Среда, 07 Септември 2022   
ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ И ДРУГИ

1martin1

M-r Maртин Треневски, Поранешен министер и амбасадор

 (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 183)

1. Ни пристигна уште еден 8ми септември - Денот на независноста на Република Македонија. И наместо да му се радуваме како што доликува, ние го дочекавме во тмурна, да не речам траорна атмосвера заради состојбите во кои не донесе коалицијата на власт СДСМ-ДУИ, но и последиците од кризите на меѓународен план и енормните поскапувања со коишто се соочуваат граѓаните како последица од војната во Украина.

   Денот на независноста во напредните демократии е најголем празник што се одбележува со бројни манифестации, воени паради и други активности. Сетете се на "Четврти јули" (Fourth of July), националниот празник на Америка, или "Бастилја" (14ти јули) националниот празник на Франција што се одбележуваат со гламурозни воени паради, огномети и сл. А ние, да се потсетиме на одбележувањето на 30-годишнината на независноста на 8ми септември во 2021 што некадарната влада и уште понекадарниот претседател на државата Стево Пендаровски буквално ја оскрнавија со бесмислена наводна парада пред Собранието и слични егзибиции. А кулуминација на безидејната "прослава" како да беше жалниот пожар во болницата во Тетово кога живи изгореа 16 пациенти од ковид 19. Трагично, навистина многу трагичноо.

   Неспорен е заклучокот дека ниту Владата на РМ, а ниту шефот на државата С. Пендаровски немаат елементарно чувство за државност и наместо на 8ми септември да му посветат максимална почит, се е препуштено на импровизации и бесмислено трошење на и онака ограничените средства од Буџетот.

  До кој степен е дилетантизмот на владата и шефот на државата доволно говори сеќавањето на таканаречената прослава на 30-годишнината од Референдумот за независност на 8ми септември 2021 година доволно говори што од сите, ама буквално сите манифестации тотално беше исклучена опозицијата, а апсолутно никакво внимание, а камо ли почит, не се даде на Првата влада на независна Македонија на Премиерот Акад. д-р Никола Кљусев

  Нека се чуе и прочуе: РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА 8ми СЕПТЕМВРИ 1991 ГО ОРГАНИЗИРАШЕ ЕКСПЕРТСКАТА ВЛАДА НА ЧЕЛО СО Акад. д-р НИКОЛА КЉУСЕВ. За популаризација и мотивирање на граѓаните да гласаат за осамостојување беше задолжено Министерството за информации што го предводев јас и тврдам дека ние си ја завршивме работата беспрекорно!!! Денес многумина се топорат дека биле најзаслужни за успешниот исход на референдумот, но вистината е една и таа е: Собранието на РМ НА ПРЕДЛОГ НА ВЛАДАТА НА Акад. д-р НИКОЛА КЉУСЕВ донесе одлука за одржување на референдум за независност (во време кога во Босна и Хрватска беше разгорена војната), а Референдумот го организираше и спроведе токму Експертската влада, а не олјевци-дојлевци што сега се топорат како небаре клучни егзекутори на таа историска операција, што според мене беше конечно остварување на идејата за која се покренати бројни буни и востанија и за која се положени десетици илјади драгоцени македонски животи!!!

   Ја повикувам МАНУ и целата историска наука да започне проект со којшто ќе се регистрираат до најситен детал сите сознанија за овој историски настан бидејки независност не се стекнува секој ден, а цената што ние македонците ја плативме во загубени животи и материјални добра изминативе векови за независна држава на дел од Македонија - Републиката, е навистина прескапа. Особено сега, кога се што е македонско е на распродажба, а во тек е систематска и на долги патеки операција на албанизација на земјата

   НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ЗА НА ВЕК ДЕНОТ НА ЕНЗАВИСНОСТА 8ми СЕПТЕМВРИ!!

1se1

ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ: ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ПЛЕБИСЦИТАРНОТО ИЗЈАСНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ

2. На 1 септември годинава Полска објави дека ќе бара од Германија репарации за штетите што нацистите ги направиле во текот на Втората светска војна во висина од 1,320 трилиони долара (Со зборови: илјада и триста дваесет милијарди долари). Ова го соопшти Јарослав Качински, претседател на владеачката Партија, на правото и правда (ПиС), нагласувајки дека до таа бројка дошла комисијата од 30 економисти, историчари и други експерти, со напомена дека бројката може да биде уште поголема.

   Полската страна предвидува долги и тешки преговори со Германија, но одлучна е да обезбеди надокнада за материјалните штети што и ги нанесоа нацистите. Полска во текот на Втората светска војна имаше шест милиони жртви, од тоа три милиони полски евреои.

