|
|
Тихомир Стојановски : ПОСЛАНИЕ ДО СЛЕПИТЕ ВОДАЧИ НА МАКЕДОНЦИТЕ |
Тихомир Стојановски Слеп политичару кој себе си и Македонците ги водиш во јама, ти кој служиш на сатаната и поднебесните сили на злото, кој ги продаваш и понижуваш Македонците. Ние не сме против Русите, или било кој друг народ на пример: Украинците, Американците, Албанците, Болгарите и Гарците. Ние сме народ именуван и пишан во Исусовото писмо и треба да ги љубиме сите. Но ти немаш дозвола и согласност да не продаваш на сатанскиот пазар за ти да се наполниш со пари, да потпишуваш сатански договори во името на Македонците, кој и да си од кое племе да си?! Така сите потпишани договори, без волјата на Македонците, се сатански и ништожни: пржински, охридски, преспански, тирански, татарски, сосе натосаното европејство...каде две земји членки на тие темни сојузи не признаваат Македонци и македонски јазик, како на пример болгарите и грејците, сетне и упреку, а вие слепи водачи, среброљупци упорно како некој малоумни, тврдоглави магариња или завладеани од паднатиот не водите таму. Македонија му припаѓа на Исус Христос и велиме не, за сатаната и смртта и да, за Исуса Христа во Македонија. Исти права и обврски , иста љубов за сите. И за Македонците, Албанците, Грците, Бугарите! Ако не знаете, еве вистина ви велам, ве потсетувам, во името Исусово, дека ќе одговарате за своите дела, од Исусовиот суд, таму нема бегање како од земните судови. Засекогаш Исус, насекаде Исус, во секого Исус. Покајте се и раскинете ги сите сатански договори веднаш. Можеби уште утре ќе биде предоцна. Љубовта Исусова со нас. Мир вам, до Божјо царство небесно. |