Среда, 21 Септември 2022   
Тодор ПЕТРОВ : НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА “СЕВЕРНА“ ЗА СИТЕ

1odor

Тодор ПЕТРОВ : НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА “СЕВЕРНА“ ЗА СИТЕ, ТУКУ ЗА СИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ОДЛУКАТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1991 - ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ДОДАВКИ И БЕЗ ПРИДАВКИ!

Не постои забрана за употреба на името Македонија и придавката македонски/а/о ниту во Уставот, ниту во ништовната Спогодба Димитров-Коѕиас. 

Во членот 48 (1) од Законот за трговски друштва се вели “Зборот ‘Македонија’ и зборовите изведени од него како и неговите кратенки, знамето и грбот можат да се содржани во фирмата само со дозвола на Министерството за правда.“

И во членот 9 став (1) од Законот за здруженија и фондации се вели истото “Зборот ‘Македонија’ и зборовите изведени од него како и неговите кратенки, може да се содржани во името на организацијата само со одобрение на Министерството за правда.“

Оттука, сите трговски друштва, здруженија и фондации кои сакаат да го користат зборот Македонија и зборовите изведени од него, како и неговите кратенки, должни се, пред регистрацијата во Централниот регистар на Македонија, да побараат одобрение од Министерството за правда. Актуелен министер за правда е Бојан Маричиќ. Во антимакедонската еуфорија на власта, сервилноста на определени експоненти станува алармантна затоа што ги суспендира универзалните права и слободи, за уставните е очигледно. Ама, децата сервилни на Атина и Софија, “различно читаат“ и скандалозно “толкуваат“ на штета на Македонскиот народ!

На 11 февруари 2021 година порталот офф.нет.мк пренесе вест со наслов “Маричиќ го оствари влажниот сон на секој окупатор“ во која се вели: “Министерот за правда Бојан Маричиќ го оствари сонот на секој окупатор, Македонија самата да го забрани за секаква употреба терминот Македонија!“ За ваквата констатација, порталот офф.нет.мк во прилог презентира факсимил од дописот на Маричиќ со кој се забранува терминот Македонија.

Потписот на министерот Бојан Маричиќ стоеше под образложението на инкриминарното решение: “Терминот ‘Македонија’, ‘Република Македонија’, ‘ПЈР Македонија’, кратенката ‘ПЈРМ’ во преведена или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална кореспонденција од СИТЕ!“

Јавноста беше згрозена, реакциите беа бројни, но агонијата продолжи.

Во врска со овој допис, на 12 февруари 2021 година експресно следеше одговор од Министерството за правда во кое се вели: “Министерството за правда не забранува! Министерството за правда има обврска да реагира и да обезбеди мислење со кое правното лице ќе биде запознаено дека треба своите дејства да ги усогласи според Уставот на Република Северна Македонија. Напоменуваме дека согласно Уставот не постои можност за употреба на термините ‘Македонија’, ‘Република Македонија’, ‘ПЈР Македонија’, како и привремената референца ‘Поранешна Југословенска Република Македонија’ и досега нелегално користената кратенка ‘ПЈРМ’ во преведена или непреведена форма кога станува збор за официјална и службена комуникација што вклучува и називи на здруженија кои имаат намера да ги користат меѓународните кодови МК и МКД и кои се декларираат себеси за здруженија кои реализираат активности на територијата на целата држава. Во случај кога во статутот на едно здружение се наведува дека тоа се организира и делува на територијата на ЦЕЛАТА ДРЖАВА и во странство, одобрувањето на таквото именување е можно исклучиво доколку се користи уставното име на државата. Министерството за правда и сега и сите изминати години постапува по овој принцип и согласно Уставот кога станува збор за барања од овој тип. Што се однесува до придавката ‘македонски/а/о’ може да се користи покрај придавната форма (од ‘Република Северна Македонија’ или од ‘Северна Македонија’) во однос на приватни ентитети и актери кои не се поврзани со државата и јавните институции, кои не се основани со Закон и не добиваат државна финансиска помош за активности надвор од државата.“

