Среда, 28 Септември 2022   
Тодор ПЕТРОВ : СТОЛБОВИ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА СЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ЕДНАКВИ ПРЕД УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ

1odor Тодор ПЕТРОВ

СТОЛБОВИ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА СЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ЕДНАКВИ ПРЕД УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ, А НЕ НИШТОВНИТЕ ПРЕСПАНСКИОТ И ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА СО КОИ СЕ ВРШИ ФЛАГРАНТНО КРШЕЊЕ НА ДОМАШНОТО И НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО! 

Министерот за надворешни работи мисли ли пред уста да отвори, чита ли пред нешто да каже? Бујар Османи на ТВ Сител од 15 септември 2022 година рече: “Договорот со Бугарија не може да се смени!“ Кажа и жив остана.

Ами еве што вели членот 13 од Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година:

“(1) Овој Договор подлежи на ратификација согласно уставните барања на Договорните страни. Овој Договор влегува во сила на датумот на размената на ратификационите инструменти на двете Договорни страни и останува во сила за неопределен временски период.

(2) Овој Договор може да биде ИЗМЕНЕТ со писмена согласност меѓу двете Договорни страни. Измените се договараат по дипломатски пат и влегуваат во сила во согласност со став 1 од овој член.

(3) Секоја Договорна страна може да го РАСКИНЕ Договорот со испраќање на писмено известување до другата Договорна страна. Договорот ќе престане да биде во сила една година по датумот на приемот на ваквото известување.“

Значи, министре Османи, не постои меѓународен договор кој не може да се смени! Не постои меѓународен договор кој не може да се раскине! Не постои меѓународен договор од кој не може да се повлече нотата за прифаќање! Не постои меѓународен договор чиј Закон за ратификација не може да престане да важи!

Па, Бујар Османи, во контекст на предлог француската Преговарачка рамка од 30 јуни 2022 година и препораките од Политичкиот состанок ЕУ-Македонија одржан на 19 јули 2022 година, продолжува: “Во суштина никој нема против уставните измени!“

Токму, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ досега повеќепати кажаа дека отфрлаат измени на Уставот, за Бугарите да станат дел од преамбулата и членот 78! Ако Владата е сигурна дека има двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници веднаш нека ги предложи уставните амандамни!

И за кои човекови права зборувате, ако со Бугарија, Македонија нема реципроцитет во меѓусебните односи: Што за Бугари во Македонија, тоа за Македонците во Бугарија!

Ја браните Софија, демек нивниот Устав бил граѓански! Ами, нашиот Устав каков е племенски?

Министре Османи, едно запаметете, независно каков им е Уставот на Бугарија, Софија е должна да го почитува меѓународното право и правата на Македонците во Бугарија, правата на делот од Македонскиот народ во Бугарија!

Во членот 1 од Договорот Заев-Борисов се вели: “Двете Договорни страни ќе развиваат сестрани односи помеѓу себе во согласност со основните принципи на меѓународното право и добрососедството.“

Министре Османи, основен принцип на меѓународното право е принципот на “Суверена еднаквост“ што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Почитува ли Софија нешто од овој основен принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост“ што е основна одредба и во Повелбата на Обединетите Нации?

Македонија беше во сојуз со Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, цели 50 години, овие држави во поранешна СФР Југославија имаа заедничка историја, ама тоа не значи дека Македонците беа Словенци, Хрвати, Бошњаци, Срби или Црногорци, ниту дека овие поради Југославија беа Македонци, посебно или сите заедно!

Министре Османи, го разбирате ли вие членот 308 “загрозување на независноста“ од Кривичниот законик кој гласи: “Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години!“

Министре Османи, вие сте кандидат од партија наследник на терористичката организација ОНА, според стандардите и изјавите на НАТО, која учествуваше во симулирана војна во Македонија 2001 година. Колку за потсетување: ОНА започна војна за територии, а не за права и слободи. ОНА “ослободуваше албански земји од славомакедонските окупатори во Македонија“. Едно е амнестија, но друго е амнезија! Луѓето простуваат, ама не забораваат!

И, престанете да се заканувате со војна и убиства, со агресија и насилство, штом некој не мисли како вас и вашите, доста со таа антидемократија! Уставните измени, за софиски врховисти и колаборационисти како “етнички бугари“, не се компромис и дебата за човекови права, тоа е почеток на демонтажа на државата Македонија, како што беше недопуштено Вие, поради конфликт на интереси, да го решавате македонското прашање во односите со Бугарија! Па, зарем може некој друг место Албанци да го решава албанското прашање, како што Вие си зедовте за право да го решавате македонското прашање во односите со Софија?

Асиметричниот и ништовен Договор Заев-Борисов не е победа, туку обид, системски, Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија! Ова Македонците не го прифаќаат и никој, па ни Вие, во државата Македонија го нема правото на велепредавство со никого, па ниту со Бугарија!

Потсетете се на референдумот од 8 септември 1991 година на кој, речиси осумдесет проценти од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, ГЛАСАА ЗА “СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок!

Потсетете се и на референдумот од 30 септември 2018 година на кој, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ ГЛАСАА “ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО“, НЕ ГО ПРИФАТИЈА ДОГОВОРОТ ДИМИТРОВ-КОЅИАС од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Ако во државата Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и ним им припаѓа, а тие власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување, со кое право ја суспендирате слободно изразената волја на граѓаните вршејќи кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува, со промена на името на државата Македонија и промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, спротивно на одлуките на референдумите од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година?

Зарем заборавивте дека “востание“ кренавте во Македонија против Македонската енциклопедија на МАНУ, затоа што во неа корените Ви беа на Кавказ, зад Карпатите, а вие сметате дека Вие сте Илири, наследници на Александар Македонски, а Македонија е Ваше наследство, дека во 2001 година чукна часот да ги “ослободувате албанските земји од славомакедонските окупатори“?

Министре Османи, после се’, престанете да ја наметнувате Вашата волја наспроти волјата и одлуките на мнозинскиот Македонски народ кога се во прашање неговите историски и идентитетски права!

Министре Османи, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија не се “трите столбови на Македонија“. Столбот на државата Македонија се Македонскиот народ како носител на државноста и граѓаните кои независно од етничкото потекло и верското уверување се еднакви пред Уставот и законите на државата Македонија!

Преспанскиот и Договорот со Бугарија се ништовни, бидејќи се во спротивност со одлуките на референдумите од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година!

Преспанскиот и Договорот со Бугарија се ништовни, бидејќи се во спротивност и со домашното и со меѓународното право! И, како што Талат Џафери за Димитар Апасиев вели “Ова е Собрание, не држете предавање пред студенти“, така и за Вас: Меѓународното право не е болница за лекари и пациенти!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.