Среда, 19 Октомври 2022   
Бледскиот договор од 1947 предвидуваше Културна автономија на Пиринска Македонија и нејзино припојување со Вардарскиот дел на Македонија

1 Свекрва

Софија го поништи Бледскиот доховор од 1947 со кој се предвидуваше Културна автономија на Пиринска Македонија

Проценките на преставници на ЕУ и власта во земјата се дека Македонија ќе влезе во Европската унија до 2030 година.

Со оглед на различните ставови на земјите членки на Европската унија во врска со војната во Украина или ЕУ нема дотогаш да постои или сите балкански земји меѓу кои и Македонија ќе станат нејзини членки без да има потреба земјата да ги прифаќа условувањата на Софија. Едноставно Договорот за добрососедство со Бугарија, со кој се сака да се сотре коренот на македонскиот народ треба да се поништи исто како што Софија го поништи Бледскиот договор од 1947 со кој се предвидуваше Културна автономија на Пиринска Македонија и нејзино припојување со Вардарскиот дел на Македонија.

Бледски договори е името на неколку билатерални договори меѓу ФНР Југославија  и НР Бугарске прифатени во Блед во 1947 година меѓу Тито и Димитров. Овие договори значеа взаемни желби и напори за воспоставување и развој на нови односи меѓу двете земји. Јосип Броз Тито и Георги Димитров сакаа да го претворат „бурето барут“ -  Балканот во зона на мир и општествен напредок. Тоа беше пример за тоа како може да постои мирен соживот и блиска соработка меѓу држава и народ кој во минатото, но и во Втората светска војна, биле непријатели.

Државната партиска делегација, по преговорите во Блед од 30 јули до 1 август 1947 година, се договорила за мерки кои владата на Народна Република Бугарија треба да ги преземе за обезбедување на правата на Македонците во Пиринско Македонија, за нивниот слободен национален, економска и културен развој и воопшто за односите меѓу Бугарија и НР Македонија.

Во Блед беше прифатен и текстот на Договорот за пријателство, соработка и взаемна помош меѓу ФНР Југославија и Република Бугарија, кој беше потпишан и објавен во Евксиноград, како и неколку договори: Договор за взаемна помош, Договор за царинско олеснување и подготовки за царскиот сојуз, Договор за двоен имот на југословенско-бугарската граница, за олеснување на граничниот премин, за преселување на граничните жители и за државјанство меѓу две земји.

Во преговорите, владата на ФНР Југославија во записникот од конференцијата Блед, изјави дека ќе се откаже од 25 милиони долари, на име воената отштета, кои  според мировниот договор НР Бугарија требаше и ги плати на ФНР Југославија. Кога Информбирто ја засили својата кампања против ФНРЈ, КПЈ  и југословенското раководство, владата на НР Бугарија на 1 октомври 1949 година еднострано го откажа Договорот за пријателство, соработка и взаемна помош и сите Бледски договори. освен одлуката да и се прости воената оштета.

Иако веќе признаен, по поништувањето на Договорот помеѓу Југославија и Бугарија во 1948, Софија започна повторно со великобугарската кампања со која се негираше постоење на македонски народ, јазик и култура. Иако македонскиот народ во Бугарија беше изложен на засилена асимилација, сепак не успеа целосно да го бугаризира наслението во Пиринска Македонија.

За жал, во 2017 година Зоран Заев и Бојко Борисов потпипаа Договор за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, со кој и се овозможи на Бугарија да удри и по темелите на македонската држава и постоењето на македонскиот народ во Република Македонија. Едноставно со овој Договор, ако македонскиот народ не прифати Бугарите да влезат во Уставот, како и дека Самоил, Кирила и Методи, Климент у Наум, Гоце Делчев се Бугари, Софија може во секое време да стави вето за влез на Македонија во ЕУ.

Исто така Софија бара од властите во Македонија, да заборават на фашистичкото минато на Софија за време на Втората светска војна, како и да се промовираат клубови кои носат имиња истакнати фашисти и нивни соработници, што е казниво со закон. А пак власта предводени од СДСМ и ДУИ, овозможи за се формираат клубови со имиња на фашисти и нивни соработници, што не овозможува развивање на добрососедски односи.

Имено добро е позната улогата на Бугарија за време на Втората светска војна, какои и улогите на Иван Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети во македонската историја и тие не можат да бидат величани со давање на нивни имиња на бугарски културни клубови во земјата. Исто така не можат ни да се величаат квинслишките организации формирани непосредно по окупацијата и распарчувањето на Македонија во април 1941 г. Тие имале за цел да ја спроведуваат и да ја шират фашистичката идеологија, национализмот и шовинизмот и да се зацврстува и утврдува постојната (бугарска и италијанска/германска) власт, со спречување на оружената борба и ликвидација на припадниците на ослободителното движење. Организации во делот на Македонија окупиран од Бугарија биле: Бугарскиот централен акционен комитет, Ванчомихајловистичката ВМРО, „Браник“, Себугарскиот сојуз „Отец Паисиј“, Сојузот на бугарските национални легиони, Контрачетниците и др. Во делот окупиран од италијанската војска биле: Бали комбетар, Легалитет, Беса, Фаша, Башкими Дибраи (Дебарско единство) итн. Сите организации се расформирани кон крајот на 1944 г.

Македонија мора да го отфрли Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од 2017 година, со кој се удира по темелите на македонската држава и овозможува бугаризација на македонскиот народ. Едноставно на македонските власти им треба нов договор во кој како основа би бил Блетскиот договор: признавање на Македонците во Бугарија и создавање на Културна автономија во Пиринска Македонија. Исто така Македонија треба да ги види опциите за да побара воена оштета од Софија, како што сега Полска бара од Германија за штетата направена за време на Втората светска војна.

http://mn.mk/istorija/19233-So-Bledskiot-dogovor-Bugarija-priznala-makedonski-jazik-narod-i-Makedonci-se-sto-deneska-spori

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.