Среда, 16 Ноември 2022   
Македонија на раскрсница!

1 Свекрва

Врз Македонија се врши голем притисок за промена на Уставот.

Од една страна Софија бара Бугарите да влезат во Уставот, а од друга страна Албанците бараат да се исфрли делот од Уставот дека албанскиот јазик се користи во општините каде има 20 проценти од албанската националност и бараат нивниот мајчин јазик да добие равноправен статус со македонскиот. Според т.н. Француски предлог влегувањето на Бугарите во Уставот е услов за започнување на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Но, против промена на Уставот се изјасни лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и др..

Имено, поради непризнавањето на Македонците и македонскиот јазик, како и неискрената политика на Софија, покрај признавање на македонското малцинство во Бугарија, македонската опозиција бара и гаранции од ЕУ дека тоа би било последно барање од Софија, чие раководство провоцира со поддршка на бугарските културни клубови во земјата кои носат имиња на приврзаници на фашизмот и злочиначката политика над македонскиот народ за време на Втората светска војна. 

Во неможност да го обезбедат потребното мнозинстви во Собранието за промена на Уставот и во неможност да го испорачаат договореното со т.н. Француски предлог, бидејќи недостасуваат осум пратеници, неспособната влада предводена од СДС и ДУИ  врши голем притисок врз пратениците на опозицијата и креира несигурност во јавноста.

Во последно време, во неколку наврати, поради анонимни дојави за поставени бомби е прекината наставата во повеќе средни училишта во Скопје. Иако поминаа повеќе денови, власта предводена од СДС и ДУИ сеуште не успеа да открие кој тоа стои зад лажните заканувачки пораки. Истовремено како под команда повторно се бележат тепачки по автобусите на градскиот автобуски превоз, на линии кои можат да добијат несакан тек на меѓиетничло заострување.

Албански медиум од соседството известува и за тепачки меѓу навивачките групи на фудбалските клубови како тапачки во „Илирида“, а не како тепачки на навивачките групи во македонската фудбалска лига. Како некој да сака да не предупреди што ќе следи ако не се прифатат погоре поставените барања на Западот кои треба да го трасираат патот на видоизменета Македонија кон ЕУ!

Од своето осамостојување Македонија и македонскиот народ постојано е изложена на барања од соседите. И покрај послушноста кон „Западот“, Макединија за цело време беше приморана на остапки. Поради оспорувањето на Грција, Македонија го смени знамето, ја прифати референцата ФИРОМ и на крај за да влезе во НАТО го смени и името.

Иако Македонија го поддржа НАТО за врене на агресијата врз СР Југославија во 1999 година и прими на своја територија над 360.000 албански бегалци од Косово и Метохија. Македонија за награда доби воен конфликт со албанските сепаратисти. Тогаш Западот не ја награди Македонија со поддршка за одбрана на суверенитетот, туку ги подржа албанските т.н. „борци за човекови права“, кои и ден денес се наоѓаат во власта во земјата.

Иако со Охридскиот договор се промени и Уставот, а Албанците добија, многу поголеми права, нивните барања како да немаат крај.  Албанците во земјата успееја да ги зголемат своите права со помош на Зоран Заев кој за да дојде на власт во 2017 година ја прифати Тиранската платформа.  Повторно и во овој случај Западот се замеша на страна на Албанците.

Спремноста за компромиси на Зоран Заев за свои интереси ја доведе Македонија во 2018 година да го смени името во спорот со Грција и да се откаже од античката историја на Македонија. Ова спремност за виткање на кичмата ја продолжи наследникот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски кој е спремен без поговор да ги внесе Бугарите во Уставот, како и другите барања на Софија и албанските партии од Македонија, ја доведе земјата до раскрсница - да ја биде или не!!!? .

Кога земјата ја води најнеспособната власт од осамостојувањето до денес, кога нема здрава институција да се спротистави на разградувањето на државата, редно е како решение да се бара од опозицијата и прифати од власта предвремени парламентарби избори. Само така Македонија може да излезе од кризата, Само така може да излезе на прав пат, на пат кон ЕУ, каде влезот треба да се базира на европски а не на национални прашања.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.