|
|
Ламбе Арнаудов: Ковачевски, трајно неспособен ДЕЗЕРТЕР, КУКАВИЦА, ПАТОЛОШКИ ЛАЖГО |
Ламбе Арнаудов Има една стара народна мудрост која гласи: “ПОДОБРО СЕДИ МИРНО И МОЛЧИ СИТЕ ДА МИСЛАТ ДЕКА СИ ГЛУП, ОТКОЛКУ ДА СТАНЕШ, ДА ПРОГОВОРИШ И ДА ПОТВРДИШ ДЕКА НАВИСТИНА СИ ГЛУП.“ Денес го направи токму тоа, проговори и потврди дека навистина си е глуп, трајно неспособен дезертер, патолошки лажго и кукавица. Дека си трајно неспособен и без медицински наод и потврда се гледа со голо око од ШАР ПЛАНИНА. Тоа не е согледано од само тие кои ги обвинуваш дека биле нечесни луѓе, туку од целиот македонски народ, освен неколкумината со иста дијагноза како твојата. Со оглед на тоа како ја практицираш узурпираната целокупна власт со твојата дијагноза и го тероризираш сопствениот народ и држава и со твоите глупости ги носиш во бездна, служејќи ревносно на сите внатрешни и надворешни непријатели, се самопрогласи за добротвор и лидер јунак, ама си тежок предавник. За тебе чест, за народот резил, краста и гробар на МАКЕДОНИЈА. Те гледам и си велам: Подобро овој кој го прогласиле за трајно неспособен дезертер, зошто според оваа мизерија што ни ја приредуваш денес со твоето апсолутистичко владеење сигурен сум дека, ако те примеа во МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ќе пукаше во НАШИТЕ. Како што денес изјави, дека си имал некаков “здравствен предизвик“ поточно речено болест, ти посакувам искрено долго, добро здравје и тебе и на твоето семејство, но ако тоа било од лесно минлива здравствена тешкотија, твојата постапка, со која сам си дозволил да се затскриеш зад тоа, и подоцна да не се пријавиш како секој достоен МАЖ, напоменувам, во подоцна доста помирни денови, да ја извршиш својата првостепена света должност кон МАКЕДОНИЈА, те прави вистинска КУКАВИЦА. Е, сега, неупатените, малу на број, се прашуваат: Што си ти трајно неспособен дезертер или трајно определен КУКАВИЦА. Според мнозинството граѓани ти си и дезертер и кукавица, поточно дезертира затоа што си кукавица и како таков се определи да летуваш, шеташ, флертуваш а не да се ставиш во одбрана на загрозената независност и слобода на твојата татковина МАКЕДОНИЈА која како и тогаш така и денес не ја чувствуваш за своја. Природно е секој човек да не мора да биде херој. Но апсолутно е неприфатливо твоето кукавичко однесување од младоста како “атрибут главен“ на твојот карактер да го пренесеш и на функцијата премиер на држава, врвна државничка функција која во прв ред се заснова на храброст, решителност и праведност, и од друга, е срам голем и нема никаква допирна точка со кукавичлук. Премиер, ниту до сега сум чул и прочитал, а не верувам и дека во иднина ќе сретнам, да е истовремено дезертер, кукавица и лажго. Може исклучително ретко да се појави нешто слично само во МАКЕДОНИЈА кога на власт се СДС што искрено се надевам дека уште една ваква сотона нема да има прилика да дочекаме. Зошто си патолошки ЛАЖГО? Го криеше ова од јавноста како змија нозете надевајќи се дека никогаш нема да се дознае и мудро молчеше и лажеше. Лажеше за да не одиш војска, а не признаваш дека си дезертер. Кога си дезертер и да лажеш и вистина да не кажуваш си КУКАВИЦА затоа што, што и да кажеш за да се оправдаш е ЛАГА. Е, МАКЕДОНИЈО НАША. ГОСПОДЕ, каде да те побараме да ни помогнеш? Премиер ДЕЗЕРТЕР, ЛАЖГО И КУКАВИЦА и плус тоа мецена на претседател на држава бетер од него! Овие тешки фалинки не се стекнати, овие се наследни. ГОСПОДЕ ЗЛАТЕН, опамети ги или отвори им ги очите на заслепените. МАКЕДОНИЈА од ТЕБЕ, ГОСПОДИ ЗЛАТЕН, тоа го заслужува затоа што народот со ништо не се огрешил ни кон ТЕБЕ ГОСПОДИ, ниту кон друг народ или поединец. П.С. Таче! Билбордите се за лаги, клевети, измислици и приземна пропаганда а ВИСТИНАТА се докази, факти од кои ти треба да се засрамиш. |