Среда, 14 Септември 2022   
ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА - ПРИВАТНА ЗАБАВА

1martin1

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и екс-амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 184?)

1. Не можам да одолеам а да не коментирам неколку детали од годинешнава таканаречена прослава на 8-ми септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Иако власта глумеше да прикаже дека тој ден е национален празник за сите граѓани на државата (!?), недвојбен е впечатокот дека сепак таа (актуелната власт) си направи приватна забава од која најбескрупулозно и што е наjжално свесно и планирано беше исклучен поголемиот дел од народот, конкретно припадниците и симапизерите на опозицијата! А оние несреќи Пендаровски и Ковачевски не пропуштаа во секоја прилика во своите беседи да повикуваат на потреба за единство, заедништво, сплотеност, неопходна "сега, како никогаш"!?

   Сценаристите и организаторите на таканаречената прослава на Денот на независноста првото промашување го направија на 7 септември, кога на приемот што го приреди спикерот на Собранието Талат Џафери, алијас командант Флорина, еден од командантите на терористичката ОНА - бивш мајор на ЈНА кој дезертирал од касарната во Врање, каде женаму била благајничка и наводно (според тврдењето на еден генерал во емисијата "Во центар" на Васко Ефтов) при бегството си ги понела сите пари од благајната во касарната, биле поканети и двајца поранешни претседатели на Собранието, Стојан Андов (С.А.) и Тито Петковски (Т.П.)! Сметам дека на овие двајцата не им беше место на приемот!!! Па Стојан Андов д е з е р т и р а ш е  на денот кога го реализиравме Референдумот на 8-ми септември 1991! Тој воопшто не се појави на гласачко место тој ден (иако последователно глумеше во монтирано студио дека го прави токму тоа) да се изјасни дали е за суверена Македонија, туку по совет на генерали на КОС се криел во селата помеѓу Богданци и Гевгелија!!! А сега се шепури небаре тој е најзаслужен за успехот на Референдумот. Но историјата ја забележа оваа негова постапка и секако нема да му прости.

    А и лицето Тито Петковски не беше голем ентузијаст за чинот што  го правевме тој 8-ми септември 1991, а беше наклонет повеке кон вториот дел од референдумското прашање:"...со право да се здружи со другите држави од бивша Југославија". Но тој (Т.П.) е еден од основачите на СДСМ (демек трансформираните поранешни комунисти) и затоа им се вклопуваше да биде поканет на сценаристите на приемот на командантот Флорина во македонското Собрание.

   Вистински скандал е што на контроверзниот прием не беше поканет член на семејството на пок. премиер на п р в а т а  (Експертската) влада на независна Македонија Акад. д-р Никола Кљусев, ниту пак било кој член на таа влада (половината веќе се починати) бидејки токму таа влада, го подготви и го реализираше историскиот референдум за независност, а не Стојан Андов и нему слични.

   Следното големо промашување се случи веќе претпладнето, на 8-ми септември во вила Водно, каде Стево Пендаровски додели ордени на четири заслужни добитници на олимписки медали, кому и јас од срце им честитам. Ама и таков чин во типично македонски стил и манир не може а да не помине без скандал. Јавно го прашувам Стевота: Aлo, Претседателе, зошто орден не му додели и на Аце Русевски, освојувач на бронзен медал во бокс на олимпијадата во Монтреал 1976? Дали ти пречеше што тој и приѓа на опозицијата, или...? И Претседателе, ако на Крсте Црвенковски неодамна посмртно му додели орден, зошто не го одликува посмртно и легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски - Буштур, учесник на две олимпијади, 1992 во Минхен и 1996 во Монтреал, каде во колективен спорт, кошарка, освои сребрен медал???

   Па може ли оваа ненародна и антимакедонска номенклатура конечно да се ослободи од идеолошките стеги и  гротескната пракса на ретуширање на историјата наследена од комунизмот и да ги гледа и да ги вреднува луѓето според нивните заслуги за татковината, а не според тоа во што веруваат или каде (политички) припаѓаат? Па како сакате и очекувате единство и сплотување со ваквиот одбивен и некараден однос, со игнорирање и понижување на неистомислениците  - вие, узурпатори на власта што ја распродадовте Македонија и се што е македонско???

   Врв на партизацијата на Денот на независноста секако беше одавањето почит на двата поранешни претседатели на Републиката - Киро Глигоров и Борис Трајковски, според соопштението од Кабинетот на Претседателот: "Во Алејата на великаните на градсите гробишта Бутел во Скопје". Колку за потсетување, пок. Претседател Борис Трајковски НЕ Е сахранет во Алејата на великаните!!! Зошто? Не знам! Дали некој сметаше дека пок. Борис не е достоен да почива до Лазар Колишевски, Видое Смилевски и сличните, или?  Неговото вечно почивалиште е стотина метри подалеку, а недалеку од неговиот гроб почива и првиот премиер на независна Македонија Акад. д-р Никола Кљусев чија влада го спроведе монетарното осамостојување на  независна Македонија, ја формира Армијата на Република Македонија, Македонската дипломатија, со еден збор ги постави темелите на современата македонска држава!

   Колку и да настојуваат идеолошките фундаменталисти (фанатици) од власта да ја игнорираат и избришат од историјата Првата влада на независна Македонија со приватни забави каква што приредија на овој 8-ми септември (слично беше и претходните неколку години), не ќе можат бидејки фактите се неспорни, а и сведоци има сеуште многу.

   А што се однесува до единството и обединувањето, со ваков однос тоа само се разнебитува што, впрочем, можеби е цел на нашите непријатели во стилот на oнаа латинска "раздели па владеј" (divide et impera).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.