|
|
Ние Mакедонците не сме ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку просто Македонци |
Свекрва Говорот на омраза предизвикана поради негирањето од Софија, во последните неколку години постојано се зголемува. Освен на социјалните мрежи, постоечките тензии меѓу двете земју најмногу се почуствуваа на фудбалскиот меч меѓу Македонија и Бугарија кој неодамна се одржа во Скопје. Македонските навивачи ја исвиркаа бугарската химна и ги навредуваа бугарските играчи, што би било за осуда ако ова беше повеќе спорстки, а не политички меч. Причини за ваквото однесување на Македонците има многу, а најмногу е негирањето на македонскиот идентитет. Според теоријата на Софија секој славјански народ си има свое име, а името на територијата не може да стане национално. Така и славјаните во Македонија, не можат да го користат името на територија и откако целосно ќе им се одземе правото да го користат македонското име, тие ќе бидат преставени за чисти Бугари делумно „србизирани“, поради делувањето на српската пропаганда пред 1913 година и потоа во рамките на СХС и Југославија. Отука Софија не случајно инсистира да ја престави историјата на Македонците до 1944 година како бугарска и бараат Бугарите да влезат во Уставот на Македонија, пред Македонија да ги започне преговори за влез во ЕУ. Затоа бугарскиот претседател Румен Радев, не случајно за време на престојот на македонскиот претседател Пендаровски на Софија, не случајно беше дециден кога рече дека официјалното отпочнување на преговорите за членство во ЕУ ќе се случи тогаш кога Македонија ќе ги вметне Бугарите во Уставот и дека двете земји мора да најдат заеднички јазик за историјата. Очигледно Софија смета дека Македонците се неоформена маса македонски славјани, кои можат многу лесно со уцена за влез во ЕУ, да им ја превземат историјата и јазикот и да им го одземат идентитетот, преставувајќи ги како Бугари. За да ја заокружат оваа приказна, Софија оди дури до таму, да со закана за вето за влез во ЕУ, бара од властите во Албанија, а и од Косово, да признаат дека имаат бугарско малцинство на нивната територија. Односно сакаат на Европа да и докажат дека ако во Албанија и Косово има бугарско малцинство, тогаш неминовно мнозинството во Македонија се Бугари. Ваквото однесување на Софија, постојаните правокации од страна на бугарските политичари, кои континуирано негираат постоење на македонски народ и македонски јазик, дека Македонците се Бугари и македонскиот јазик е западнобугарски дијалект, потоа барањето повеќето македонски синови од времето на Самуил па се до Гоце Делчев да се престават како Бугари, како и отварањето на бугарски клубови во земјата со имиња поврзани со бугарската фашистичка окупација на земјата и со геноцидот на македонските Евреи за време на Втората светска војна, презивикува огромен револт кај Македонците. Говорот на омраза најмногу шредизвикана со негирањето од страна на Софија, во последните неколку години постојано се зголемува. Освен на социјалните мрежи, постоечките тензии меѓу двете земју најмногу се почуствуваа на фудбалскиот меч меѓу Македонија и Бугарија кој неодамна се одржа во Скопје. Македонските навивачи ја исвиркаа бугарската химна и ги навредуваа бугарските играчи, што би било за осуда ако ова беше повеќе спорстки, а не политички меч. Коментарите во Бугарија и останатите балкански земји беа полни со осуда за неспортското навивање на македонските навивачи. Но сите како да забораваат на вековната негаторска политика на Софија кон Македонците, на Санстефанскиот сон и територијалните аспирации на Бугарија кон Македонија. И покрај големата толеранција на Македонците, таквата бугарска политика може да роди само омраза! Што очекуваа Бугарите дека ќе бидат пречекани со цвеќе после сите увреди и уцени кон Македонија нанесени особено во последните години. Ниту за време на Втората светска војна Македонците ги дочекаа Бугарите како ослободители, ниту пак денес може да се гледа на нив како кон браќа! Софија ако сака нешто да се промени во односите на двата народи, нивните политичари мора да покажат поголема мудрост, мора да го прекинат Санстефанскиот сон. Софија мора да се ослободи од идеологиите на минатото. Исто така, нивните историчари треба да се свртат кон науката, а не кон политиката. Македонија е земја со древна култура и никој нема да успее да ја искорени и на пустината да ги утврди своите интереси. Македонија ќе ги преживее сите несреќи, зашто уште не се исчезнати јунаците во Македонија. Ликовите на светите Кирил и Методија, на светите Климент и Наум Охридски на синовите на Македонија им служат како порака дека и за Македонија ќе дојде светлата иднина кога таа обединета ќе влезе како рамноправен член во семејството на ЕУ. Едноставно, Македонецот повеќе пати низ историјата кажал: “Ние Mакедонците не сме ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку просто Македонци.“ |