Четврток, 29 Септември 2022   
Ламбе Арнаудов: МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ УКРАС НА МАКЕДОНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ

1 Lambe Ламбе Арнаудов

На првиот меѓусебен натпревар после Втората светска војна одигран помеѓу репрезентациите на Англија и Германија , дотогаш лути и непомирливи непријатели во војната, седат еден до друг навивачи, Германец и Англичанец.

Победува Германија и Германецот му вели на Англичанецот: “Ве победивме во вашиот спорт“ алудирајќи на фактот дека фудбалот е измислен од Англичаните. На тоа следел одговор од Англичанецот: “А ние во вашиот“, војната, што довело до пресметка со крвави последици.

Зборот ми е, војната, политиката и спортот ги имаат истите чувства, непријателства особено ако случувањата се  свежи, а не пак актуелни како во случајот помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија.

Уште еден пример дека спортот е “војна“. За време на одржувањето на првото Светско фудбалско првенство во Бразил, ден пред одржување на финалето Бразил бил прогласен за светски првак со слики на тимот во сите весници.

Селекторот на Уругвај, вториот финалист, гневен и огорчен во соблекувалната на Уругвај пред натпреварот ги растурил сликите од весниците на под и ги натерал фудбалерите, а и тој самиот, да ме извинете, да ги помочаат. Уругвај пред 220.000 гледачи победи со 2:1.

Има уште бројни примери, војната предизвикана заради фудбалскиот натпревар чинам помеѓу Хондурас и Сан Салвадор.

Јас сум поранешен фудбалер и не можам, а да не застанам во одбрана на навивачите бидејќи знам каква е нивната улога во мотивирањето на фудбалерите. Особено македонските навивачи. Познаваат фудбал, често знаат да ги наградат со ракоплескање и овации и гостинските тимови.

Сега следува прашање? Дали некогаш нашите навивачи, пред овој меч, исвиркале нечија химна? НЕ.

Второ прашање: Чии деца, сопрузи, синови, ќерки, браќа се навивачите? Зошто така грубо се нафрливте малкумина дома и многу надвор?

Трето: Што ги натерало така да се однесуваат? Сте се запрашале вие нивните родители, наставници, професори, воспитувачи? Веројатно кога ќе ги погледнете сакате да бидете како НИВ, ама кога ќе се видете во огледалото се срамете од себе си.

Во Португалија, една од најнепријателските држави кон нашата татковина, стои дека во Скопје играат Бугарија против Бугарија.

Србија, фудбалската, го зема во одбрана селекторот Крстајиќ како жртва поединец, а вие за срамота сиот македонскиот народ иако жртва на еден духовен геноцид, ги напаѓате единствените кои ја пополнуваат празнината за вас и реагираат на вашето мачење.

Место да им благодарите и ги благословите вие се оградувате и ги напаѓате, за среќа малу сте на број.

Читам, дека реакцијата на македонските навивачи не била соодветна на расположението на граѓаните во Македонија. Најдете стадион што собира милион и пол гледачи и ќе видете, ЗА ЖАЛ, дека реакцијата ќе биде иста на секој натпревар помеѓу Македонија и Бугарија со ваков негаторски став и територијални претензии од Бугарија кон Македонија.

Затоа драги мои навивачи ви благодарам што сте во првата линија на одбрана на својот народ и татковина, и покажавте дека народот е поинаков од политичките предавнички елити кои го даваат името, идентитетот, историјата, јазикот на крај територијата за што на лице место вечерта видоа и се посрамотија.

На крај претседателот на Бугарската фудбалска федерација бара да бидеме казнети. Казнете уште еднаш, казнете уште илјада пати. ЗАРЕМ МАЛУ досега нé имате КАЗНЕТО.

Гајле ни é и нé заболе.

ИЗГОРЕНОТО ГУМНО, ОД ВАС ЗАПАЛЕНО, ПОРЕЗ НЕ ПЛАЌА.

Ова е мој личен став и е предизвикан од тридневното молчење и без трунка разбирање и поддршка на, за дваесет илјадите навивачи сплотени во еден патриотски дух.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.