Среда, 28 Септември 2022   
ЧАС ПОСКОРО ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!

1 Свекрва  

Македонија не треба да се одрекува ни од својот идентитет, историја и јазик, ниту од својот европски пат!

Македонските власти предводени од СДС и ДУИ, продолжуваат со своите игри за да го свртат вниманието на јавноста од распродажбата на националните интереси. За таа цел се користи војната во Украина, енергетската криза, инфлацијата и речиси секојдневно се сервираат скандали кои се поврзани со витални институции на централно и локално ниво. Иако скандалите ја тресат законодавната, извршната и судската власт, владата предводена од „трајно неспособниот за воена служба“ премиер уво не ја боли и не се сложува со барањата на опозицијата за предвремени избори, ниту пак дозволува одржување на референдум за поништување на штетниот Договор за “добрососедство“ со Бугарија.

Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и народот задега не успева оваа неспособна власт, да ја натера за замине од власта. Иако СДС и ДУИ не успеваат да се справат со последователните кризи како здраствената, економската и енергетската, едноставно не сакаат мирно да ги напуштат фотељите кои им овозможуваат на нивни поединци неказнето да ги спроведуваат своите криминогени и противуставни активности, како и распродажба на националните интереси.

Власта за да ги исполни своите цели, сака да оди до крајот на својот мандат, но резултатите во справувањето со повеќето кризи (здраствена, енергетска, економската, безбедносна) покажа дека таа е неспособна, катастрофална и дека треба веднаш да си замине.

Свесни дека поради својата неспособност не се омилени кај народот, СДС и ДУИ за да ја задржат власта, континуирано  го прекршуваат Уставот, законите, процедурите и деловниците. Едноставно за да спречат оддржување предвремени избори и референдум, тие се користат со низа правни препреки, притоа обвинувајќи ја опозицијата дека е антиевропска и дека ги поречѕва стратешките интереси на земјата!!!

Меѓутоа, обвинувањрто на власта не стои ако се знае дека ВМРО ДПМНЕ уште од осамостојување на земјата се залагал за евроатланските интеграции. Но, залагајќи се заштита на човековите права, опозицијата смета дека власта спречува референдум, кој е највисок облик на демократија. Всушност граѓаните имаат право преку референдум да се изјаснат дали го прифаќаат Договорот за “добрососедство“ со Бугарија со кој се ништат корените на македонскиот народ или пак се за негово поништување и остранување на штетите кои произлегуваат од Договорот, со напомена дека македонскиот народ не се откажува од европскиот пат!

Обидите на власта да се сврти вниманието на јавноста со разни скандали и мини реконструкции, не поминуваат, бидејќу тие нема да ја решат економската и енергетската криза, ниту да го свртат вниманието на Македонците од штетните преговори со Бугарија. Лошо мислење за актуелната власт споделуваат не само мнозинството од македонскиот народ и од преставници на опозициијата, туку и од самата власт. Има многу поддржувачи на СДС и ДУИ кои велат дека власта е неспособна и дека  се потребни избори.

По низата протести против бугаризацијата на македонскиот народ и испратената порака „Не за ЕУ по секоја цена“ кон крајот на пролетта, како и низата анкети, свесна за расположението на народот, власта кон крајот на летто пласира повеќе афери со цел да се сврти вниманието на јавноста. Меѓу нив, во овој период отскокнуваат судирот меќу ОЈО и Финансовата полиција, по што следуваше суспензија на Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, па разминување на патиштата на ВМРО ДПМНЕ и актуелната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска и сега  најновата за превирања во ДУИ.

Според медиумите, по обвинувањата на група незадоволни партиски функционери против Артан Груби како главен виновник за состојбата во партијата, се шпекулира дека Али Ахмети не го дава, а за „мир во куќа“ може да го жртвува Бујар Османи.

Покрај сервирање на скандали за да се отргне вниманието од најгорливата тема за менувањето на идентитетот на македонскиот народ, власта се обидува да се престави како спасител на народот затоа што ја субвенционира струјата. Но заборава дека ниту еден поголем енергетски потенцијал не изграден во последно време, дека акумулациите се испразнети, а да не беше корупцијата и заканите за изградба на „Вардарска долина“, потоа нафтоводи и гасоводи, сега нема да имавме енергетска круза и досега ќе извезувавме струја.

Со оглед на фактот дека Македонија и Западен Балкан уште долго време ќе бидат надвор од Европа, исто така поради фактот дека во ЕУ се бара да се смени начинот на гласање за прием на нови членки, Македонија не треба да се одрекува ни од својот идентитет, историја и јазик, ниту пак од својот европски пат!

Единствен спас за Македонија е, ЧАС ПОСКОРО ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.