|
|
Вака се однесува македонски лидер, македонски војвода! |
Свекрва Христијан Мицкоски:„Денес сме тука да ги поддржиме Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија“. Во неделата во Благоеврад, во присуство на стотина Македонци од сите делови на Македонија и Бугарија, беше отворен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“. На отварањето беа присутни лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки, лидерот на Левица Димитар Апасиев, генералниот секретар на претседателот Миле Бошњаковски, отец Никодим Цaркњас, како и претставници на други македонски партии, дипломати од кариера, унивезитетски професори и др. Ниту претседателот, ниту премиерот на Македонија немаа храброст да присуствуваат на овој свечен чин за Македонците од Поринскиот дел на Македонија. Едноставно како во нив да не тече македонска крв. Сепак лицето на Македонците го осветлија лидерите на ВМРО ДПМНЕ и Левица, како и преставниците на други македонски партии. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето упати „Честитки за отворениот македонски клуб, кој е потврда дека и од оваа страна на границата македонскиот идентитет, народ и јазик се константни. Добро е што застануваме сите обединети, гледам и други политички партии овде, гледам и претставник од кај претседателот на државата. За жал, не можам да видам никој од кабинетот на премиерот, што навистина претставува голем пропуст и понижување на македонскиот народ, но тоа е тоа, тие си знаат зошто тоа го прават и која е нивната цел“, Во присуство на силно полициско обезбедување, македонскиот културен клуб „Никола Вапцеров“ свечено беше отворен и покрај обидите за правокации. Закана за сериозен инцидент можеше да дојде кога македонската делегација на чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се упатуваше кон споменикот на Гоце Делчев. Таа беше пресретната од еден уфрлен провокатор меѓу Македонците кој навредуваше и се закануваше. На тоа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски строго, војводски му порача: „Не ми мавтај со раката“, по што пристутните почнаа да скандираат „Македонија“, Македонија“. Цел на напад беше и лидерот на Левица Апасиев. Бугарската полиција за да спречи посериозен инцидент го острани провокаторот, кој навредуваше и провоцираше, пушташе фашистички маршеви, по што присутните му ја исклучија музиката. Наместо клубот да биде мост на поврзување меѓу двата народи, полициските службеници мораа да ги раздвојуваат двете страни. Од безбедносни причини полицијата не им дозволи на Македонците да положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, бидејќи таму беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“.Така целата јавност имаше можност да види едно антиевропско однесување и тоа од еден бугарски европратеник, политичар кој доаѓа од редовите на ЕПП. И покрај провокациите лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Левица и другите присутни Македонци во кои за разлика од актуелната македонска власт тече македонска крв, достоинствено се однесуваа во Благоевград, поранешна Горна Џумаја, за што добија позитивни коментари од македонскиот народ. Граѓаните преку социјалните мрежи упатија подршка до Христијан Мицкоски и порачаа: вака се сака Македонија!, „Така се сака својот народ каде и да е по светот. Секоја чест“, „Поклон до земја“... Да, Вака се сака сопствениот народ! И да, вака се однесува македонски лидер, македонски војвода! Да живее македонскиот народ! Да живее Македонија! |