  Оваа информација ме наведе на помисла: зошто и Република Македонија, кога би имала нормална а не поданичка влада како сегашнава, не побара од Бугарија (како контра услов во преговорите од наша страна) обештетување за сите штети што ни ги направија како окупатори во периодот 1941-1943 што се проценуваат на 20 милијарди долари!?. Аргументите се без сомнеж на наша страна. Имено, на Мировната конференција во Париз 1945-46 година одлучено е сите земји, сојузнички на Третиот рајх, МЕЃУ КОИ Е И БУГАРИЈА, да плаќаат воени репарации на окупираните земји. Па има ли поголем доказ дека бугарите во Македонија НЕ БИЛЕ АДМИНИСТРАТОРИ, како што денес се претставуваат, туку  О К У П А Т О Р И. Тоа и официјално е констатирано на мировната конференција во Париз!!! Само за информација: Тогашната ФНРЈ во име на добрососедството и за да се рехабилитира Бугарија од фашистичкото минато и го простила долгот за репарации (!?), но без да го праша за согласност македонскиот народ!!!

  Велам "нормална влада" каква што за жал немаме, бидејки ова е силен аргумент малку да се приземјат во Софија и да се соочат со непријатната за нив вистина во очи.

  Кон ова би додал и нешто на што постојано инсистирам, а тоа е да бараме враќање на сите културни и материјални богатства што бугарите ги испокрадија од македонските цркви и манастири во текот на трите години окупација, а и пред тоа!

  Нормални земји и нормални влади така би постапиле кога станува збор за вакви чуствителни теми, многу тешки за преговори, но извонредно значајни како аргумент во преговорите!.

3. Во Македонија бележиме интензивни "интелектуални" и други активности во контекст на нашето членство во НАТО. Летово на Криволак се одржаа до сега најголеми воени вежби со учество на над четири и пол илјади војници од повеќе земји членки. Пред некоја недела во Охрид се одржа голема конференција за јавната дипломатија во НАТО, а деновиве е во тек до сега најголема конференција на НАТО информатичари и експерти во борбата против лажните информации.

   Се разбира, осем експертите од седиштето на НАТО во Брисел, редовно - во соопштенијата се нагласува и присуство на стручна и научна фела!? Ме чуди само: зошто на организаторите  на ваквите конференции не им текнува да поканат и поранешни амбасадори на РМ во НАТО, кога Македонија беше земја-партнер на Алијансата и да се чујат и нивните искуства!?

   Ќе информирам на моето лично искуство, како пример, кога станува збор за јавната дипломатија на НАТО. Во периодот кога јас бев амбасадор на РМ во НАТО (2010-2014), за прв пат во историјата на Алијансата од основањето во 1949 година шеф(ица) на тој департмент беше жена, Г-ѓа Колинда Грабар Китаровиќ. Воспоставивме прекрасна соработка со Мисијата на РМ во НАТО и таа секогаш ни излегуваше во пресрет на нашите иницијативи и барања, без разлика дали стануваше збор да отвори некоја наша изложба, или да биде моја специјална гостинка со свое обраќање на редовните месечни работни ручеци на амбасадорско ниво кога домаќин бев јас и сл. Но, особено сум горд и благодарен на г-ѓа Китаровиќ што успеавме, со нејзина помош и подршка, да донесеме НА СМЕТКА НА НАТО, над 200 студенти од државните факултети во Македонија, да го посетат и непосредно да го доживеат НАТО во Брисел и воената команда во градчето Монс, на самата граница со франција. Мислам дека ова вредеше да се спомене на семинарот за јавна дипломатија во Охрид, бидејки беше одлична приликада се чуе колку е важно младите (особено студентите по безбеност), на лице место, да се запознаат и да чујат од еминентни НАТО експерти кои се целите и методите на дејствување на Алијансата.

4. Министерството за одбрана најави дека ќе купува системи за противоздушна одбрана од Франција за 66 милиони долари со исплата на четири рати, а првата рата ќе била исплатена веќе следниот месец (октомври)!?

   Јавноста, сосема нормално, поставува прашања: Зошто ни е систем за противоздушна одбрана кога НАТО го штити нашиот воздушен простор? А јас прашувам: да не ќе да е повторно и ова некој "бонбона бизнис" за крадење пари од Буџетот бидејки за купување оружје се добива 20% провизија!? Во конкретниот случај станува збор за 13,2 милиони долари што ќе завршат во нечии приватни џебови, или во партиски каси за да им се најдат за следните парламентарни избори!? Сеуште е актуелна набавката на оклопни возила од САД во вредност од 210 милиони долари. Дваесет посто провизија од таа зделка е над 40 милиони долари! Каде завршија тие силни милиони не знам, но прочитав во порталите дека бивша министерка за одбрана од неодамна е сопственик на огромен стан и три куќи на Ул. Орце Николов во скопско Дебар маало!?

   На Антикорупциската комисија е да се позанимава со оваа тема "по допрен глас", што и го испраќам јас лично во оваа прилика.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.