Среда, 05 Октомври 2022   
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА - НОВ МАЈДАН ЗА КОРУПЦИЈА

1martin1 

М-р Мартин ТТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 186)

Сегашнава власт на коалицијата на СДСМ и ДУИ што ја узурпира и тормози Македонија, и нивните сателити (коалициони партнери) се чини е ненадмашна кога станува збор за инвентивноста да се крадат пари од Буџетот, институционално - преку министерствата и други државни органи и институции! Конкретен пример, на којшто ретко кој (а особено не - опозицијата) обрнува внимание, а тоа е набавките и опремувањето на Министерството за одбрана.

   Како пример ке ги наведам набавките на воена опрема. Не видов реакции за купувњето на оклопни возила од САД во вреност од 210 милиони долари!? Се сеќавам дури кога беше МНО Зоран Јолевски најави дека ке набавувал тенкови од САД за  дури 250 милиони долари!? На негово жалење, таа зделка не се реализира бидејки набргу по таа најава беше сменет. Велам на негово ќалење бидејки за купување оружје се дава провизија од 20%, што би се рекло: Јолевски и не само тој пропуштија можност да се "омрсат" за 50 милиони долари! Но, како и да е, зделката со набавка на тенкови во вредност од 210 милиони долари сепак е реализирана, што значи провизијата изнесува над цетириесет милиони долари!? Кој и како ја делеше таа провизија оставам на истразувачкото новинарство да истражува, а како можен сигнал би им посочил купубање на оргомен стан и уште три куќи на ул. Оорце Никовол во скопско Дебар Маало од поранешен МО!

   Не помалку коруптивна набавка и по многу нешта до апсурд несекојдневна е купувањето на системи за противвоздушна одбрана од Франција за 66 милиони долари. Ниту некој чул дека за таква набавка се преговара, ниту видел, но што е најсомнително: се поставува неминовно прашањето ЗОШТО ВООПШТО НИ Е СИСТЕМОТ ЗА ПРОТИВОЗДУШНА ОДБРАНА??? И, од кого ќе не брани тој систем??? Па ние сме членка на НАТО, а за нашиот воздушен простор се грижи токму НАТО (air policеing). A што е најсимпнотамитчно, министерката за одбрана Славјанка Петровска соопшти дека исплатата на тие 66 милиони долари ќе се изврши во четири рати, а првата рата ќе се плати веќе следниот месец (октомври)!!! Па чекајте бре луѓе!? Кога се договори зделката и дали во Буџетот има ставка за таа набавка??? Згора на тоа, 20% провизија се 13,2 милиони долари. Па каде заврши таа провизија? Во нечии приватни џебови, или во касите на партиите на власт за да им се најдат за избори?

   Македонија се покажа како лојална членка на НАТО и доследно ги следи политиките на Алијансата за помош на Украина во оружје. Така, веке подаривме 11 тенкови Т72 на Украина, што ги купивме токму од Украина во готово, а некако мистериозно "одлетаа" и четирите Сухои што ги купивме од истата таа Украина и кои спасија многу животи на нашите бранители во борбите против балистичките банди кај Радуша и Арачиново во 2001!

   И други членки на НАТО донираа обилна помош во оружје и опрема на Украина. Но, за разлика од нашиве "хуманитарци" кои даруваа оружје и опрема што ние сме го платиле во готово (!), некои земји практично профитираа, и тоа многу, од своите донации. Полска, на пример, буквално се отараси од старите тенкови од советско време дарувајќи ги на Украина, но за возврат претходно договорија Американците да им ги надокнадат то тенкови од најнова генерација, според стандардите на НАТО! Словенија исто така донира тенкови од советско време на Украина, но претходно се осигура таа донација германците да им ја надокнадат со камиони и други превозни средства.

   За љубов на вистината, американците ни најавија финансиска помош од 78 милиони долари за опремување на АРМ (не знам дали и за оваат донација има провизија???), дали како компензација за тенковите и Сухоите (кои патем можат да служат за резервни делови, а не и да летаат во борбени мисии), но како и да е - важно е дека некаква компензација сепак пристигна.

   Дека не не бива за трговија од овој вид мислам дека е на сите јасно. Често пати ми доаѓа на памет помислата, на пример: што ќе беше ако во 1999 година, за време на НАТО интервенцијата го условивме НАТО со прием веднаш, или по кратка постапка? Тие немаа друг избор освем транспортот на оружје и опрема да го изведат преку Македонија, бидејки тогаш немаше патна врска помеѓу Албанија и Косово. Тврдам дека нашето членство ќе беше и многу побргу и побезболно, бидејки најверојатно ќе беше извршене голем притисок на Грција да не не блокира и не ќе моравме да го менувамне името на државата и уставот на РМ. Но, тоа се само претпоставки и дел од нашето не така далечното минато.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.