|
|
Сите бараат некакви промени во Уставот како тоа да е алваџиски тефтер, а не библија на македонскиот народ |
Свекрва Власта повеќе се грижи да ги сочува позициите отколку за сигурноста на населението. По пандемијата со корона вирусот, во овие денови светот се соочува со серизни закани по иднината на човештвото. Покрај војната во Украина, во светот постојат повеќе кризни жаришта кои во секој момент можат да ескалираат. По Кубанската криза во 1962 година, денес повторно се слушаат предупредувања дека е можна употреба на вакво оружје во војната во Украина. Следејќи ги случувањата во светот некои американски компании околу 2017 година започна со продажба на атомско-биолошки засолништа. Така стравот од Путин, Северна Кореја, Иран, како и др., доведе да продажбата на засолништа да стане моќен бизнис. Имено, војната во Украина ја најави уште во 2015 година тогашниот американски државен секретар Џон Кери. Тој тогаш изјави дека: „Ние се обидуваме да ги убедиме луѓето дека ние не се бориме да ја поразиме Русија“, а „Кога станува збор за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други - Грузија, Молдавија, Придњестровје - тие се на линијата на огнот“. Војаната во Украина лесно може да се прошири во државите кои се на линија на огнот. Но и покрај оваа најава, засолништата кај нас и по толку години сеуште се во незавидна положба. Некои се запоставени, некои се издаваат, а пак во зградите каде ги има недостасува најголем дел од опремата. Сегашната власт, како и за време на пандемијата не реагира превентивно и повеќе се грижи како да ги задржи фотељите отколку да обезбеди некаква заштита за населението при евентуален конвенционален конфликт. Имено, набрзо по најавата дека земјата се наоѓа на линија на огнот, Македонија се соочи со ултиматуми и закани од соседите, кои имаат за цел да се изврши ревизија на македонската историја и култура, односно да да урнат темелите на македонската држава. Се бара промени во учебниците, а пак еден екс министер за одбрана на Бугарија се закани дека ќе испрати инжинериски полк за да ги острани плочите на кои пишува дека се фашистички окупатор. Власта во земјата предводена од СДС и ДУИ, под притисок на меѓународната заедница, како и на Бугарија која се однесува како Русија кон Украина, со леснотија прифаќаат речиси се што ќе се побара од нив, надевајќи се дека ќе станат члека на ЕУ до 2030 година. Дури се подготвени повторно да го сменат Уставот и да ги вметнат Бугарите, иако според пописот ги има само 3500. Исто така, од албанските партии во земјата пак се бара да се избрише условот од 20 проценти застапеност на етничката заедница чиј јазик ќе биде во равноправна употреба со македонскиот. Сите бараат некакви промени во Уставот како тоа да е алваџиски тефтер, а не библија на македонскиот народ. Македонскиот народ нема резервна држава. Ако се продолжи со пиши, бриши на Уставот, ќе ја изгуби државата која ја стекна војувајќи со фашистичкиот окупатор за време на Втората светска војна. Било каква понатамошна промена во Уставот направена врз изнесените барања, како и низа други претходно направени активности, носи предуслови државата да исчезне. Ако денес Русија интервенира во Украина, за да ги заштити тамошните Руси и нивните ускратени права, тогаш кој ќе го спречи соседот утре да испрати полк за да ги отстрани плочите за нивното фашистичко минато и да ги заштити правата на нивното „огромно“ малцинство. Дел од оружјето на армијата е донирано, а засолништата посебна приказна. НАТО пак ќе се активира исто толку колку што го спречи конфликтот на Турција и Грција на Кипар и поделбата на островот. Македонија мора да има Устав кој ќе ги штити интересите на македонскиот народ, но и на сите останати заедници цо земјата. Исто така и своја одбрана која ќе го штити од злонамерници, зошто веќе не е истиот свет кој го знаевме до интерванцијата на Русија во Украина. |