|
|
Наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ 2022 за Македонскиот културен клуб во Благоевград |
„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“, Никола Вапцаров, „Реферат“, 1938 Од бесконечна љубов и почит кон мојот македонски народ, во подршка на Македонците кои живеат во Бугарија, во светот и во матичната Република Македонија, во склад со меѓународните човекови права на ОН, за промоција на слободата на самоопределување на сопствениот идентитет, име, историја и култура, и во знак на разбирање и пријателство меѓу различните народи на Балканот, во ЕУ и во светот, ЗГ ЕМАРИ Институт Штип ја доделува наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ за 2022 на првиот Македонски културен клуб во Благоевград, Пиринска Македонија. По четвртти пат наградата се доделува за извонредни постигнувања, настани и личности на годината, спрема мисијата на ЕМАРИ – Штип, EMARI Washington, Arlington: Едукација, морални вредности, академски истражувања, историја на културата. Наградата е меморијална, во чест на мојата ќерка Емилија (1979-2006), Македонка со американско државјанство, од македонски родители, родена во Либија и воспитувана во духот на космополитски, современи и традиционални човекови вредности и доблести. Ако болестите, војните, уништувањата и смртта претставуваат ѕид меѓу потребното и невозможното, постигнатото и одземеното, слободата и тиранијата, ако неодржливото и неразумното креваат нови ѕидови, а рушат постоечки патишта кон мирот, благосостојбата и напредокот на народите и земјите, тогаш највисока чест и должност е да се подржи заложбата на еден народ, македонскиот народ, за признавање на негово постоење и непречен развој во соседните држави со различни народи, како во овој случај со Бугарија. Кога постана граѓанин на САД, на Емилија Кукубајска не и’ се оспори националноста и потеклото од Македонија. Кога се роди во Либија, владата на Гадафи не и’ побара да се откаже од македонското државјанство, а кога беше крстена во Коптската црква на Александрија во Бенгази, македонското потекло не беше оспорено ниту на новороденчето, ниту на нејзините родители, денес универзитетските професори на УКИМ Скопје и УГД Штип, Дончо Донев и Марија Емилија Кукубајска. Наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ изнесува 1.000 долари, мала сума за голема и праведна цел. Последните три години беше доделена за високи академски постигнувања на апсолвенти по медицински науки, денес докторите Стефан Коцев и Александар Лонгуров, Универзитет Гоце Делчев – Штип, https://youtu.be/cm_o5PsW5SY за оригинални толкувања на ковид пандемијата на проф. д-р Вело Марковски, Универзитет Гоце Делчев – Штип, https://youtu.be/lki5SYmU2N4 и за неоспорни археолошки докази за Античка Македонија, на проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, Универзитет Кирил и Методиј, Скопје https://youtu.be/0ev0vHZVq4U. Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, претседател, ЗГ ЕМАРИ Институт, Штип |