Меѓутоа, во медиумите се појавија и други решенија со потпис на министерот за правда Бојан Маричиќ, дека барањето за регистрација се одбива како неосновано, бидејќи во називот го содржи зборот “Македонија“! Во образложението на диспозитивот на едно од решенијата со потпис на Бојан Маричиќ се вели: “Согласно уставните амандмани XXXIII, XXXIV, XXXV и Уставниот закон од 12 февруари 2019 година, со нивното влегување во сила, уставното име на нашата држава е Република Северна Македонија, а краткото име Северна Македонија. Согласно насоките на Владата на Република Северна Македонија за извршуавње на обврските на Република Северна Македонија кои произлегуваат од Конечната спогодба, уставните амандмани и Уставниот закон од 12 февруари 2019 година укажуваме, дека сите органи на државната управа и останатите институции кои немаат статус на органи на државна управа треба во целокупната внатрешна и меѓународна официјална комуникација да го користат уставното име или краткото име.“

На 13 февруари 2021 година Министертсвото за правда повторно излезе со изјава со која ги демантира и ги оквалификува како лажна вест обвинувањата, дека министерот Бојан Маричиќ ја забранил употребата на придавката “македонски“ и името “Македонија“ во називот на здруженијата.

- Министерството за правда, секогаш кога тоа е во согласност со Уставот и законите, дозволува да се употребува придавката “македонски“ - се вели во изјавата на Министерството за правда.

Меѓутоа и покрај ова, во медиумите се појави и друго скандалозно решение на здружение со името “Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија - АСНОМ“ со образложение “Со оглед дека барателот не ги исполнува условите опфатени со членот 44 став 1, членот 47 став 3 и членот 52 став 2 од Законот за трговските друштва, имено скратениот назив на здружението создава привид со називот на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), а во врска со членот 9 став 1 и членот 8 став 4 од Законот за здруженија и фондации, се одлучи како во диспозитивот на решението.“

Првиот демант на министерот Бојан Маричиќ, од неговата партија, го испорача поранешната министерка за правда Рената Тренеска Дескоска, која за порталот “Слободен печат“ изјави: “Нема никаква забрана ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор, приватни лица, невладини организации, синдикати или приватни фирми да го имаат во својот назив името ‘Македонија’, ‘Македонци’, ‘македонски’! Додека јас бев министер, беа одобрувани сите барања со употреба на овие термини! Од позвучните имиња  што во мое време добија дозвола за користење на името Македонија е фирмата ‘А1 Македонија’ која е ребрендиран ‘ВИП’. Нема забрана ниту во јавните изјави на граѓаните да се користи терминот ‘Македонија’, ‘Македонци’, ‘македонско’. Името ‘Северна Македонија’ е обврска при официјална комуникација!“

И така од оваа какофонија, напад, па обид за одбрана по бугарското “тази дупка не е дупка“... Реакциите на јавноста, да веруваме, вродија плод, министерот Бојан Маричиќ ретерира. Да се надеваме повеќе нема да има злоупотреба на службената положба и овастување од министерот за правда, кој за хаосот што го создава во правниот промет заслужува разрешување и кривична одговорност!

Инаку, сите трговски друштва, здруженија, фондации и политички партии кои ќе се соочат со ваква и слична забрана од министерот за правда, за употреба на именката Македонија или придавката македонски/а/о во своето име, слободно нека поведат управен спор пред Управниот суд и да поднесат кривична пријава против Бојан Маричиќ до Основниот суд во Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување и за самовластие!

Колку за потсетување: НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА “СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ ЗА СИТЕ, туку ЗА СИТЕ, па и за Владата и Бојан Маричиќ, ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ОДЛУКАТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1991 година - ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА, БЕЗ ДОДАВКИ И БЕЗ ПРИДАВКИ!

На референдумот одржан на 8 септември 1991 година речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за СИТЕ!

На референдумот одржан на 30 септември 2018 година речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, не гласаа “за членство во ЕУ и НАТО“ и не го прифатија Договорот Димитров-Коѕиас за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Конечно, тоа што Бојан Маричиќ не умееше да го прочита и погрешно го “протоклкува“: НИТУ ВО УСТАВОТ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА, НИТУ ВО СПОГОДБАТА ДИМИТРОВ-КОЅИАС НЕ ПОСТОИ ЗАБРАНА ЗА УПОТРЕБА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА И ПРИДАВКАТА МАКЕДОНСКИ/А/О!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА! АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.