Македонска нација
Недораснатата и недозреаната македонска политичка елита од СДСМ со своите мечтаења за брзо членство во ЕУ не внесе во немирни води, во кои на коцка се ставени луѓето и државата.
Власта без да го праша народот склучува договори со кои го менува името, ја ревидира историјата без да ја слуша научната фела, ги распродава македонските дејци, јазикот и го менува идентитетот на македонскиот народ. А народ без историја, без корени, ќе ја изгуби и територијата без разлика дали тој бил во НАТО или ЕУ.
Во последните три децении од осамостојувањето, ние се повеќе ја губиме државата.
Најголема вина ја имаат социјалдемократите кои најпрво со прифаќањето на референцата ПЈРМ, па со промената на знамето и во последно време со договорите со соседите ги срушија столбовите на кои е изградена македонската држава. Едноставно во последните пет години тие удрија по темелите на државата.
Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година изгледа не им е доволен на соседите, па под закана за вето за ЕУ, тој се допрецизира со анекс. Од власта изјавуваат „дека работни групи од Македонија и од Бугарија секојдневно работат на надминување на разликите во врска со примената на договорот“.
Сепак Бугарија има многу чуствителни барања од Македонците., како барањето да се признае дека Гоце Делчев е Бугарин и да се брише од македонските споменици дек Бугарија била фашистички окупатор во Македонија за време на Втората светска војна. Дури бугарските политичари даваат несоодветни и контраверзни изјави што не доликува на една соседна, пријателска земја членка на ЕУ и НАТО. Така тие велат да се остранат спомениците во Македонија кои ги навредуваат нивните чуства и имаат „бугарски корени“ и ако треба ќе испратат инжинериски полк да ги сруши истите.
Никој не го окривува бугарскиот народ за она што бугаската влада го направила за време на Втората светска војна. Но зарем некој мисли дека со декрет и со остранување на спомениците може да се заборави дека тие биле на страната на фашистичката оска и одговорни за холокаустот на Евреите во земјата?
И наместо да се извинат за се што направиле тогашните власти, денес бугарите бараат ние да заборавиме нешто што со ниеден декрет не може да се заборави. Сеуште има живи сведоци од тој период или нивни потомци, кои ги чуствуваат последиците на злосторствата извршени во тој период.
Дека ништо со сила не се постигнува најдобро говори еден разговор со постари мештани кој се водеше во седумдесетите години на минатиот век во бугарското село Равда, во близина на Несебар, Бугарија.
Додека се шетавме покрај обалата, неколку мештани седнати пред портите не прашаа од каде сме. Ние рековме од Македонија, а тие ни одговорија: „И ние сме Македонци, од Егејскиот дел на Македонија. Овде сме дојдени по размената со Грција по Првата светска војна.“. Едноставно и по толку години, Бугарија не успеа нив да ги асимилира.
Никој не може Македонецот да го скрши, без разлика што пишува. А овие магарешки години ќе поминат, политичарите конечно ќе созреат, но магарешкиот инает ќе остане.
Македонецот нема така лесно да се предаде.
Еднаш Македонец, засекогаш Македонец.
АМИН!
|