРИ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
(Цртички и отровни стрелички 179)
Неодамна почина поранешната министерка за надворешни работи Проф. д-р Илинка Митрева. Изминативе години не напушти уште еден министер за надворешни работи Слободан Чашуле.
Традицијата вели: за мртвите се најдобро! Ќе се обидам да ја почитувам оваа традиција, но сепак ќе ја искористам приликата да презентирам и понекој детал за обајцата бидејки со нив имав прилика да работам и во новинарството и во дипломатијата. Истовремено сакам да предупредам и за некорекниот однос на некои македонски медиуми кога станува збор за личности од овој висок ранг и на фактот дека не знаеме да ги вреднуваме сопствените кадри.
Поранешната МНР Д-р Митрева беше претставена по смртта во најпозитивно светло, со врвни комплименти за нејзините заслуги, додека екс-министерот Чашуле (1945-2015) по починувањето беше претставен од провладини портали со зборовите:"Едно г...о помалку". Жално и крајно нечовечки!!!
Д-р Митрева ми беше шефица кога престојував во Скандинавија како вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Шведска и нерезидентен амбасадор во Финска, Норвешка и Естонија. Неколку сеќавања за нејзината посета на регионот од мојот дипломатски бележник /за авторите на нејзината биографија/. Дојде во звнична посета на Финска со делегација од дури 16 члена (дипломати, новинари, камермани...) Домаќинот, МНР на Финска Ерки Туомиоја официјалната средба на двете делегации ја закажа во приватната резиденција на руските цареви што финците сега ја користат за офцијални средби на високо ниво. Кон средината на разговорите нашата министерка одеднаш напросто експлодира (!?) нервозно извикувајки:"Јас не можам да издржам веќе! Мораме да направиме пауза"! Финецот, ладен како глечер само ја погледна и реагираше:"Колешке не ви е добро?". "Не, не, само морам да запалам цигара", реплицираше министерката.
"Во ваш интерес е да не информирате што повеќе за да знаеме како стојат работите во вашата земја и регионот. Предлагам да не губиме време", рече министерот Туомиоја и им даде знак на неговите помошници да донесат пепелници, со што се надмина проблемот.
Некаде кон средината на 2005та година ми истекуваше мандатот и од МНР стигна депеша за моето враќање. Терминот за повраок се совпадна со концертот на пок. Есма Реџепова во прочуената сала Финландија, во Хелсинки што го подготвувавме подолго време. Од кабинетот на финската претседателка Тарја Халонен ми стигна известување дека доколку на концертот присуствува и амбасадорот на РМ, дека и таа (претседателката) ке присуствува. Веднаш пратив известување до нашата МНР за новонастанатата ситуација со барање моето враќање да се одложи за недела-две. Но од Скопје стигна реакција од тогашниот генерален секретар во МНР во стилот:"Министерката ве моли да се вратите според планот". И така и би. Подоцна разбрав дека концертот на пок. Есма поминал незаборавно, а претседателката Халонен и испратила на сега пок. Есма огромен букет рози.
Турнејата на министерката Д-р Митрева продолжи во Шведска. На ручекот што го приредија во нејзина чест главно се расправаше за состојбите во регионот при што ја презентирав мојата идеја да се разгледа опцијата како можно решение за Косовското прашање да се земе примерот со архипелагот Оланд во Балтичкото море (станува збор за 25.000 мали острови со околу 25.000 жители, од кои 90% се швеѓани. Таму се е на шведски, а архипелагот историски секогаш припаѓал на Шведска, но заради нејзината подршка на Германија во Првата светска војна, Велика Британија наметнала во Лигата на народите тој да и припадне на Финска).
Мојата идеја не помина бидејки големите светски центри на моќ очигледно имале други идеи на ум. Но идејата очигледно предизвика интерес во Македонија. Делегација на ДУИ, предводена од Муса Џафери /одработувајки за Косово/ го посети архипелагот, а и Хелсинки за подробно да се информира за оваа опција.
Со Слободан Чашуле работев многу години во редакцијата на Танјуг за Македонија во Скопје. Тој, со пок. Зоран Дограмаџиев беа првите македонски новинари кои заминаа за дописници на Танјуг (Слободан известуваше од Бразил), од кога се разби српско-црногорската блокада за македонски новинари во Танјуг. Важеше за вонсериски новинар (подоцна беше дописник и од Мексико), амбасадор во Мадрид,а беше и полиглот.
Неговото познавање на странски јазици и новинарски талент ќе биде забележено во новинарските антологии осбено по настапот на Седмата конфееренција на неврзаните што се одржа 1983 година во Њу Делхи. Имено, на шефот на делегацијата на новинари на Танјуг му починала мајката а го именува Слободан за шеф на тимот известувачи. А Слободан, во негов енергичен стил, кога го слушал говорот на Фидел Кастро, на шпански, веднаш правел извештај на срско-хрватски, па кратка верзија и на англиски, португалски ..... Слично било и со говорниците кој настапувале на англиски, португалски, француски јазик. Останатите известувачи бргу ги увиделе капацитетите на Слободан и набргу стекнал углед на човек-агенција и мноштвото новинари буквално ги чекале неговите извештаи.
Ете само неколку детали од моите искуства со двата сега покојни министри за надворешни работи Д-р Илинка Митрева и Слободан Чашуле.
Нека почиваат во мир!
|