Среда, 16 Ноември 2022   
ЗА ИСТОРИСКИТЕ НАСЛЕДСТВА И МАКЕДОНСКОТО /НЕ/ЕДИНСТВО

1martin1

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ = 189)

Ako ВМРО-ДПМНЕ не се огради од Ванчо Михајлов, дали со тоа го доведува во прашање нејзиното дејствување како политички субјект, особено по измените на Законот за политички партии?

   Во недостаток на вистински теми со коишто би одговориле на оптужбите на ВМРО-ДПМНЕ за незапамтената корупција и злоупотроби на секое поле што ги прави власта во секоја прилика и Димитар Ковачевски, интрониран на функцијата сегашен премиер - во манирот на династијата Ким Ил Сунг, од патронот од Муртино, тие го лансираа ставот: "ВМРО-ДПМНЕ да се огради од Ванчо Михајлов, или го доведува во прашање сопственото дејствување како политички субјект"!?

   Овој став власта го гради од изјавата на Христијан Мицкоски дека "партијата ќе го задржи континуитетот со историското ВМРО, што според власта, би требало да се свати - демек, дека:  Партијата (ВМРО-ДПМНЕ) се идентификува и со дејствувањето на некогашниот лидер, антимакедонистот и соработник на фашистите Ванчо Михајлов, без разлика што ВМРО-ДПМНЕ многу јасно се изјасни дека не се согласува се неговите политикии постапки!!!

   Искрено ми е жал што ние во Македонија не изградивме атмосфера на меѓусебна толеранција и цивилизирана размена на ставови со аргументи, туку позицијата ја гледа опозицијата како низ снајпер, а од друга страна во секоја пригода апелира на сплотување, единство и соработка     Па господо од власта, да ве порашам: КАКО ЗАМИСЛУВАТЕ ДА ГИ ОСТВАРИМЕ ТИЕ ЗАЛОЖБИ? Како??? Со когодошлак и невистини што катадневно ги лиферувате во јавноста???

   Постојат во светската пракса безброј случаи слични, па дури можеби и идентични како проблемов што во папагалски манир го повторува позицијата катадневно?

   Еве, да посочам неколку конкретни примери.

Пример бр. 1. Војводата од Виндзор, подоцна кралот Едвард VIII (кој абдицираше заради љубовницата Волис Симпсон), важеше за голем почитувач на Адолф Хитлер и нацизмот, а фирерот му приредуваше највисоки почести при неговите посети на нацистичка Германија. Споменатиот лорд а подоцна и Британски крал беше деградиран по абдикацијата и одстранет од секакво влијание во британската политика (го пратија за генерален гувернер на Бермудите), но тој сепак е дел од Британската историја од XX вел, секако како негативна личност!

  Пример бр. 2. Францускиот маршал Филип Петен потпиша воен пакт со нацистичка Германија и практично стапи во сојуз со Адолф Хитлер ставајки го сето оружје и воени капацитети на Франција во служба на Третиот рајх. Петен е Француз и дел од француската историја на XX-oт век, но се третира и ќе биде запамтен како предавник и негативец во колективната историја на французите.

   Пример бр. 3. Сите го знаеме поимот "квислинг", што е глобален синомник за предавник и негативец. Тој поим произлегува од Норвешкиот политичар Видкун Квислинг кој потклекна под притисоците на Хитлер и потпиша пакт за соработка со нацистите. Квислинг е несомнено дел од колективната меморија на норвежаните, но како предавник на својот народ и крајно негативна личност.

   Мислам дека од овие примери и многу други може да се извлече заклучок и за местото и негативната улога на Иван Ванчо Михајлов во современата македонска историја од XX-от век, па и од еден период од минатото на политичката партија ВМРО -ДПМНЕ. Тој е неспорен дел од тоа минато (роден во Ново Село, Штипско), а според повеќедецинската антимакедонска дејност како крајно негативна личност; непосреден егзекутор на стотици македонски патриоти и непоправливо посветен на бугарштината (кога престојував во Торонто, од извори во дијаспората чув дека и македонска УДБА организирала средва на висок нејзин функционер со Михајлов во Рим, за да го убедува - барем пред неговата смрт да се изјасни како Македонец, но тој одбил и до последен здив останал со пробугарско убедување!?).

   После изнесениве примери мислам дека се бесмислени оптужбите на власта преку сооштенија и изјави на високи функционери за невистините што и го припишува власта  на Партијата (ВМРО-ДПМНЕ) и нејзиниот став за местото и улогата на Ванчо Михајлов, ако сакаме конечн, навистина, и најодговорно заеднички да работиме на сплотување и национално единство за интересите на Македонија и нејзиниот народ!!!

   Во спртотивно - не знам каде ќе ни биде крајот!? А нашите непријатели дома и однадвор упорно и на долги патеки работат на ништење на македонската нација. Во тоа бидете сигурни!!!

Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешем министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.