Среда, 21 Септември 2022   
Македонската држава ја водат дезертери

1 Свекрва

Ако сакаме нашата татковина да опстане треба да се сплотиме!

На прес конференција ВМРО ДПМНЕ објави информација која стигнала до нив, дека „премиерот (Димитар) Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок... во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен“.

За време на воениот конфликт во 2001 година, има луѓе кои дезертирале од АРМ или не се јавиле на повикот да го бранат територијалниот интегритет на земјата. За жал некои од нив се на челни позиции во власта и не може да се очекува истите да се борат за македонските национални интереси.

Во овие мигови, кога земјата се соочува со ултиматум, со цел да се изврши ревизија на историјата на македонскиот народ, тие сега кумуваат за распроджбата на националните интереси. Овие неодговорни политичари всушност ги попречуваат евроинтегративните процеси.

Секој обид на патриотските сили на македонскиот народ и останатите заедници во земјата, да се сочува земјата оваа ненародна власт тоа го спречува. Од хибриден режим, власта премина во диктатура која за да се одржи на власт и да го испорача ветеното на оние мрачни сили кои ја донеле на власт, континурано го крши Уставот, Законите, процедурите...

Претседателот на Собранието Талат Џафери ставајќи се во улога на уставен судија ја отфрли иницијативата за одржување референдум за Договорот со Бугарија, кој е извор на сите зла за Македонецот, како неуставна, а СДС предводена од дезертерот Ковачевски ја поддржа неговата одлука.

Од ВМРО ДПМНЕ ќе напоменат дека „Џафери по нарачка на антимакедонската СДС е шампион во кршење на Уставот за што не постои друг пример во светот.

Иницијативата за референдум е во согласност со членот 24 од Законот за референдум и не е во спротивност на Уставот, а тој член дозволува распишување на референдуми, но во суштина Џафери не се грижи многу за Уставот, туку ја спроведува агендата на антимакедонската СДС договорена со Бугарија за разнебитување на Македонија.

Антимакедонската СДС за да дојде на власт, штетниот договор со Бугарија го прифати во целост од тогашниот лидер Зоран Заев, кој сега ја продолжува дезертерот Ковачевски.

Работните групи меѓу Македонија и Бугарија изгледа како Македонците да не преговараат со Бугарите, туку дека антимакедонци преговараат околу Македонија, за идентитетот, историјата и јазикот на македонскиот народ.

Седната во скут, за да се оддржи на власт, челниците на антимакедонската СДС прифаќаат речиси се, а секој обид на македонскиот народ да се спречи распродажба на националните интереси се пресекува во корен спротивно на Уставот и Законите.

Покрај воведената диктатура од страна на СДСМ и ДУИ, во која е суспендирано правото, челниците на ДУИ се закануваат со разгорување на етничките тензии доколку се поништи Договорот за пријателство со Бугарија. Така, министерот за надворешни работи, Бујар Османи се закани дека доколку се одбие штетниот договор со Бугарија, Македонија ќе влезе во криза,  а тоа ќе придонесе уште многу повеќе луѓе ќе заминат од земјата и ќе почнат меѓуетнички тензии.

Дека македонскиот народ се наоѓа под голем притисок говори и факрот дека ДУИ бараат и балансерот за вработување на етничките Албанци во администрацијата да се зголеми на 30 проценти согласно последниот попис во кој се употребени бројки на нерезидетно насление, иако ова е спротивно на сите правила и овој број и онака е пробиен. Некој се влезени на работа како Албанци а некои се пријавуваат како Македонци, што најмногу зависи од тоа кој управува со институцијата во која се вработуваат.

Со актуелната политика на СДС и ДУИ единствен спас за граѓаните во Македонија е да си ги спакуваат коферите и да си заминат од земјата.

Поради тоа, време е да се обединиме, Ако сакаме нашата татковина да опстане треба да се сплотиме и да ги остраниме антимакедонците, дезертерите и колаборационистите.

Заради тоа, неопходни се час поскоро предвремени парламентарни избори, друго чаре нема!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.