Среда, 14 Септември 2022   
На Македонија и треба нов Илинден – Четврт Илинден!

1 Свекрва

По Првиот Илинден во 1903 и Вториот Илинден во 1944 година, на 8 септември 1991 година следуваше Третиот Илинден. Денес на Македонија и треба нов Илинден – Четврт Илинден! Ден кога се каже НЕ на обидите на Бугарија за асимилација на македонскиот народ. Ден кога ќе и се каже НЕ на распродажбата на националните интереси и ден кога ќе се сруши оваа ненародна власт предводена од СДС и ДУИ!

1 Sm 1 1

Во 1990 година беше формирана ВМРО ДПМНЕ (1990), единствена партија која по започнувањето на процесот за разградување на Југославија се залагаше за излегување од федерацијата и за создавање на независна и суверена Македонија. Сето тоа резултираше на 8 септември 1991 година, кога водени од идеалите на двата Илиндени, македонскиот народ го исполни вековниот сон и на референдум се изјасни за самостојна, независна и суверена македонска држава - Република Македонија.

Драган Богдановски, човекот кој претходно лежеше во македонските казамати само заради неговата борба за самостојна Македонија, беше идеологот кој ги обединуваше, ги водеше членовите и симпатизерите на партијата и го трасираше патот за независна Македонија. Тоа резултираше со мирно осамостојување и трновит пат на земјата кон евроатлански интеграции.

Од 1991 година до денес изминаа повеќе од три децении самостојна македонската држава, во кои членовите на ВМРО ДПМНЕ дадоа огромен придонес, Денес тие кои го посветија целиот свој живот и го преживееја тој трнови пат, се ветерани на ВМРО ДПМНЕ со стекнато огромно искуство во градење не само на партијата, туку и на македонската држава.

3061241

Иако искусни, кои сеуште можеа да дадат свој допринос,  во извесен период „белите глави“ беа запоставени. Тоа го препозна лидерот на партијата Христијан Мицкоски и со новиот партиски Статут пред повеќе од една година беше реализирана неговата идеја за формирање Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

По повод оддржувањето на Првата конференција на Унијата на Ветерани на ВМРО ДПМНЕ која се одржа на 8 септември - Денот на неависноста, во историското демирхисарско село Смилево, лидерот на партијата Проф.Др.Христијан Мицкоски на собирот насловен „Чувајќи ја традицијата, создаваме иднина“ ќе рече: „Мудрост е да се имаат овие луѓе до себе и да се користи нивното животно и политичко искуство. Јас секогаш ќе се инспирирам од нивната несмалена енергија и желба за борба за нашата заедничка мајка Македонија. Би рекол татковска, искрена и пламенита љубов за светите букви ВМРО.“

Дека лидерот Христијан Мицкоски беше во право покажаа и активностите на Ветераните кои започнаа со работа пред повеќе од година и пол, а за кои на оваа прва Годишна Конференција Претседавачот на Унија на Ветерани на ВМРО ДПМНЕ Мане Јаковлевски. Тој во својот говор ќе истакне: 

1 Sm 1 1

„Претседателството на УВ на ВМРО ДПМНЕ започна со работа пред 20 месеци и веднаш одпочна со формирање на општински комитети. Активно учествувавме во сите активности на партијата во изминатиот период и остваривме стотици средби, активно учествувавме на изборни активности и на сите протести и митинзи. За само неколку месеци беа формирани 83 УВ во општинските комитети. До денес формиравме 9 УВ во Европа, Америка и Австралија. Организиравме два протести во Штип и Прилеп за ослободување на нашите браќа кои се бесправно осудени од 27 Април.“

Денес кога нашата држава Македонија повторно преживува  големо премрежие, кога некој повторно се обидува да не разнебитни, кога пак се негира македонскиот идентитет, јазик и историја, Мане Јаковлевски во името на УВ на ВМРО ДПМНЕ, кои целиот свој живот го посветиле на идеите на ВМРО и Македонија, од славното Смилево, ќе го испрати следниот АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:

„ДОЈДЕТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ПОД БАЈРАКОТ НА ВМРО,  ДОЈДЕТЕ ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ , БИДЕЈЌИ КОГА СМЕ ОБЕДИНЕТИ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА И НАШТЕТИ НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА.

Ги повикуваме сите граѓани на нашава Македонија да застанат зад браникот на нашата Татковина, да застанат зад ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот и иден Премиер  Христијан Мицкоски.

Само сплотени можеме да ја одбраниме нашата Македонија и да им ја обезбедиме иднината на нашите деца и внуци!

Само сплотени ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат! Да се обединиме против злото наречено СДС!

Браќа и сестри. Денес одново сме соочени со нова борба. Тоа е борбата да го искажеме нашиот став за договорот со Бугарија кој е изворот на проблемите и асимилацијата кон Македонија.

Мора да се обединиме и масовно да излеземе на Референдум и да гласаме за поништување на договорот со Бугарија.“

Македонија денес е соочена со тешки искушенија, кога Софија со закана на вето за членство во ЕУ бара да се откажеме од нашиот идентитет, јазик и историја. „народот треба на референдум да одлучува дали е за или против Договорот со Бугарија, бидејќи истиот е базата врз кој бугарската држава ја гради својата негаторска политика кон нашата Македонија.

За сите досегашни активности, прво сакам да му се заблагодарам на мојот предходник Драган Демишков-Попето и на сите од претседателството на УВ и раководствата на УВ во Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ истакна во својот говор Претседавачот на УВ на ВМРО-ДПМНЕ Јаковлески.

Ветераните на ВМРО ДПМНЕ, како во 1991 година, кога се одлучуваше за осамостојување на Република Македонија, повторно ќе застанат во првите редови и заедно со младите ќе го поведат отпорот против оваа ненародна власт. Едноставно, мора да им се застане на патот на распродажбата на националните интереси, а тоа можеме само ако се држиме до традицијата и ако сме обединети. Оттука Мицковски од Смилево ќе порача:

„ Традицијата е систем на вредности кои ги издржале најсилните удари врз темелите. А, дел од тие темели е славното Смилево, местото колевка на еден од најсилните македонски синови, еден од основачите на ВМРО и прв генерален секретар Дамјан Груев. Борбата за вредностите, слободата, сувереноста и татковината е еден синџир кој поврзува периоди, времиња, порази и победи, луѓе обединети, алка една во друга кои заедно формираат силен синџир кој ако опстои значи дека каузата била исправна и праведна.“

На Македонија и треба нов Илинден – Четврт Илинден! Ден кога се каже НЕ на обидите на Бугарија за асимилација на македонскиот народ. Ден кога ќе и се каже НЕ на распродажбата на националните интереси и ден кога ќе сруши оваа ненародна власт!

Предвремени избори час поскоро се спасот да ја сочуваме нашата заедничка Македонија!

1 Sm 1 61

 

1 Sm 1 10

1 Sm 1 7

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.