Петок, 04 Ноември 2022   
Киро Кипроски : за моралот и етиката, некогаш и сега

Kire Киро Кипроски

Во индустриската кланица „Горни Полог“ во Гостивар, во март пред многу децении, сѐ беше подредено успешно и навреме да се заврши таканаречениот пролетен извозен шпиц на јагнешко месо во Италија, Грција и Хрватска, а домашниот пазар редовно да се снабдува со сите видови свежо месо. Во канцеларијата на комерцијалниот директор Саќип Османи, првенец во трговијата со жива стока на Балканот, влезе возбуден касап и ни го прекина разговорот…

Управниот суд на Македонија неодамна го поништи Решението на Министерството за правда за забрана на употребата на терминот „Македонија“ на територијата на земјава при регистрација на правни субјекти. Пред околу две години, група граѓани од Гевгелија, организирани во здружението „Млади за Македонија“, преку претставникот на иницијативниот одбор Димитар Џундев, поднесоа тужба до Управниот суд против Решението за забрана на употребата на терминот „Македонија“, кое го донесе Министерството за правда, потпишано од Бојан Маричиќ, бивш министер за правда, сегашен потпретседател на Владата на Република Македонија и министер за евроинтеграции. Актуелниот министер за правда Никола Тупанчески, во предвидениот законски рок донесе решение со кое се дозволува употребата на терминот „Македонија“.

Оваа епизода од нашата секојдневна политичка сцена разбуди реминисценции на еден локален настан од пред четири децении, на кој лично присуствував.

Неповиканиот настан од моите сеќавања бликна, веројатно силно мотивиран од надворешната дразба на гореспоменатата случка поврзана со името Македонија, а колумнава што ја напишав сама излезе од длабоките дамари на моите сеќавања и, сѐ уште свежа и вистинита, се преточи на парчето хартија пред мене. Сепак, битието на избликот од мене, односно на колумнава во продолжение, се моралот и етиката. А тоа нималку не е мала работа. Или барем беше огромна, во моето време…

Дали секој од нас ги поседува моралноста и етичноста или не? Ова најмногу се однесува на нашите политичари и на лицата што се наоѓаат на високи државни функции, министри, заменици, државни секретари, разни раководители, директори на јавни претпријатија, институции итн.

Во индустриската кланица „Горни Полог“ во Гостивар, во март пред многу децении, сѐ беше подредено успешно и навреме да се заврши таканаречениот пролетен извозен шпиц на јагнешко месо во Италија, Грција и Хрватска, а домашниот пазар редовно да се снабдува со сите видови свежо месо. Во канцеларијата на комерцијалниот директор Саќип Османи, првенец во трговијата со жива стока на Балканот, влезе возбуден касап и ни го прекина разговорот: „Директоре, дојдов со молба да ми дозволите спогодбено да го раскинам работниот договор. Задоволен сум од вашиот коректен однос, од целото раководство на кланицата и од колегите, сам сум виновен што барам раскинување на договорот и да заминам“.

Директорот го прашува: „Зошто ја донесе одлуката? Пред десет дена во канцеларијава ме молеше да не ти изречам дисциплинска мерка отказ од работа, бидејќи единствено ти во семејството работиш, ќе останете гладни и боси. Ти си вреден касап, задоволни сме од работата и од дисциплината, сме немале проблеми“.

Касапот со насолзени очи, со испрекинато говорење, одговори: „Директоре, не можам да останам, не можам да се помирам со тоа што го направив, не сум свесен како и зошто го украдов јагнето. Жив бев фатен од обезбедувањето и сега црвенам пред вас и пред колегите“.

Добро, било и поминало, да заборавиме, продолжи да работиш и, како што вети, повеќе да не крадеш“, директорот го убедуваше касапот да се премисли и да остане на работа. „Не, не, директоре, одлуката е дефинитивна, не ја менувам, ја донесов со душа, посилна е од се!“

„Објасни што е толку посилно од тоа да останеш на улица, без работа.“

„Јас сум Ром, чесен сум, моралот и етиката ме прогонуваат, не ми оставаат мир во душата, ме опоменуваат за иднината и на моите деца! Откако ми се случи тоа, кога минувам низ погоните, во дворот, слушам како ми викаат колегите ’бе…бе…бе…’. Нервите ми се на крај, може да ми се случи од бес да заколам некого ни крив ни должен, ќе одам затвор, ќе ми биде уште потешко. Но најтешко ќе ми биде кога на моите децата ќе им стават прекар ’бееее’, никогаш не ќе можам да си го простам тоа“, се поздрави со директорот и ја напушти канцеларијата. Искрената душа и чесноста на касапот нѐ трогнаа директорот и мене на размислување.

Одамна заборавивме на моралот и етиката, што е тоа во нашето македонско демократско општество, се води натпревар кој повеќе ќе украде, со различни малверзации и фалсификати да се избегнуваат давачките на државата, а уцените, митото и корупцијата се толку раширени што не можат да се набројат, полесно можат да се кажат институциите каде што ги нема негативните појави. Ерозијата на моралот ги има зафатено сите пори на општеството, јавноста не верува дека ќе се зауздат митото, корупцијата, малверзациите, местењата на милионски тендери итн.

Заклучоков е црн песимизам и тешко може да се смени. Поткрепа на ова е мислата што ја кажал некој мудрец: „Водата што ќе се излее од коритото, тешко може да се врати“.

Владата што ја плаќа народот да ја штити и унапредува државата, да се грижи за просперитетот, за подобрување на стандардот, на економскиот развој, таа на граѓаните им забранува да го употребуваат името „Македонија“. Има надеж за Република Македонија, затоа што во една надлежна институција, Управниот суд, судиите иако биле под силен притисок на раководителката на правниот сектор во Министерството за правда, постапија по Уставот и ја донесоа единствената праведна пресуда.

По таквиот развој на настаните, кај добар дел од јавноста се очекуваше реакција на министерот Бојан Маричиќ. Во коментарите во јавноста, особено на социјалните мрежи, се очекуваше кај него да проработат моралот и етиката и да поднесе оставка, но нема ниту најава за такво нешто.

Кај нас оставката и натаму останува мислена именка.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.