Среда, 19 Октомври 2022   
Паниката во бугарските редови одамна е позната и прочитана

1doom1 Македонска нација

Негирањето на македонското постоење од речиси сите досегашни бугарски генерации не е нешто ново, уште помалку дека треба да не изненади доколку продолжи. Напротив, Македонија и Македонците знаат до каде оди искреното пријателство на бугарската држава.

Почитуваат само независна Македонија, како географска територија, без уважување на националните атрибути и идентитетот, кој во крвта го носи македонскиот народ. Веќе тука настанува спорот.

Последниве години властите во Софија играат топло-ладно во односите со Македонија. Од категорична и недвосмислена поддршка за нашето државно постоење, до крајна негација за егзистирањето на нашиот етнички идентитет. Некаде помеѓу е проектот за доделување бугарски пасоши и бугарски државјанства на Македонци, кои својата логика на живеење повеќе ја насочиле кон материјалното, отколку кон националното.

Нејсе. Најголемиот кочничар во развојот на македонско-бугарските односи неспорно е различното толкување на историјата. За нас таа е јасна, различна од бугарската, крајно спротивставена на бугарските толкувања, а за нив е иста, неодвоива, меѓусебно зависна и поврзана. Врз основа на овие различни постулати, денес се создава затегната атмосфера не само помеѓу владите во Скопје и  Софија, туку и меѓу самите народи во обете држави. И тука почнуваат уцените, ултиматумите и заканите на нашиот источен сосед. Тие биле влезени во Европската унија, а ние сме во чекалната за прием.

Дај му на човек власт, за да видиш што човек е. Дај им на бугарите членство во ЕУ, за да видиш што држава се.

Како одминува времето се појасно е дека партиципацијата на Бугарија во ЕУ е повеќе деструктивна отколку конструктивна. Тие едноставно не само што ги искористуваат своите позиции на рамноправни членки, туку и ги злоупотребуваат за постигнување шовинистички цели, кои се граничат со лудило и шизофренија. Европа мора конечно да се отвори и да почне да спроведува јасна политика во поглед на справувањето со ваквите нелогичности. Таа треба да излезе од лавиринтот и ќорсокакот во кои западнала и конечно да и покаже со прстот на Бугарија, дека местото на нивната политика и дипломатија е во Средниот, а не во 21 век.

Пласирањето историски небулози и фалсификати за македонската историја е политичка пракса на софиските политичко-историски установи. Потпирајќи се врз лаги и искривени факти, бугарските современици се обидуваат да променат една цела ера на македонизмот, кој постои во својот изворен облик од античкиот период, па се до денешново современие.

Континуираната асимилација и дискриминација на македонското население во Пиринска Македонија е проблем за кој Бугарите не сакаат да разговараат. Зошто? Се плашат од нивната бројка, стравуваат од нивното политичко здружување и дејствување?

Па, нели се малку, нели броеле неколку стотици само? Тоа е занемарливо во споредба со вкупното население во Бугарија. Или бројките кажуваат нешто сосема друго.

Паниката во бугарските редови одамна е позната и прочитана. Но, борбата за права и слободи не може да се сопре со некаква забрана за дејствување на македонските организации или со стопирање на нивното учество на некој изборен циклус. Таа е посилна од се. Софија е исправена пред ист предизвик. Тие, кога тогаш, ќе мораат да ја спознаат стварноста. Тие ќе мора да се раководат по принципите на човечноста, а не според актите на нивното фашизоидно минато. За такви политики повеќе нема место во современа Европа.

Поимот Македонец не е географски, туку национален. Секоја држава го добива своето име по народот кој ги населува, па така Македонија во етногеографските граници од 1913 година ги опфаќа териториите не само на античка Македонија, туку и на јужниотдел од Дарданија, источен Илирик, Пеонија, западна Тракија, како и дел од Епир. На сите овие подрачја живеел македонски народ.

Затоа се неосновани тврдењата на современите бугарски историчари и политичари дека Македонците го носат тоа име, само поради тоа што потекнуваат и живеат на територијата на географската област Македонија.

Дали Бугарите знаат дека Пиринска Македонија е западна Тракија, дека поимот Македонец во Пирин значи етнос, а не географски термин? Очигледно е дека целокупната бугарска историографија, во делот на македонизмот, треба да претрпи длабока ревизија. Тоа би било во интерес и на сегашните и на идните генерации Бугари.

Срам и грев е да живеат во една вештачки наметната заблуда.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.