Среда, 12 Октомври 2022   
Свекрва : Фашизмот повторно јава во Европа и земјата!

1 Свекрва

СДС, наследниците на антифашистичките борци партизаните во 2018 година го тргнаа споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето и не дозволуваа регистрација на здруженија поради употреба на името „Македонија“, но немаат никаков проблем со споменици и отварање на клубови кои носат име на фашасти.

Така по споменикот на  „Ванчо Михајлов“ во Битола, деновиве беше отворен клуб во Охрид на уште еден фашист „Цар Борис Трети“, директно одговорен за холокаустот на македонските Евреи. Фашизмот како повторно да јава во земјата.

Поминаа повеќе од 70 години од крајот на Втората светска војна, но иако Сојузниците ја добија војната со силите на Оската, фашизмот никогаш не беше победен. Затскриен со години во законодавната, извршната и судска власт, фашизмот во последно време отворено се појавува насекаде во Европа: Германија, Полска, Украина, Грција, Бугарија и т.н.

Некогаш незамисливо, денес следбениците на фашизмот среде срцето на Европа појавуваат фашистичка кореографија. Така, на почетокот на годината имавме прилика да го видиме настапот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во Парламентот на Европа, кој европската јавност ја поздрави со фашистичкиот поздрав и ги сруши сите европски вредности.

Џамбаски во Парламентот на Европа отворено го претстави бугарското фашистичко наследство, Но, ЕУ тогаш молчеше, како што молчи за однесувањето на Софија во Македонија, иако се нарушуваат европски принципи,. Едноставно ЕУ молчи за посетата на бугарската делегација на највисоко ниво на отварањето на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, докажан пријател на Хитлер и Мусолини. Молчи и за отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, човекот директно одговорен како за холокаустот на Евреите во Македонија и Тракија.

Чудно е и молкот на Париз и подршката на Софија во спорот со Македонија околку нашето барање за членство во ЕУ. Не може Париз да не знае за окупацијата и депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во Треблинка за време на Втората светска војна, кога и самата француска полиција во името на гермаските окупатори во 1942 година уапсила околу 13 илјади Евреи кои потоа ги депортирала во логорите на смртта.

Не може, францускиот претседател Емануел Макрон истовремено да говори дека антисемитизмот сеуште постои и да ја истакнува важноста на борбата против него, а исто така да ја поддржува Софија во спорот со Македонија и да се молчи за она што го прави соседот со отварањето на клубови кои всушност го слават фашизмот во земјата..

Иако македонската држава се темели на антифашистичката борба, со ваквата појава на споменици и серија клубови кои носат имиња на фашисти, кои ја окупирале земјата и се спонзорирани од Софија, се добива чуство дека во Македонија повторно се раѓа фашизмот. Исто така, Македонецот има чуство дека е граѓанин од втор ред во сопствената земја, дека истата е окупирана и дека може еден ден како и Евреите да бидат елиминирани. Таквото чуство раѓа и желба за отпор, што може да ја доведе земјата до украинизација.

Сепак, не ни е крива ни ЕУ, ни Софија, ни Атина, ниту македонските Албанци. Виновни се прво Македонците кои поради својата прекумерна толератност дозволија сето ова да им се случува.

Исто така, виновни се зошто молчат кога власта да не реагира на провокациите кога се градат споменици и  отвараат клубови посветени на докажани фашистички колаборационисти и егзекутори не само на припадници на партизанското движење туку  на обичниот народ. Виновни се зошто дозволуваат ништење на антифашистичките темели поставени на Првото заседание на АСНОМ.

Дека Софија сака да ги погази идеалите на АСНОМ покажува отварањето на бугарските клубови кое се врши забрзано пред 11 октомври – Денот на  востанието во Македонија. Но токму тој датум може да значи ново антифашистичко востание против повампирениот фашизам на земјите кои сакаат повторно да ја делат Македонија и домашните соработници.

На народот му е доста од понижување и неспосбноста од корумпираната власт да се спротистави на негирањето на македонскиот идентитет, јазик и култура.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.