Среда, 31 Август 2022   
Свекрва : Секој десетти во Скопје е нечиј шпион!

1 Свекрва 

„ (Градот-нз) е преполн со многу конзулати и сомнителни продавници, кои со сигурност може да се припишат на поединечни филијали на тие конзулати. Многубројни, незапослени и со проблематична егзистенција, луѓето ве среќаваат на секој чекор и на секој час на улица, тие ве следат, не знаеш ни зошто, каде си пошол, со таа глупава ориентална итрина што им ѕирка од очите, одат потоа кај нивните газди, известувајќи ги за „вестите“ и потпишувајќи ги признаниците... Со мирна душа и чиста совест може да се каже дека секој десетти во Скопје е нечиј шпион...“- пишува Патар Кочиќ во текстот „Слики од Стара Србија и Македонија“, објавен во сараевскиот весник „Ден“ во септември 1905 година.

Во рамките на српската пропаганда во Македонија, истакнатиот српски писател и политичар Петар Кочиќ (Стричичи, 29.06.1877 – Белград, 27.08.1916) поминал помалку од десет месеци во Скопје во 1905 година. Тука работел како учител по српски јазик и литература во локалната гимназија и учителска школа, кои биле сместени во истата зграда. Во овој период, на сцената на скопското здружение „Српско коло“, во своја режија, ја постави својата едночинка „Јазовец на суд“, кој се смета за првиот театарски настан во историјата на Скопје. На изведбата на претставата присуствувале претставник на турските власти и сите конзули, освен австрискиот.

Кочиќ бил отворен, директен, чувствителен и праведен, па за кратко време успеал да ги освои срцата на повеќето негови ученици, но и да ја загуби наклонетоста на оние кои вистински управувале со христијанскиот дел од скопската чаршија во тие кризни години. Поради неговите особини, се нарушила врската со тогашниот српски конзул, што пак делуваше на должината на неговиот престој во Скопје.

Имено, од моментот кога пристигнал во градот, Кочиќ пишувал дописни извештаи за сараевскиот весник „Дан“ во кои се занимава со атмосферата што ја затекнал во градот. Во статијата „Слики од Стара Србија и Македонија“ тој ќе напише:

 „ (Градот-нз) е преполн со многу конзулати и сомнителни продавници, кои со сигурност може да се припишат на поединечни филијали на тие конзулати. Многубројни, незапослени и со проблематична егзистенција, луѓето ве среќаваат на секој чекор и на секој час на улица, те ве следат, не знаеш ни зошто, каде си пошол, со таа глупава ориентална итрина што им ѕирка од очите, одат потоа кај нивните газди, известувајќи ги за „вестите“ и потпишувајќи ги признаниците... Со мирна душа и чиста совест може да се каже дека секој десетти во Скопје е нечиј шпион...“

На Кочиќ ова не му беше доволно, па во продолжението на статијата го напишал и ова:

„Зборот конзул е тежок и гломазен збор. На крајот на краиштата, како се зема, на пример, кога ќе се додаде придавката англиски, руски, француски и австриски, тогаш е страшен и морничав. Кога пред него ќе се стави придавката бугарски, грчки и српски, тогаш тој збор не вреди ни луле тутун. Уште повеќе, таа потоа ги расположува Турците за шега и смеа, па тие веднаш се фаќаат за мустаќите и со иронична насмевка прашуваат: „Кач пара (колку пари)?

Со своите провокативни „објави“ во тогашните медиуми, Кочиќ собра многу симпатии, но и многу напријатели. Иако ги собра симпатиите на сите негови ученици, тој исто така создаде завист и нетрпеливост кај некои свои колеги. Истите тие и повиканите едвај дочекаа згодна прилика за да се ослободат од славниот, но незгоден и непосакуван гостин.

По повод статијата „Една фамозна свадба“, објавена во белградска „Политика“ на 22 јули 1905 година, во која Кочиќ ја опишува свадбата во која српскиот архимандрит Сава ја мажи ќерката за „бугараш“ во Тетово, претставникот на српскиот генерален конзул во Скопје го тужел писателот до министерството во Белград. Со решение од 20 октомври 1905 година Министерството побарало да биде префрлен Кочиќ од Скопје во Битола. Меѓутоа, тој го одбил трансферот, сметајќи го за незаслужена казна и тргнал за Белград. Но, поради своеволно напуштање на местото и неизвршување на наредбата за преместување, Петар Кочиќ бил отпуштен од српската државна служба  со акт на Министерството од 14 ноември 1905 година.

По повеќе од еден век во Скопје се гледаат истите слики. Градот е преполн со шпиуни, невладини организации кои се нивни испостави и кои им испорачуваат потребни информации, луѓе кои ве следат на социјалните мрежи и поинаку, потоа ве прислушкуваат и т.н, Како последица на сето тоа медиумите одвреме навреме ќе објават прислушкувани разговори, видеа каде се гледа како луѓето од власта бараат мито, како земаат пари.

Исто така, одвреме на време повторно се слушаат луѓе со иронична насмевка како прашуваат за „Кач пара (за колку пари)? Имено, отворено ве прашуваат дали сакате да влезете во ЕУ, односно колку пари барате за да се откажете од историјата, од идентитетот. јазикот и културата.

Меѓутоа, ако некој се обиде да се спротиставува на социјалните мрежи или пак со некој текст како Кочиќ, тогаш луѓето кои ве следат, веднаш ќе ве обвинет за говор на омраза и како во минатото може да се случи истиот да остане без работа или пак да го снајде уште многу понепријатни нешта.

Ништо не е сменето. Се уште има луѓе кои за пари ќе продадат се! Но уште повеќе има луѓе кои и покрај сиромаштијата, и покрај сите непријатности и тешкотии низ кои минуваат не можат да се купат. Тие сеуште активно се спротиставуваат на распродажбата на националните интереси. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.